Македонски легенди

Ташко Белчев

Tasko Belcev

Tasko BelcevТашко Белчев

Ташко Белчев (18. III 1926 – 8. II 2015) е македонски славист, писател и палеолингвист од Егејскиот дел на Македонија.  Учествувал во Грчката граѓанска војна од 1947 до 1949 година Познат е по своите тези за античките корени на македонскиот народ, како и за неговите тврдења за постоење на древна, милениумска македонска писменост.

Ташко Белчев е роден на 18 март 1926 година во леринското село Пателе, Егејскиот дел на Македонија. Завршил образование во родното село, а средното училиште во Битола во 1947 година. Потоа зел учество во Грчката граѓанска војна од 1947 до 1949 година.

Во текот на борбите Ташко Белчев бил ранет и како партизан лежи во полската болница во Горица, во Албанија. Од таму заедно со неговата соптруга бил префрлен во Полска, каде се стекнал со високо образование. Студирал во Вроцлав и Варшава. 

Во 1960 година Ташко Белчев се вратил во Македонија. Се населил во Скопје. Околу 1960 година, имал идеја да го оживее весникот “Гласот на егејците”, поради што бил следен од УДБ-а, под сомнение за антидржавна дејност.

Во 1961 година Ташко Белчев почнал да работи како доцент на Одделот за славистика на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Скопје. Во 1972 година ја одбранил својата докторска дисертација во Скопје, во истиот оддел каде што работел како вонреден професор.

Ташко Белчев е основач на Одделот за полонистика (Катедра за полски јазик и книжевност). Тој е автор на универзитетски учебници: „Синтакса на современиот македонски литературен јазик“, Вроцлав 1957. Скопје 1980 година; „Преглед на полската литература“, Скопје 1979; „Руски јазик за студентите од Филолошкиот факултет“, Скопје 1984; „Руски јазик за студентите од Економскиот факултет“, 1980 година.

Покрај учебници Белчев пишува поезија и проза. Од поезијата се познати делата: „Пориви“ (1962), „Бранот на југовината“ (1963). „Цар Самоил“ (1963). „Афродита“ (2000), „Спомени“ (2004), а од проза: збирката раскази со наслов „Мирка“ (1964), „Маченици“ (1999); „Поклонение“ (2000), „Ронка македонизам вон границите на Македонија“ (1985).

Сепак вниманието на јавноста го привлекува со делата од областа на древната македонска писменост: „Македонија четири илјадни години писменост цивилизација и култура“ книга 1 (1993); „Македонија четири илјади години писменост цивилизација и култура“ книга 2 (1996);

„Македонија четири илјади години писменост цивилизација и култура“, Македонија центар на венетска цивилизација на Балканот и пошироко книга 3 (1995); „Македонија четири илјади години писменост цивилизација и култура – Македонија центар на современата теогонија“ книга 4 (1996); „Орфеј горпеј“ книги 1- 12, (во период од 1997до 2008).

Ташко Белчев има напишано и објавено преку стотина натписи и студии од тетралогија Македонија девет милениуми писмена цивилизација и култура, а повеќето од нив се објавувани во списанијата и весниците: „Македонија за иселениците“, „Македонско сонце”, „Ден“, „Вечер“, „Нова Македонија“, „Македонско време”, „Јазикот во практика“, „Македонија” весник на нашите иселеници во Мелбурн, Австралија.

Ташко Белчев почина на 8 февруари 2015 година во Скопје.

Најново од: Македонски легенди

Ибе Паликуќа – една од најмладите народни хероини од Македонија

Ибе Паликуќа (Дебар, 1927 – Шутово, Кичевско, 22 септември 1944) била учесничка во Народноослободителната војна во Македонија и една од најмладите жени од Македонија прогласени за народни херои на Југославија. Како борец и политички активист, својот живот го загубила на само 17-годишна возраст. Ибе Паликуќа е родена во 1927 година во Дебар, во албанско семејство. […]

Христофор Жефарович – првиот македонски хералдичар

Христофор Жефарович (околу 1690 – 18 септември 1753) бил зограф, иконописец, бакрорезец, калиграф, калуѓер, трговец и печатар од Македонија. Се смета за прв македонски хералдичар и еден од најбараните уметници на просторот од Солун до Пешта во XVIII век. Во 1741 година во Виена ја објавил книгата „Стематографија“, во која се претставени грбовите на повеќе […]

„Македонија ќе биде слободна!“ – Александар Турунџев (1872–1905)

Александар Турунџев е роден во 1872 година во селото Горно Врбени, Леринско, а се самоубил 30 август 1905 година во Битола. Македонски револуционер, илинденец и војвода, тој останал запаметен како еден од симболите на непокорот и саможртвата во борбата за слободна Македонија. „Македонија ќе биде слободна!“ –тоа биле последните зборови на Александар Турунџев пред неговото […]

Драган Богдановски – живот посветен на слободна и независна Македонија

На 18 септември 1929 година во селото Клечовце, Кумановско, е роден Драган Богдановски, починал на 31 мај 1998 година во Данска, на пат од Шведска кон Германија. Подоцна бил погребан во Куманово Драган Богдановски е еден од најистакнатите македонски политички емигранти по Втората светска војна, долгогодишен борец за македонската национална кауза, претседател на ДООМ и […]

Лилјана Чаловска – писателка, борец и учесничка на АСНОМ

Лилјана Чаловска (3 декември 1920, Софија – 20 јули 1997, Скопје) е македонска писателка, учесничка во Народноослободителната борба и општествено-политичка дејка. Била делегат на Првото заседание на АСНОМ и член на Претседателството на АСНОМ, а значајна трага оставила и во македонското новинарство и литература. Лилјана Чаловска е родена на 3 декември 1920 година во Софија, […]

Владислав Ковачев – Македонец до срж, а малку познат меѓу Македонците

„Пет минути од деноноќието ѝ посветувам на маченицата Македонија, за да се соочам со мојата македонска свест и да се уверам дека не е ништо она што досега сум го сторил за неа. Ја сакам Македонија повеќе од сè друго на светот.“ Кој бил Владислав Ковачев? Владислав (Славчо) Михаилов Ковачев е роден на 5 јануари […]

Оскар Давичо – писателот што со перо сведочеше за борбата на партизаните на Маркос

Оскар Давичо е роден на 18 јануари 1909 година во Шабац, во еврејско семејство, а починал на 30 септември 1989 година во Белград. Бил истакнат српски и југословенски писател, поет, есеист, преведувач, новинар, револуционер и учесник во антифашистичката борба. Оскар Давичо потекнувал од сефардско еврејско семејство. Детството го минал во Шабац, а образованието го продолжил […]

Васил Ивановски – истраен борец за македонската национална посебност

Васил Ивановски (18 октомври 1906 – 1991) е македонски национален деец, комунист, публицист и историограф. Во своите трудови ги користел и псевдонимите Динко Динков и Бистришки. Васил Ивановски е роден на 18 октомври 1906 година во костурското село Ловраде, во Егејскиот дел на Македонија, а починал во 1991 година во Софија. Во 1907–1908 година, во […]

To top