Македонски легенди

Парменион

1a1

1a1Парменион

Парменион (400 – 330 пр.н.е.) е еден од најистакнатите антички македонски војсководци и советодавци на Филип II и Александар III Македонски. Ја раководел македонската претходница на азиската експедиција на Филип II (336 пр.н.е.). Го придружувал Александар III како втор по ранг во командувањето на битките кај Граник (334 пр.н.е.), Исос (333 пр.н.е.) и Гавгамела (331 пр.н.е.). Подоцна добил задача да го засолни персиското кралско богатство во тврдината во Егбатана (во Медија). По налог на Александар, бил убиен поради сомнение дека учествувал во заговорот против него предводен од син му Филота, кој исто така бил погубен.

Парменион бил роден во 400 г. пр. н. е. во благородничка македонска фамилија. Тој својата воена кариера веројатно ја започнал на дворот на кралската куќа на Аргеади уште за време на Аминта III, таткото на Филип. За време на владеењето на Филип II (359-336 п.н.е.), Парменион активно учествувал во неговите планови да ја претвори Македонија во голема балканска држава, која се протега од Јонското Море до Понт. Тој постигнал голема победа над Илирите во 356 п.н.е. Десет години подоцна, Парменион го уништи јужниот тесалски град Халос. Тој бил еден од македонските делегати назначени да склучат мир со Атина во 346 п.н.е. и бил испратен со армија која го надгледувала македонското влијание во Евбеја во 342 п.н.е.

Во 336 п.н.е. Филип II кој го сметал Парменион за највреден командант го испратил со 10.000 војска во Анадолија да направат подготовки за ослободување на поробените градови од персиската власт. Отпрвин, градовите се побуниле се додека не дојде веста дека Филип бил убиен и дека бил наследен од неговиот млад син Александар. По смртта на Филип, Македонците биле деморализирани и поразени од страна на Персијците под команда на грчкиот наемник Мемнон од Родос.

По поразот, Парменион се вратил од кампањата во Мала Азија и го признал авторитетот на Александар. Иако Александар бил признат како крал на Македонија во октомври 336 п.н.е., сепак на почетокот неговата позиција ја оспорил Аттал, генерал во армијата на Парменион. На тоа реагирал самиот Парменион кој го осудил Атал на смрт, иако бил близок со него.

Како последица на овој чин, Парменион станал највлијателен генерал на Александар и командувал со голема војска од 24.000 војници. Исто така, голем број роднини на Парменион, Александар ги поставил на клучните позиции во македонската армија, а најстариот син на Парменион, Филота, бил поставен за командант на коњаницата, која броела 1800 коњаници и била најефикасното оружје на Македонија во битките, додека  другиот син Никанор, командувал со пешадиски корпус.

Парменион како втор во командата на Александар, истата позиција што ја држеше и под Филип, станал помоќен и од самиот крал. Под негова контрола биле најважните командни позиции, а неговиот талент на командант особено ќе се манифестира во текот на Азиската кампања, за време на големите битки на Александар: на реката Граник, кај Ис и Гавгамела.

Во 334 п.н.е., Александар со војска се приклучил на Парменион во Анадолија, со што започна кампањата на Александар против Персија. За време на големите битки што следеа, Парменион командуваше со левото крило, додека самиот Александар командуваше со десното крило.

Во меѓувреме, персиските сатрапи на Киликија, Лидија, Хелеспонте Фригија и други територии се собраа во Зелеа, во близина на Дасилија. Двете армии се сретнаа во близина на реката Граник. Повеќето антички извори се согласуваат дека Парменион го советувал Александар да не напаѓа и дека идејата била на Александар да се нападне одеднаш. Александар нападнал преку реката, без оглед на овој совет и сепак победил.

По битката, Парменион го зазел персиското упориште Дасцилиум, главен град на Хелеспонтинска Фригија. Во меѓувреме, Александар ги ослободил градовите во Анадолија, вклучувајќи ги Сардес, Ефес, Милет и Халикарнас. За време на зимата 334-333 п.н.е., кралот минал низ Ликија. Во исто време, Парменион ја нападна централната Анадолија од запад, ги истерал останатите персиски војници и го завзел регионот. Двете сили се сретнале во април 333 п.н.е. во Гордиум, главниот град на Фригија. Армијата потоа се пресели на исток во Киликија, каде што Парменион го зазеде Тарс.

Александар планирал да го нападне Дариј во Сочи. Сепак, персискиот крал со неговата голема војска ги преминал Амануските Планини, го завзел Ис и потоа ја прекинал единствената македонска линија на снабдување. Битката меѓу двете сили се одржала јужно од Ис во ноември 333 п.н.е. Македонците беа победници, иако персиската војска беше многу поголема, главно поради тоа што Парменион успеа да се спротивстави на нападот на Персијците. Ова му даде шанса на Александар да започне контранапад.

Се наведува дека Парменион советувал ноќен напад во 331 година п.н.е. врз собраните сили на Дариј во Битката кај Гавгамела, што Александар ги зел како доказ дека Дариј ќе ги одржува своите војници на готовс ноќта и ќе им овозможи на Македонците одредена предност ако тие се одморат за битка на дневна светлина.

