Коментари

Само во нашата држава се прогласува политичка вонредна состојба

1 rubin jovanoski

1 rubin jovanoski

Во една нормална држава на земјинава топка каде владее словот на законот вонредните состојби се прогласуваат за катаклизмични состојби од калибарот на поплави, земјотреси, извори на зараза и загрозување на територијалниот интегритет и суверенитет на дотичната држава. Само во нашата мила и напатена Република (Северна) Македонија се појавуваат и следствено на тоа се прогласуваат политичко вонредни состојби. Имено, претседателот на Република (Северна) Македонија, Стево Пендаровски кој на ланските претседателски избори беше поддржан од СДСМ на чело со бомбашот од Муртино, Зоран Заев, иако заразата со КОВИД – 19 е алармантна не прогласи нова вонредна состојба.

Во овие здравствено сложени услови кога корона вирусот само за 14 дена (од 1 до 14 јуни) однесе 32 жртви и не дај боже тој број не се намалува него истиот број е со галопирачка тенденција, Пендаровски ги слуша и воедно, извршува наредбите сервисирани од политичката кујна лоцирана на улицата Бихаќка. Бомбашот Зоки Заев по секоја цена бара избори на 5-ти или краен рок 8 јули. Зошто му се брза на Зоки?

Европските челници пред 2 дена го распишаа конкурсот за набљудувачи з анашите претстојни вонредни парламентарни избори, и тие најкасно во нашата држава би дошле до 20 јуни.

Зоки сака да оди на избори без претходно прочистен избирачки список, нема званично поставени протоколи како ќе се одвиваат изборите кога катадневно следиме галопирачки броеви на заразени граѓани со КОВИД-19 а и смртноста иницирана од вирусот е на високо ниво.

Во овој вакум простор каде се доделуваат ваучери и платежни картички и кога во исто време се појавуваат преку 20 илјади жалби од граѓани кои истите се социјално загрозени, ги нема на списокот, Зоки бара итни избори.

Зоки е во паника па се надева дека со мала излезност на електоратот ќе забележи минимална победа и следствено на тоа да го добие повторно мандатот од претседателот за состав на нова влада.

Но, треба да знае дека Али Ахмети го чека на нишан со неговиот актуелен предлог за претседател на владата да биде личност од редовите на албанскиот кампус.

Зоки треба да знае дека електоратот не може да му гозаборави катастрофалните 2 договори, и тоа со Јужниот сосед каде се направи промена на уставното име на нашата земја, со т.н. Преспански договор и со договорот за добрососедство и соработка со Република Бугарија.

Зоки има направено грешка и со тендери и благодати на неговите Заеви фирми, особено со регистрацијата со фирми за обработка на медицинска марихуана.

На крајот со спортски жаргон кажано електоратот ќе му даде црвен картон на Зоки и неговата дружина.

Дипл. ЕКК Рубинчо Видое Јованоски

новинар и довчерашен одбојкарски судија

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top