Манојил (Мане) Јаковлески
Тој што полагал заклетва дека ќе штити и брани по Устав и закон, а поради лични интереси, ја погазил заклетвата и прешол на другата страна, степенот на одговорноста го квалификува делото на предавство или велепредавство.
Кога офицерското лице или функционерот во воена состојба ќе побегне, е тоа се смета за дезертерство, предавство или велепредавство и нему му се суди, за тоа одговара и лежи затвор, затоа што полагал заклетва пред да седне на тоа место. Понекогаш на таквите им се пресудува смртна казна, во редовна или итна постапка.
Предавство не се разликите во мислата, говорот и уверувањето. Тоа е богатство на општеството, во тоа е смислата на демократијата.
Се разбира, антидемократски е квалификацијата предавник за сите што различно мислат, говорат и имаат свое спротивно уверување од било која власт. И во Македонија, како и во секое демократско општество, не се предавство или велепредавство разликите во мислата, говорот или уверувањето. Тоа е здраво демократство општество.
Но, предавство е кога високи владини функционери, за време на своето владеење работаат или пропагираат против својот народ и држава, тоа е предавство или велепредавство.
Да се потсетиме на зборовите на илинденецот д-р Владислав (Славчо) Ковачев, борец за слободата на Македонија, кој во една прилика ќе рече:
„Тој што е задоен со сочното македонско млеко на страдалната македонска мајка и се почувствувал макар и за миг вистински Македонец, никогаш повеќе нема да биде способен свесно да стане предавник на Татковината“!
Македонскиот народ по се’ што ни се’ случува, ќе излезе од кризата, но многу посилен и пообединет.
ВМРО-ДПМНЕ, на чело со Претседателот Христијан Мицкоски, единствено може со заедничко ангажирање на сите нас, да ја врати гордоста, достоинството и победничкиот дух на македонскиот народ.
Вечна да е Македонија!
Амин!