Подоцна Парменион добил задача да го засолни персиското кралско богатство во тврдината во Егбатана (во Медија). Тој ќе продолжи да има значајно влијание во командувањето до освојувањето на Вавилон. Улогата на командантот на левото крило била критична во целокупната македонска шема и филозофија на битка, дозволувајќи му на кралот да го зададе решавачкиот удар. Меѓутоа со текот на времето, разликите меѓу Парменион и Александар се појавија во воени, политички и стратешки прашања.

Во 330 г. пр.н.е., по освојувањето на Дрангиана, Александар бил информиран дека Филота, син на Парменион, бил вмешан во заговор против неговиот живот. Филота бил осуден на смрт, а Александар, плашејќи се од последиците ако му дозволил на таткото да живее, испратил наредби во Медиа за да се убие Парменион. Иако немаше доказ дека бил вмешан во заговорот, Парменион немал можност да се брани. Едноставно тој би станал сериозна закана за Александар, особено што тој командувал со војска која била стационирана во близина на државната каса на Александар и неговите линии на снабдување.Од друга страна, како глава на семејството, Парменион бил одговорен за постапките на синот Филота, и покрај недостатокот на докази што ги поврзувал со него. Затоа Александар постапил брзо и ги испратил Клиндер и Ситалк со тркачки камили низ пустината по најкраткиот пат за да го убиат Парменион. Пред веста да стигне до Парменион, по наредба на Александар, двајцата офицери пристигнаа и со мечовите смртно го прободоа Парменион.

Најново од: Македонски легенди

Ибе Паликуќа – една од најмладите народни хероини од Македонија

Ибе Паликуќа (Дебар, 1927 – Шутово, Кичевско, 22 септември 1944) била учесничка во Народноослободителната војна во Македонија и една од најмладите жени од Македонија прогласени за народни херои на Југославија. Како борец и политички активист, својот живот го загубила на само 17-годишна возраст. Ибе Паликуќа е родена во 1927 година во Дебар, во албанско семејство. […]

Христофор Жефарович – првиот македонски хералдичар

Христофор Жефарович (околу 1690 – 18 септември 1753) бил зограф, иконописец, бакрорезец, калиграф, калуѓер, трговец и печатар од Македонија. Се смета за прв македонски хералдичар и еден од најбараните уметници на просторот од Солун до Пешта во XVIII век. Во 1741 година во Виена ја објавил книгата „Стематографија“, во која се претставени грбовите на повеќе […]

„Македонија ќе биде слободна!“ – Александар Турунџев (1872–1905)

Александар Турунџев е роден во 1872 година во селото Горно Врбени, Леринско, а се самоубил 30 август 1905 година во Битола. Македонски револуционер, илинденец и војвода, тој останал запаметен како еден од симболите на непокорот и саможртвата во борбата за слободна Македонија. „Македонија ќе биде слободна!“ –тоа биле последните зборови на Александар Турунџев пред неговото […]

Драган Богдановски – живот посветен на слободна и независна Македонија

На 18 септември 1929 година во селото Клечовце, Кумановско, е роден Драган Богдановски, починал на 31 мај 1998 година во Данска, на пат од Шведска кон Германија. Подоцна бил погребан во Куманово Драган Богдановски е еден од најистакнатите македонски политички емигранти по Втората светска војна, долгогодишен борец за македонската национална кауза, претседател на ДООМ и […]

Лилјана Чаловска – писателка, борец и учесничка на АСНОМ

Лилјана Чаловска (3 декември 1920, Софија – 20 јули 1997, Скопје) е македонска писателка, учесничка во Народноослободителната борба и општествено-политичка дејка. Била делегат на Првото заседание на АСНОМ и член на Претседателството на АСНОМ, а значајна трага оставила и во македонското новинарство и литература. Лилјана Чаловска е родена на 3 декември 1920 година во Софија, […]

Владислав Ковачев – Македонец до срж, а малку познат меѓу Македонците

„Пет минути од деноноќието ѝ посветувам на маченицата Македонија, за да се соочам со мојата македонска свест и да се уверам дека не е ништо она што досега сум го сторил за неа. Ја сакам Македонија повеќе од сè друго на светот.“ Кој бил Владислав Ковачев? Владислав (Славчо) Михаилов Ковачев е роден на 5 јануари […]

Оскар Давичо – писателот што со перо сведочеше за борбата на партизаните на Маркос

Оскар Давичо е роден на 18 јануари 1909 година во Шабац, во еврејско семејство, а починал на 30 септември 1989 година во Белград. Бил истакнат српски и југословенски писател, поет, есеист, преведувач, новинар, револуционер и учесник во антифашистичката борба. Оскар Давичо потекнувал од сефардско еврејско семејство. Детството го минал во Шабац, а образованието го продолжил […]

Васил Ивановски – истраен борец за македонската национална посебност

Васил Ивановски (18 октомври 1906 – 1991) е македонски национален деец, комунист, публицист и историограф. Во своите трудови ги користел и псевдонимите Динко Динков и Бистришки. Васил Ивановски е роден на 18 октомври 1906 година во костурското село Ловраде, во Егејскиот дел на Македонија, а починал во 1991 година во Софија. Во 1907–1908 година, во […]

To top