
ЗА ИЛИНДЕН
Автор: Гордана Димовска
И ете дојде ден на радост
Празник голем славиме
За историја зборуваме
Историја паметиме
На борците се поклонуваме.
Учиме за Гоце, Јане, Питу и Карев
За големи имиња важни
Не заборавајте деца,
Тоа се имиња на херои славни.
И ене
Погледај горе во синото небо
прелетува птица бела
Со порака да се чува и брани
Македонија цела.
Сончев зрак падна на споменик стамен,
Силно го огреа и Мечкин камен.
Сведокот на нерамни борби
На втори Август, 1903 та.
Историја паметиме
На борците се поклонуваме.
Илинден го славиме.
Еј Македонијо земјо света
Земјо прекрасна и мила
Земја херојска си била.