Фељтон

Александар Македонски (58)

am58-1

am58-1

ОСВРТ КОН ЖИВОТОТ И ДЕЛОТО НА ГОЛЕМИОТ АЛЕКСАНДА III МАКЕДОНСКИ

Во наредните продолженија ќе се обидеме преку порталот „Македонска нација“ да го претставиме делото како Прилог на романот „Александар Македонски“ од германскиот научник Урлих Вилкен (Ulrich Wilcken – ALEXANDER THE GREAT), преведен и прилагоден од англиски на македонски како „Александар Македонски“  од авторот на овие редови, Славе Николовски-Катин, а во издание на Издавачката куќа „Мисла“ од Скопје, во 1988 година. Преводот на романот „Александат Македонски“ беше прво дело за Античка Македонија во Република Македонија на македонски јазик и беше добро прифатен пред триесетина години.

Во него се вели дека кога Александар почина, имаше неполни триесет и три години. Беше занесен од големата младешка сила, како и неговиот прадедо и модел Ахил. Немаше наполнето тринаесет години од неговото владеење. Една ретроспектива на неговото гигантско животно дело пред нас донесува една личност со сосем редок ген, извонредна мешавина на демонска страст и трезвена чистина на духот.

Во овој човек со железна волја за акција, кој беше реалист во политиката, ако тоа некогаш некој бил, под површината лежеше еден нерационален елемент: на пример, неговиот копнеж за неоткриеното и мистериозното, кој беше споен со неговата желба за освојување и со неговото одушевување од научното откритие, го доведе до границите на тогаш познатиот свет.

Меѓу овие причини, кои се без рационална основа, беше неговата цврста верба во потеклото од Херакле и Ахил, што му влеа силен нагон и моќ. Co својата едноставна побожност, која не беше поткопана со филозофски скептицизам, тој беше просто убеден дека беше под посебна заштита на боговите и затоа веруваше во својата мисија. Така, во брилијантен литературен напис „Древната војничка способност”‘ се вели:

„Смислата на божествената положба е карактеристична за одржувањето на големите луѓе во античко време”; тоа е точно најмногу со примерот на Александар. Според тоа, во решението на пророштвото за себе како син на Амон, тој најде потврда на божествената енергија што ја чувствуваше во себе и затоа подоцна бараше да му се даваат големи божествени почести од Античките Грци. Тој цврсто веруваше во својата мисија и таа му влеваше апсолутна доверба за победа, без која неговите желби и акции би биле нејасни. Натприродното во неговиот темперамент му овозможи исто така контрола над луѓето“.

am58-2

Генералот и државникот се споени нераскинливо во Александар. Како генерал Александар беше извршител на својата желба. Како генерал е полесно да се сфати, бидејќи имаше завршени дејства, додека задачите како државник беа се’ уште во тек на еволуција кога почина. Александар е тип на кралски генерал кој имаше неограничена контрола над воените материјали и апаратот на својата земја и сам беше одговорен пред себе.

Тој немаше тешкотија да се одржи наспроти стравот, како што сакаше атинската демократија и не требаше да се заштитува себеси. Уште повеќе како хегемон на Коринтската лига, тој беше надвор од каков и да е војнички критицизам на Федералниот совет. Понатаму, имаше добра иднина, бидејќи ја наследи најдобрата војска на светот во тоа време, заедно со испробаните офицери, а беше поттикнат во вештината на војувањето од неговиот татко, кој беше голем генерал.

Овие среќни услови му ја олеснија работата да се развива како воен гениј, но важно беше што оваа генијалност беше вродена во него. Сосем е непотребно да се повторува современиот обид, добриот глас за неговите воени постигнувања да се пренесува на Парменион и да се оспорува неговата лична стратешка слава. Воените експерти во древно и модерно време се сложуваат дека Александар како генерал беше толку голем гениј како никој друг во историјата.

Како тактичар го видовме кога се бореше и победуваше на трите битки, на Граник, Ис и Гавгамела, со таканаречената коса борбена формација што ја разви неговиот татко Филип Македонски. Но тактичката идеја беше едноставна само за него. Нејзиното детално извршување од страна на Александар варираше според особеностите на земјиштето и на непријателот. Тој најмногу ја разви во опасната ситуација кај Гавгамела. Тука дојде на идеја за втора борбена линија со можна четвртеста формација.

