Коментари

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – 73

1mm1
1mm1

1. Еден настан, што неодамна се случи во преубавата Виена и со денови беше ударна тема, или што би рекле “тема за насловна страна” (front page story, или cover story) во австриските и европските медиуми, кај нас во Македонија остана скоро незабележaн – како да се работи за некоја обична сензација во жолтиот печат! А толку многу е поврзана со нас, со Македонија!

Станува збор за “престапот” на Претседателот на Австрија Александар ван дер Белен кој го прекршил полицискиот час замуабетен со пријатели во “италијански ресторан” каде останал до полноќ, а полицискиот час дозволувал само до 23.оо часот! Наишла полициска патрола, го опоменала сопственикот на рестпоранот, а шефот на државата Австрија морал да си замине со друштвото! Сопственикот е казнет со 30.000 евра бидејки работел вон дозволениот полициски час (што ти значи правна држава, зарем не!? Па неможел да го истера шефот на државата од ресторанот!!!).

Но каде е врската помеѓу местото на настанот и Македонија? Случката е во ресторанот за италијанска кујна “СОЛЕ” (но по порачка подготвуваат и македонски специјалитети) чиј сопственик е нашиот сограѓанин Аки Нуредини од село Камењане, тетовско. Ресторанот се наоѓа недалеку од прочуената Виенска опера и е омилено стечиште на музичката, и особено оперската, но и политичката елита на Австрија. И не само што претседателот на Австрија е “фатен на дело” токму во ресторанот “СОЛЕ”, чест гостин таму е и премиерот Себастиан Курц, министри од неговата влада, членови на парламентот и бизнис елитата на Австрија, дипломати.

За добрите познавачи на приликите во Виена ресторанот на Аки ужива углед на незванична амбасада на Рерпублика Македонија во Виена. Аки редовно се претставува на јавни  настани: (а и лично сум чул за време на четиригодишниот престој во Виена 2014-2018): “Роден сум во Македонија, државјанин сум на Австрија, а по душа се чувствувам Италијанец” (Не сум го посетил на неговиот имот с. Камењане, но велат дека е тоа е вистински рај на земјава каде уште пауни недостасуваат!?). А во контекстот на “незваничната амбасада” колку за потсетување да споменеме дека немаше активности на амбасадата на РМ во Виена, а Аки да не донира специјалитети од неговиот ресторан “СОЛЕ”. Патем, две средби на министрите Димитров и Коѕијас се случија токму во ресторанот “СОЛЕ” и тоа втората средба, претходно договорено да се одржи во грчки ресторан, на лично инсистирање на Коѕијас таа повторно се случиla во ресторанот на Аки! Во многу прилики Аки нагласил дека би сакал Македонија да му додели некакво одличје (орден, медал и сл.) или да му дозволи да постави плоча на која ќе биде напишано дека разговорите на министерско ниво се случиле токму во неговиот ресторан. За жал, Никола Димитров и неговото МНР немаат сенс за вакви работи!?

Има уште многу да се пишува за Аки Нуредини (неговиот син Насер Нуредини – дипломиран економист во Лондон, е министер во актуелната македонска влада) и неговиот ресторан “СОЛЕ” во срцето на Виена. Но вреди да се спомене во оваа прилика настанот во светски познатата сала на Виенската филхармонија (во неа се одржува традиционалниот новогодишен концерт) во која бешен одбележан 60-от роденден на нашиот Аки со добротворен концерт на врвни оперски солисти од пет земји кои, на крајот од концертот, заедно во еден глас (вкупно 23 солисти) триумфално ја испеаја познатата “О СОЛЕ МИО”, настан каков не памети музичка Виена.

Како своевиден епилог од случката со Претседателот на Австрија: г. ван ден Белен јавно се извини на нацијата дека го прекршил законот, а го повикал и Аки на телефон и изразил спремност тој да ја плати казната од 30.000 евра. Но Аки, се разбира, пресреќен од настанот не прифатил бидејки таква реклама за неговиот ресторан со никакви пари не се исплаќа и денес ресторанот “СОЛЕ” е меѓу најпопуларните  ресторани во  Виена. 

