Македонски легенди

Арсо Пандурски

1

1Арсо Пандурски

Арсо Пандурски – Кочо (11. VII 1912 – 29. I 1944) е македонски револуционер, припадник на националноослободителното и комунистичкото движење во Пиринскиот дел на Македонија. Соработувал со Никола Вапцаров и со членовите на Македонскиот литературен кружок. Бил член на Окружниот комитет, заменик на Никола Парапунов по воена линија (1941– 1944) и бил командант на Горноџумајскиот партизански одред „Никола Калапчиев“. Загинал во борба против бугарската војска, полиција и контрачета.

Арсо Пандурски  е роден на 11 јули 1912 година во Горноџумајското село Бучино, Пиринскиот дел на Македонија. Неговиот татко бил деец на Македонската револуционерна организација и соработник на Јане Сандански. Уште како ученик на Горноџумајската гимназија (Благоевград), Арсо бил активен член на Работничкиот младински сојуз (РМС) и градел организации на РМС во селата на десниот брег на Струма. Во периодот од 1935 до 1937 година бил работник на железничката линија Дупница – Горна Џумаја и во водниот синдикат во Бело поле, каде што организирал успешен штрајк.

Во 1939 година Пандурски станал студент на Високата трговска школа во Свиштов, а следната година бил префрлен во Државното високо училиште за финансиски и административни науки во Софија. Таму станал член на Бугарскиот општ народен студентски сојуз, а од 1941 година и  член на Бугарската комунистичка партија.

Во меѓувреме, во периодот од 1938–1942 година, Арсо соработувал со Никола Вапцаров и со членовите на Македонскиот литературен кружок во Софија. Тој е технички соработник на Централната воена комисија во ЦК на БРП (к) и ја одржува врската со Горноџумајската окружна организација на БРП (к).

На 18 февруари 1942 година, Арсо Пандурски бил уапсен од страна на полицијата во Софија. На 5 мај 1942 година, при неговиот трансфер од Софија во Горна Џумаја, тој успеал да избега и станал партизан во Горноџумајско партизанска чета. Судот во негово отсуство му пресудил смртна казна. Во март 1943 година, тој ја добил и втора смртна казна.

Арсо Пандурски бил член на Окружниот комитет, заменик на Никола Парапунов по воена линија (1941– 1944). Од пролетта 1943 година тој го води Воениот оддел на Окружниот комитет на БКП во Горна Џумаја и е заменик-командант на Четвртата Горноџумајска востаничка оперативна зона и е командант на Горноџумајскиот партизански одред „Никола Калапчиев“..

Заради масовизирање на партизанското движење и за поврзување со партизаните од Вардарскиот дел на Македонија, Арсо Пандурски со половина од Одредот заминал кон крајот на 1943 година и почетокот на 1944 година на десната страна на реката Струма.

Арсо Пандурски – Кочо загинал во борба против бугарската војска, полиција и контрачета на 29 јануари 1944 година кај селото Лисија, Горноџумајско.

(извор: МЕ, Скопје, 2009)

Најново од: Македонски легенди

Ибе Паликуќа – една од најмладите народни хероини од Македонија

Ибе Паликуќа (Дебар, 1927 – Шутово, Кичевско, 22 септември 1944) била учесничка во Народноослободителната војна во Македонија и една од најмладите жени од Македонија прогласени за народни херои на Југославија. Како борец и политички активист, својот живот го загубила на само 17-годишна возраст. Ибе Паликуќа е родена во 1927 година во Дебар, во албанско семејство. […]

Христофор Жефарович – првиот македонски хералдичар

Христофор Жефарович (околу 1690 – 18 септември 1753) бил зограф, иконописец, бакрорезец, калиграф, калуѓер, трговец и печатар од Македонија. Се смета за прв македонски хералдичар и еден од најбараните уметници на просторот од Солун до Пешта во XVIII век. Во 1741 година во Виена ја објавил книгата „Стематографија“, во која се претставени грбовите на повеќе […]

„Македонија ќе биде слободна!“ – Александар Турунџев (1872–1905)

Александар Турунџев е роден во 1872 година во селото Горно Врбени, Леринско, а се самоубил 30 август 1905 година во Битола. Македонски револуционер, илинденец и војвода, тој останал запаметен како еден од симболите на непокорот и саможртвата во борбата за слободна Македонија. „Македонија ќе биде слободна!“ –тоа биле последните зборови на Александар Турунџев пред неговото […]

Драган Богдановски – живот посветен на слободна и независна Македонија

На 18 септември 1929 година во селото Клечовце, Кумановско, е роден Драган Богдановски, починал на 31 мај 1998 година во Данска, на пат од Шведска кон Германија. Подоцна бил погребан во Куманово Драган Богдановски е еден од најистакнатите македонски политички емигранти по Втората светска војна, долгогодишен борец за македонската национална кауза, претседател на ДООМ и […]

Лилјана Чаловска – писателка, борец и учесничка на АСНОМ

Лилјана Чаловска (3 декември 1920, Софија – 20 јули 1997, Скопје) е македонска писателка, учесничка во Народноослободителната борба и општествено-политичка дејка. Била делегат на Првото заседание на АСНОМ и член на Претседателството на АСНОМ, а значајна трага оставила и во македонското новинарство и литература. Лилјана Чаловска е родена на 3 декември 1920 година во Софија, […]

Владислав Ковачев – Македонец до срж, а малку познат меѓу Македонците

„Пет минути од деноноќието ѝ посветувам на маченицата Македонија, за да се соочам со мојата македонска свест и да се уверам дека не е ништо она што досега сум го сторил за неа. Ја сакам Македонија повеќе од сè друго на светот.“ Кој бил Владислав Ковачев? Владислав (Славчо) Михаилов Ковачев е роден на 5 јануари […]

Оскар Давичо – писателот што со перо сведочеше за борбата на партизаните на Маркос

Оскар Давичо е роден на 18 јануари 1909 година во Шабац, во еврејско семејство, а починал на 30 септември 1989 година во Белград. Бил истакнат српски и југословенски писател, поет, есеист, преведувач, новинар, револуционер и учесник во антифашистичката борба. Оскар Давичо потекнувал од сефардско еврејско семејство. Детството го минал во Шабац, а образованието го продолжил […]

Васил Ивановски – истраен борец за македонската национална посебност

Васил Ивановски (18 октомври 1906 – 1991) е македонски национален деец, комунист, публицист и историограф. Во своите трудови ги користел и псевдонимите Динко Динков и Бистришки. Васил Ивановски е роден на 18 октомври 1906 година во костурското село Ловраде, во Егејскиот дел на Македонија, а починал во 1991 година во Софија. Во 1907–1908 година, во […]

To top