Култура и туризам

ДА СИ ВЕЧНА ЗЕМЈО МОЈА

ПРОМОЦИЈА НА ЕТНО ЗАПИС – „ДА СИ ВЕЧНА ЗЕМЈО МОЈА”
„ДА СИ ВЕЧНА ЗЕМЈО МОЈА” е прв видеозапис на Трио Кладенец. Убавина од дар недогледна за очи и душа. Промоцијата беше одржана вчера, во Духовно – културниот центар ,,Кирил Пејчиновиќ ” во Лешочкиот манастир. Во присуство на голем број љубители на етно музиката, пријатели, колеги, соработници беше промовирана и споделена несекојдневна убавина од дело. Дело кое само по себе говори за млади од тетовско што со голема љубов го негуваат традиционалното изворно пеење.

Изведувачи на видеозаписот ,, ДА СИ ВЕЧНА ЗЕМЈО МОЈА ” се : Трио Кладенец Вокални солисти- Сашо Костадиновски ,Бобан Трпковски,Мирослав Симјановски. Артисти – Иван Божиновски и Група Сербез Музика и аранжман – Јован Василевски Текст- Мирослав Гавровски Традиционални инструменти – Горанчо Ангелов Продуцент: Ѓорѓе Богдановски Директор на фотографија : Ненад Велковски РЕД ЦЕНТРАЛ ПРОДУКЦИЈА Промоцијата на видеозаписот ,,ДА СИ ВЕЧНА ЗЕМЈО МОЈА” беше збогатена со настапот на маестро Зоран Џорлев,истакнат македонски виолинист, и уметник кој ја негува етно музиката и ја продолжува традицијата. Уникатните дела на уметник Снежана Лазарова – Луна, дела изработени по сцени од видеозаписот, во техника бел ориз и црно семе синапово беа бележит украс на промоцијата.

Присутните уживаа во несекојдневната промоција на уникатниот видеозапис кој несомнено им понуди многу емоции. Авторите на видеозаписот, како што ветија, ќе продолжат да ја негуваат традицијата и да создаваат нови етно музички дела, и радост, и дар за Македонската нација.
Билјана Ѓ. Гаврилова

Најново од: Култура и туризам

Неолитска култура на Централниот Балкан и на Егејот

Во Тесалија, под името Сескло или прото-сескло, културата по локалитетот покрај Volos, потоа уште Pirosasos, па Ahilon, Agrissa, Otzaki, Sufli и Tsani култури. Следат културите: Elatia во Фокида, Heronea во Беотија, Nea Makri во Атика, Корин, Спарта и Лерна на Пелопонез, Knos и Kato лерапетра на Крит, Amorgos, Lemnos итн. на егејските острови. Археолошките наоди […]

Асеманово евангелие е средновековен македонски книжевен споменик

На фотографијата се гледаат два столба со глаголски текст и големи црвени иницијали. Страницата е дело на калиграфот Георги Гоце Дуртаноски, кој со својот препис го доближува до денешниот читател изгледот на еден од најстарите зачувани словенски ракописи – Асемановото евангелие. Глаголски ракопис од X–XI век Асемановото евангелие е напишано на старословенски јазик со обла […]

„Св. Преображение“ во Зрзе – од пештерните испосници до средновековниот иконопис

На врвот на бигорната карпа западно од прилепското село Зрзе се издига манастирската црква „Св. Преображение“. Под неа, по падините на карпата, се зачувани остатоци од монашка населба чии почетоци археолозите ги датираат кон крајот на IX век. Кога во XIV век била подигната црквата на горното плато, во пештерите под неа веќе со векови […]

Ангелот од Курбиново и загатката за непознатиот ктитор

Опис од приложената фотографија: Западната фасада на црквата „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново, Преспа. На падините над Преспанското Езеро, кај селото Курбиново, стои еднокорабната црква „Свети Ѓорѓи“. Зад нејзината едноставна камена фасада е зачуван еден од највпечатливите фрескоживописи од крајот на XII век. Меѓу насликаните ликови, погледот најдолго се задржува на архангелот Гаврил. Наборите на неговата […]

Манастирот „Св. Рожденство на Пресвета Богородица“ во Согле

На околу три километри од селото Согле, во шумскиот предел на Азот, се наоѓа манастирот „Св. Рождество на Пресвета Богородица“. Комплексот е на територијата на Општина Чашка, на околу 30 километри југозападно од Велес. Од селото до манастирот води земјен пат. Манастир изграден со помош на околните села За почетоците на манастирот има малку пишани […]

Марко Цепенков – човекот што го зачува македонското народно богатство од заборав

На 7 ноември 1829 година е роден Марко Цепенков, еден од најзначајните македонски собирачи на народни умотворби, писатели и етнографи. Со својата долгогодишна и посветена работа оставил непроценливо наследство за македонската култура, јазик и народна традиција. Неговата собирачка дејност започнала во 1856–1857 година, поттикната од учителот и преродбеник Димитар Миладинов. Средбата со Миладинов му дала […]

Стенчевска тврдина и Тумба: богато археолошко наследство во Полог

Колаж од археолошки цртежи на монети, накит и други предмети пронајдени во Стенчевската тврдина.   Над селото Стенче се издигаат остатоците од стар утврден град, а во неговата околина се наоѓа неолитска населба чии почетоци се поврзуваат со животот на овој простор пред околу 8.000 години. Заедно, овие локалитети сведочат за богатото културно и историско […]

Ланга и Голо Брдо – камени кули, планински предели и културно наследство што заслужува да се открие

Камените куќи на Ланга, природните убавини на нејзината околина и богатата традиција на Голо Брдо во кое културата и природата се доживуваат заедно. Ланга, на албански Llangë, административно припаѓа на единицата Стеблево во општина Либражд. Селото привлекува внимание со својата положба меѓу шумите и карпестите падини, но особено со впечатливите камени градби што му даваат […]

To top