Коментари

Секој чесен Македонец треба да застане во одбрана на името Република Македонија

1 1

1 1Свекрва

Секој чесен Македонец треба да застане во одбрана на името Република Македонија

Министерот за надворешни работи Никола Димитров му сугерираше на премиерот на техничката влада Оливер Спасовски да предложи до Собранието разрешување на техничката министерка за труд и социјална работа Рашела Мизрахи, откако таа се појави на прес конференција пред старото уставно име Република Македонија. Според министерот Димитров, таковото делување на министерката Мизрахи имало елементи што можат да повлечат кривична одговорност, бидејќи тоа преставувало грубо кршење на членови од Договорот од Преспа, кој бил стожер на односите меѓу Грција и Македонија. 

Ваквото обвинување доаѓа токму од луѓе кои први го прекршија Уставот и Законите на државата. Тие го потпишаа Преспанскиот договор спротивно на интересите на македонскиот народ и спротивно на јавно искажаната воља на референдумот одржан на 30 септември 2018 година, го сменија уставното име на Република Македонија. И сега оние кои извршија акт на предавство на националните интереси, обвинуваат други дека не го почитуваат уставното име кое патем е неприфатено од најголемиот дел од македонскиот народ. 

Димитров смета дека Рашела Мизрахи неможе да го сфати историското значење на Преспанскиот договор и што значи Устав.

Но изгледа дека тој или неможе да сфати каква историска грешка има направено со потпишувањето на Преспанскиот договор и Договорот за пријателство со Бугарија или пак добро знае за грешките и можноста во иднина тој и Заевистите да бидат повикани на одговорност, па затоа е овој циркус што настана со донесувањето на Законот за Јавното обвинителство и Законот за Советот на јавни обвинители во Собранието. 

Заевистите направија флагрантно кршење на Уставот и Законите на државата, а не министерката за труд и социјална работа Рашела Мизрахи, затоа што одржа прес пред табла со името Република Македонија. Обидите тие да го дисциплинираат народот и нивните трибуни како Рашела Мизрахи, нема да го уплаши македонскиот народ и тој ќе го каже своето на предвремените парламентарни избори на 12 април. 

За разлика од Заевистите и поедини македонски полтрони кои континуирано како папагали го повторуваат името Република „С“ Македонија, Мизрахи слободно и храбро стои пред вистинското уставно име.Таа како вистинска припадничка на еврејската заедница, знае да реагира на неправдите и да се бори да се сочува името и исконските корени на Македонците. 

Во тој контекст, по обвинувањата на министерот Димитров, Мизрахи која е на таа позиција како преставничка од ВМРО ДПМНЕ, ќе изјави дека не ја игнорира реалноста, но дека нема да дозволи создавање на нова реалност. Односно дека „демократско право, но и морална обврска на секој граѓанин е кога ќе види неправда и да реагира по истата. Во однос на таблата со името таа ќе истакне дека е наследена и дека не постои стара и нова табла, туку постои само една табла во Министерството за труд и социјална политика, притоа заблагодарувајќи се на вицепремиерката за економски прашања, заради тоа што не ја сменила таблата и со тоа длабоко во себе препознала дека ова е Република Македонија и ова е македонски народ.“

Македонскиот народ е препознат од странските преставници кои многу одамна ја посетиле Македонија. Во тој контекс би го посочиле примерот на британски офицер за врска Патрик Хачисон Еванс (Рединг, Беркшир, декември 1913), кој за време на Втората светска војна, на 16 септември 1943 г. е спуштен во Западна Македонија (Егејскиот дел на Македонија) и кој најголемиот дел од својот престој го поминал во областа на Вичо. Тој во својот извештај доставен до централата на СОЕ во Каиро  на 12. XII 1944 година ќе го констатира следното: „…Ако странец што не ја познава Грција ја посети областа Флорина (Лерин) и потоа формира сопствено мислење за земјата во целина, заклучокот би бил дека Грците се тие што се во малцинство. Тоа е предимно словенски регион, а не грчки. Јазикот по домовите и по правило на полињата, на селските улици, на пазарот е македонски… важно е да се нагласи дека населението, како што не се Грци, исто така не се Бугари или Срби или Хрвати. Тие се Македонци…“. 

Штета е што ова кое го препознал П. Х. Еванс во 1944 година, не можеше да го препознае и Никола Димитров во 21 век. Отука нема место за оправдување за Договорот во Преспа и за Договорот со Бугарија, со кој е сменето името, се менува историјата и со што се задира во идентитетот на македонскиот народ.

Исто така нема место на тврдењето дека со промена на името и историјата не само што ќе станеме членка на НАТО, туку и на ЕУ. Напротив со криминалното однесување на власта, која не ги почитува ни сопствените Закони, која прави циркус во Собранието, со непочитување и сечење на сопствените корени, Македонија е многу, многу далеку од ЕУ. 

Поради тоа, не само Рашела Мизрахи, туку секој чесен Македонец, без разлика на верска, етничка, полова и друга припадност, треба да застане во одбрана на името Република Македонија, во одбрана на идентитетот на македонскиот народ и суверенитетот на македонската држава. Сите заедно треба да станеме против Заевистите кои меѓудругото го воведоа криминалот на голема врата и со аферата Рекет ни го оцрнија образот пред светот.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top