Македонски легенди

Јосиф Киров Танаров

380px-Yosif Kirov IMRO

380px-Yosif Kirov IMROЈосиф Киров Танаров

Јосиф Киров Танаров (1901 – 17. VI 1929) е македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација. Познат како Јосето или Јосиф Херојот, по продолжувањето на окупацијата на Македонија по Првата светска војна, Јосето преминал во илегала и станал војвода на чета на Организацијата во Струмичко во 1922 год. Со неа делувал во Вардарска и Егејска Македонија. Загинал во борба со српската жандармерија кај Дојран.

Јосиф Киров Танаров е роден во 1901 година во Кукушкото село Врагитурци, во револуционерно семејство. Неговиот татко и чичко му биле блиски со Гоце Делчев.

По Првата светска војна (1914 – 1918), откако Македонија повторно останува поделена и окупирана од соседите, како и по обновувањето на Организацијата од Тодор Александров, позната како ВМРО (автономисти), со цел да се бори до извојување на целосна автономија или независност на земјата, односно создавање на самостојна македонска држава, Јосиф Киров, подоцна познат како Јосето или Јосиф Херојот, преминал во илегала.

Во 1922 година, Јосето станал војвода на чета во Струмичко. Со своите 18 четници, тој ја продолжува народноослободителната борба меѓу окупаторите во Егејскиот и Вардарскиот дел на Македонија.

По убиството на Тодор Александров (1924) и Александар Протогеров (1928), како и низа истакнати македонски дејци, организацијата се поделила на Михајловисти (Ванчо Михајлов) и Протогеровисти, по што дошло до меѓусобно физичко пресметување.

Во годините од 7 дп 8 конгрес на Организацијата (1928 – 1932), дејноста на големите чети е прекратена и Михајловистите кои се борат за неависна македонска држава (но како втора бугарска) формираат „тројки“ и „петорки“ кои што вршат атентати по сите градови на Егејска и Вардарска Македонија.

Ваквото делување на четите и специјалните групи на Организацијата кои се страв и трепет за окупаторските власти, ја зголемува активноста на окупаторските војски и жандармерија. Во овој период се забележуваат голем број на потери и судири на жандармеријата со вооружените чети и групи на Организацијата, при што месното насление страда од бесот на немоќната власт.

Во 1929 година четата на војводата Јосиф Киров е откриена од српска жандармерија близу до врвот Висока чука над Дојранското езеро. Меѓу нив започнала сериозна борба, при што српската потера добила засилување.

Опколените четници на Јосето, кои се само девет души, до доаѓањето на вечерта останале без доволно муниција. Согледувајќи дека ќе бидат сите убиени, тие одлучиле да ја пробијат блокадата, при што имало жртви од двете страна.

Во борбата која се одиграла на 17 јуни 1929 година загинал војводата Јосиф Танаров заедно со двајца комити, а од српската страна, српската потера имала 13 убиени жандарми, на чело со началникот Желковиќ.

Најново од: Македонски легенди

Ибе Паликуќа – една од најмладите народни хероини од Македонија

Ибе Паликуќа (Дебар, 1927 – Шутово, Кичевско, 22 септември 1944) била учесничка во Народноослободителната војна во Македонија и една од најмладите жени од Македонија прогласени за народни херои на Југославија. Како борец и политички активист, својот живот го загубила на само 17-годишна возраст. Ибе Паликуќа е родена во 1927 година во Дебар, во албанско семејство. […]

Христофор Жефарович – првиот македонски хералдичар

Христофор Жефарович (околу 1690 – 18 септември 1753) бил зограф, иконописец, бакрорезец, калиграф, калуѓер, трговец и печатар од Македонија. Се смета за прв македонски хералдичар и еден од најбараните уметници на просторот од Солун до Пешта во XVIII век. Во 1741 година во Виена ја објавил книгата „Стематографија“, во која се претставени грбовите на повеќе […]

„Македонија ќе биде слободна!“ – Александар Турунџев (1872–1905)

Александар Турунџев е роден во 1872 година во селото Горно Врбени, Леринско, а се самоубил 30 август 1905 година во Битола. Македонски револуционер, илинденец и војвода, тој останал запаметен како еден од симболите на непокорот и саможртвата во борбата за слободна Македонија. „Македонија ќе биде слободна!“ –тоа биле последните зборови на Александар Турунџев пред неговото […]

Драган Богдановски – живот посветен на слободна и независна Македонија

На 18 септември 1929 година во селото Клечовце, Кумановско, е роден Драган Богдановски, починал на 31 мај 1998 година во Данска, на пат од Шведска кон Германија. Подоцна бил погребан во Куманово Драган Богдановски е еден од најистакнатите македонски политички емигранти по Втората светска војна, долгогодишен борец за македонската национална кауза, претседател на ДООМ и […]

Лилјана Чаловска – писателка, борец и учесничка на АСНОМ

Лилјана Чаловска (3 декември 1920, Софија – 20 јули 1997, Скопје) е македонска писателка, учесничка во Народноослободителната борба и општествено-политичка дејка. Била делегат на Првото заседание на АСНОМ и член на Претседателството на АСНОМ, а значајна трага оставила и во македонското новинарство и литература. Лилјана Чаловска е родена на 3 декември 1920 година во Софија, […]

Владислав Ковачев – Македонец до срж, а малку познат меѓу Македонците

„Пет минути од деноноќието ѝ посветувам на маченицата Македонија, за да се соочам со мојата македонска свест и да се уверам дека не е ништо она што досега сум го сторил за неа. Ја сакам Македонија повеќе од сè друго на светот.“ Кој бил Владислав Ковачев? Владислав (Славчо) Михаилов Ковачев е роден на 5 јануари […]

Оскар Давичо – писателот што со перо сведочеше за борбата на партизаните на Маркос

Оскар Давичо е роден на 18 јануари 1909 година во Шабац, во еврејско семејство, а починал на 30 септември 1989 година во Белград. Бил истакнат српски и југословенски писател, поет, есеист, преведувач, новинар, револуционер и учесник во антифашистичката борба. Оскар Давичо потекнувал од сефардско еврејско семејство. Детството го минал во Шабац, а образованието го продолжил […]

Васил Ивановски – истраен борец за македонската национална посебност

Васил Ивановски (18 октомври 1906 – 1991) е македонски национален деец, комунист, публицист и историограф. Во своите трудови ги користел и псевдонимите Динко Динков и Бистришки. Васил Ивановски е роден на 18 октомври 1906 година во костурското село Ловраде, во Егејскиот дел на Македонија, а починал во 1991 година во Софија. Во 1907–1908 година, во […]

To top