1mmm1
На сликата прв од лево Аки Нуредини, втор од десно светски познатиот хирург на Ники Лауда, Проф. Клепетко, четврт од десно еден од најпознатите австриски хирурзи Бернд Голакнер, со екс амбасадорката на РМ во Австрија Д-р Василка Попоска Треневска.
1mm1
Од десно кон лево: Аки Нуредини, екс амбасадорката на РМ во Австрија Др Василка Попоска Треневска и јас.

2.  Познатите балкански кавгаџии – Бугарите, во последно време отвораат нови фронтови! Не само што се изживуваат со нас, Македонците, сега почнаа да им го спорат јазикот и на Србите, со теории – истресени како од ракав, дека и српскиот јазик имал корени од – како што го нарекуваат тие “старобугарскиот”!? Да видиш – да не веруваш!? Многу сум љубопитен како на ова ќе реагираат српските академици, па и хрватските, босанските и црногорските, заради блискоста на нивните јазици.   

Најновата провокација од Софија излезе од Бугарската академија на науките која  објави книга во која се вели дека “бугарските корени на јазикот се наоѓаат во областите од Дунав до Гевгелија и од Копаоник до Тимок, Пчиња и Охрид”!?.

Арно ама, ни ние не се мириме со ваквата бугарска агресивност па така  здружението „Спона“ од Македонија ја извести САНУ за оваа провокација со која Бугарија тврди дека освен македонскиот и српскиот јазик наводно бил со бугарска основа!? Реакција веднаш пристигна од Д-р Виктор Савиќ од Институтот за српски јазик на САНУ и Одделот за српски јазик на Филолошкиот факултет во Белград  дека српскиот јазик и сите словенски јазици, потекнуваат од протословенскиот јазик и дека во времето кога се формирал српскиот јазик, Бугарите воопшто не биле Словени, нагласувајки дека Бугарите дошле на Балканот подоцна и од Србите и дека во тоа време тие припаѓале на турска група на луѓе, како и на некои други номади кои минувале низ овие територии!

Но тука е завршува бугарската похлепа за туѓи вредности и дострели! Сега му се налутија на рускиот Патријарх г. Кирил кој во беседата по повод на светите Крил и Методиј (24 мај) ги именувал како “словенски браќа”. Бугарскиот министер за надворешни работи Георг Георгиев ваквата беседа на рускиот Патријарх  ја нарекол “шеговита”. Званична Бугарија им замерила на Русите и бидејки во Рускиот културен ецентар во Софија организирале изложба каде светите Кирил и Методиј се претставени како реформатори на словенската азбука, создавачи на црквенословенскиот јазик и први промотори на писменоста и просветата во Русија.

Можеме да им честитаме и благодариме на Патријархот г. Кирил и званична Москва што работите ги поставија на свое место бидејки нивниот глас има особено голема тежина во Православниот свет, но и пошироко.  

3.  Владеачката коалиција што ја тормози нашава земја веке три и пол години, не бира средства како да се додвори на гласачите за да се докопа до уште еден мандат. Најнов пример е постапката на потпретседателката на СДСМ Радмила Шекеринска која се истопори пред симболите на терористичката УЧК со градоначалникот на Кичево Фатмир Дехари. Тоа што од злосторничката УЧК во 2001 година загинаа речиси стотина македонски бранители за Радмила е неважно и требало да се заборави, а таа не води сметка за родителите и блиските на загинтите бранители и колку сирачиња останаа од тој наметнат конфликт. На Радмила и се битни албанските гласови, а се друго за неа и нејзините истомисленици е споредно!?

Разбирливо, жестоки беа реакциите и осудите на македонската јавност, и особено од македонската дијаспора на ваквата постапка на Шекеринска!

Како долгорочно решение на меѓуетничките проблеми во земјата предлагам носење на нов закон за територијална поделба на Македонија со кој состојбите во Кичево, Струга, Чаир и уште некои општини ќе се вратат по старо и очекувам подршка на оваа идеја од нашиот стратегиски партнер САД, (ако воопшто ни мислат добро) за да си ги средуваме работите. 

Исто така и пописот на населението м о р а да биде еден од врвните приоритети во македонското општество бидејки веќе 20-тина години немаме увид колклку сме на број!

Кичево 2020 г.
1k1
Кичево 1996 г.

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, поранешен министер и амбасадор

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top