Македонски легенди

Димитар Тодев

Dimitar Todev

Dimitar Todev

Димитар Лазаров Тодев (16. VI 1873 – 16. III 1952) e македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење и деец на Македонската револуционерна организација. Познат како Минѓо или Минџо Тодев, бил учесник во аферата Мис Стоун, Илинденското востание, Првата балканска војна и Првата светска војна. За време на Илинденското востание 1903г. заедно со Костадин Молеров и Антон Шипков бил во Горскиот штаб, кој ги раководел воените дејства во Разлошко.

Димитар Тодев е роден на 16 јуни 1873 година во разлошкото село Банско, во трговско семејство. Потекнува од патриотско семејство, од големиот бански род на Тодеви. Неговиот татко Лазар Николов Тодев по Руско-турската војна, учествувал во Македонското (кресненско) востание (1878 – 1879 година).

Димитар Тодев прво се образува во родното место, а потоа завршува V класа на машката гимназија во Солун, каде што соученик му бил Гоце Делчев. Од есента 1891 година тој учителствува една година во своето родно село, а потоа бил ангажиран во трговијата со дрва.

Во 1896 година Делчев станува главен учител во Банско и формира револуционерен комитет.  Тодев кој влегува во Македонската револуционерна организација, бил поставен за прв претседател на револуционерен комитет и раководи  со Разлошкиот околиски комитет. На оваа позиција останал до 1903 година.

Во 1901 година, Тодев учествувал во аферата Мис Стоун. За вмешаност во аферата тој е уапсен од страна на властите и сурово мачен. По ослободувањето, тој заминал во Бугарија, а во Македонија се вратил во предвечерието на Илинденското востание.

Во јули 1903 година, Тодев се вратил во Банско. Во овој период во Разлошко биле преземени најобемните подготовки за востанието. По Серскиот окружен конгрес, тука бил одржан Околиски конгрес на кој имало делегати од Банско, Мехомија и од селата Бачево, Годлево, Добриниште, Белица, Јакоруда, Бања, Елешница, Горно и Долно Драглиште и други.  Тогаш Разлошко располагало со значајни чети и војводи. Тука биле: Борис Голев, Родон Тодев, Тасе Фурнаџиев, Костадин Колчагов, Саве Мехомиски, Милош Колчагов, Симеон Молеров, Георги Галев, Јонко Вапцаров, Костадин Молеров и Димитар Лазаров Тодев – Минѓов.

Димитар Тодев бил делегат од Разлошко регион на конгресот на Серскиот револуционерен округ, на кој е изработен план за востаничките дејства. За време на Илинденското востание, во текот на летото на 1903 година, заедно со Костадин Молеров и Антон Шипков бил во горскиот штаб, кој ги раководел воените дејства во Разлошко.

На чело на голема чета Тодев се борел со Турците во месноста Суходол крај Банско. По поразот на востанието, тој се повлекол во Бугарија.

Димитар Лазарев Тодев зел учество во Првата балканска војна во 1912 година. Тој се борел како доброволец во чета на 3 Солунска дружина на Македонско-одринското ополчение. За покажаната храброст тој е носител на крстот “За храброст” IV степен.

Исто така, тој учествувал и во Првата светска војна.

По војните Тодев живее во Пазарџик, а од 1924 година во Софија, каде се занимава со трговија.

Димитар Тодев починал на 16 март 1952 година во Софија.

Најново од: Македонски легенди

Тома Прошев

Тома Прошев е роден на 10 ноември 1931 година во Скопје, а починал на 12 септември 1996 година на хрватскиот остров Зларин. Тома Прошев е Македонски композитор, диригент и музиколог, еден од најистакнатите автори на македонската современа музика и меѓу првите композитори што внеле нов звук во македонското музичко творештво. Гимназија завршил во родниот град. […]

Никола Беровски – големиот учител на Македонците во Албанија

Никола Беровски е роден во 1923 година во Битола, а починал во 1993 година во Тирана, Албанија. Има луѓе чие дело продолжува да живее во генерациите што ги описмениле, во книгите што ги оставиле и во јазикот што помогнале да се зачува. Меѓу нив е Никола Беровски, македонскиот учител, учебникар и преведувач кој својот работен […]

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

To top