Сосема различно беше поставувањето на проблемите што мораше да ги реши во многу разновидната герилска војна во Источен Иран. Таму имаше брилијантна демонстрација на независноста од традицијата на неговиот татко во операциите на брзите единици и нивното адаптирање на разновидниот начин на војување со новиот непријател. Во жестоките војувања во планинскиот регион северно од Кабул, а особено во освојувањето на Аорнос, Александар ја покажа сета своја величина. Неговата генијалност можеби најдобро може да се види во последната борба на бојното поле кај Хидасп, кога се сретна со сосема нов проблем, односно со многуте слонови на Порус.

am58-3
Битка на Александар

Неговиот стратешки гениј се виде уште во почетокот на реализацијата на планот за азискоатичкиот поход, според кој, за сметка на тешката ситуација во Античка Грција, тој реши со својата копнена војска прво да ги освои медитеранските морски брегови на Персиската империја, со цел да ја елиминира супериорната персиска флота. Се виде со каква упорност и наспроти сите искушенија како го исполни тој план, се’ до освојувањето на Египет, и како всушност стана господар на морето.

Кога ја поведе својата војска во внатрешноста на Азија, се соочи со нови проблеми. До реката Еуфрат со нападот на десетте илјади беше исчистен просторот, а Ксенофон по него го приближи античкиот грчкиот свет на Исток. Она што беше зад реката Еуфрат беше сосем непозната земја. Така, тоа беа мистериозни растојанија каде што Александар ја поведе војската, совладувајќи ги сите природни пречки, преку снежната планина Хинду-Куш и преку широките реки, а на крајот низ Пенџаб до Хифас, каде што моралот на единиците опадна и тој се врати назад.

Меѓутоа, во неговите патувања немаше никаков авантуризам. Од една страна, секогаш и од почетокот се обидуваше да добие однапред информации за туѓата земја што сакаше да ја освои, се грижеше колку беше можно повеќе да биде известен од своите шпиони за политичките, воените и месните услови, а како резултат на тоа влегуваше во сојузништво со одделни владетели преку вешта дипломатија, како пред индискиот поход, или испраќаше истражувачи кои испитуваа, како пред арапската експедиција.

Од друга страна, пак, Александар никогаш не напредуваше без да ја заштити заднината. Походот кон Дунав и казнениот однос кон Теба можат да се сметаат како предупредување преземено за да ја заштити заднината за азискоатичкиот поход. Кога потоа го изврши првото освојување во Азија, веднаш започна да ги заштитува освоените територии од воен аспект и да обезбедува мир и ред со административни мерки.

Подоцна, кога навлезе во срцето на Азија и во повеќе оддалечени земји, го следеше истиот принцип и така, и покрај големата оддалеченост, никогаш не ја загуби врската со својот дом. Само еднаш кај Ис, поради необичноста на настаните, беше отсечен од својата база на операциите, но сепак за неколку часа се проби надвор од опасната ситуација. Неговиот систематски метод го докажува и тоа што одреди на неговата војска од Античка Македонија и Античка Грција постојано доаѓаа на Далечниот Исток според неговите директиви.

am58-4

Тоа единствено беше можно, бидејќи тој промислено и највнимателно изгради систем за наредните етапи. Без вакви мерки не ќе можеа да се постигнат неговиот успех и триумф на толкави далечини, на што сегашните воени експерти се одушевуваат повеќе отколку на неговите битки.

За несреќа, нашите информации за неговиот етапен систем се исклучително оскудни, бидејќи древните извори очевидно не знаеја ништо за тоа. Затоа повеќе мора да се претпостават отколку да се опишат патиштата на војската. Од многуте воени и административни мерки што ги преземаше на освоените територии, може да се претпостави дека повеќето служеле за привремените и постојаните потреби на војската. Од 330 година па наваму Екбатана може да се смета како централно место на овој систем. Тоа беше таму каде што го остави Парменион со силната војска и со кралското богатство. Природно, тој исто така согледа дека треба да се изградат депоа за храна, а понекогаш се споменуваат и магацини на воените патишта.

Продолжува

katin
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top