Коментари

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – 76

Martin Trenevski 1

1martin1

ФУНДАМЕНТАЛИСТОТ ЏАМБАСКИ ПРОМОВИРА ИРЕДЕНТИЗАМ!!!

По привидното едномесечно затишје во Бугарија за нивната похлепа кон Македонија и се што е Македонско, многу гласно – дури од Стразбург, се пројави кој друг, ако не докажаниот национал-швиноист и фундаменталист Ангел Џамбаски, европратеник од удбашкото ВМРО во Софија на Красимир Каракачанов.

Според фундаменталистот Џамбаски, ние Македонците сме биле “неосознаени браќа со измиени мозоци кои сме имале бугарско потекло”, за да заклучи во некое негово видео-обраќање: “Македонија ќе биде дел од Бугарија”.

Во една друга прилика истиот фундаменталист Џамбаски длабоко ги повреди нашите – македонски чувства, со тезата дека на 7 октомври 1946 година, кога од Софија, со најголеми почести беа испратени посмртните остатоци на Гоце Делчев кон Скопје, со што е исполнет и неговиот личен завет “Да почива во главниот град на слободна Македонија”, коските од Гоцета наводно “биле расфрлани” по пат и дека гробот на Гоце не е во Скопје, туку во село Баница, каде тој е убиен и закопан!?

Анималниот антимакедонски излив на Џамбаски мене воопшто не ме изненадува! Впрочем, тоа нему, на неговиот лидер Каракачанов, но и на целокупното бугарско државно раководство, па и на “научните” институции како БАНУ, им е константа во односот кон Македонија цел век и половина, поточно од 1878 година кога е основано Конежевството Бугарија! Нереално е да очекуваме дека тие туку-така, преку ноќ, ќе се откажат од тие ставови.

Но нешто што особено загрижува е индиферентноста на Европскиот Парламент, чиј пратеник e Џамбаски и Европската Комисија бидејки званична Бугарија, членка на ЕУ, со такви ставови отворено манифестира   и р е д е н т и з а м, т.е. посегнува и кон нашата земја/територија (Ангел Џамбаски: “Македонија ќе биде дел од Бугарија”). Иредентизмот е едно од најчуствителните прашања за ЕУ и токму затоа се прашувам: Како тоа никој во ЕП/ЕУ не реагираше до сега на ваквото однесување на европратеник од Бугарија кон земја-кандидат за членство во ЕУ, Република Македонија???

Европската комисија има прилично големо претставништво среде Скопје и сигурен сум дека следат и знаат какви ветришта дуваат од Софија, но и од Брисел и Стразбург! Свесен сум дека тие се распаметени со Брегзитот, со пандемијата со корона 19 вирусот, сепаратистичките тенденции што отворено манифестираат и други нејзини членки, но да се премолчува за дирекни иредентистички тежненија, тоа навистина не можам да го прифатам!

Само се прашувам до кога???

2. Дилетантизмнот во македонското МНР продолжува! Министерот ни е во љубовен занес и нема време да решава проблеми, но затоа пак ни се случуваат невидени гафови на маѓународен план!

На пример, Македонија ја затвори својата амбасада во Канбера, а нема ни најава дека нешто се подготвува состојбите да се поправат. Сега, свесно или несвесно, македонското МНР надлежностите на амбасадата ги префрла во Генералниот конзулат на РМ во Мелбурн, што е исто така скандал без преседан! Колку за илустрација, ја пренесуваме депешата на македонското МНР до бројните асоцијации на многу-стотини илјадната македонска иселеничка заедница на петтиот континент”:

From: Consular Canberra <
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
>

Date: Wed, Jun 10, 2020 at 10:45 PM
Subject: polnomoshna
To: 
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
 <
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
>, 
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
 <
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
>, 
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
 <
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
>, 
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
 <
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
>, 
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
 <
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
>, 
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
 <
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
>, 
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
 <
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
>

Pocituvani

Site Polnomoshna, Izjavi, molbi i dr. ke se zaveruvaat preku Generalniot Konzulat vo Melbourne za slednite nekolku meseci.

Za poveke informacija ve molam da gi kontaktirate 
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
 i  
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Telefonski broj od Konzulat 03/98672200

Што ќе помислат на овој дилетантизам надлежните во земјата-домаќин, Австралија, но пред се бројната македонска заедница – можам само да претпоставам (ми се крева косата од тоа), но некого, во прв план надлежниот министер за надворешни работи, очигледно мува не го лази и проблемот ќе бидел решаван  “за следните неколку месеци”.

Невидено!!!

3. Странците отворено почнаа да се мешаат во нашите домашни работи и да влијаат на расположението на граѓаните во пресрет на предвремените парламентарни избори закажани за 15ти јули. Така, по подметнувањето од страна на канцеларијата на ИРИ дека, според нив:”Заев водел по полуларност со еден процент пред лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски”, неодамна се пројави и канцеларијата на фондацијата Фридрих Еберт (на германските социјал-демократи) во Скопје, која на истиот тој Заев му додели награда за неговиот придонес за унапредување на човековите права (Каков цинизам, читај: за капитулантскиот договор од Нивице и договорот за пријателство со Бугарија)!?

Вакви подметнувања сосема сигурно ќе има уште многу до денот на изборите 15ти јули, но затоа опозицијата, а особено медиумите што објективно ги следат предизборните активности, треба да се на готовс и навремено да ги жигосуваат, бидејки овие избори се од особена важност за опстанок на нашата нација! Црпнатиот од нива Заев воопшто не крие дека е спремен се, ама буквално се, да распродаде само за да опстане на власт!

Ние граѓаните мораме да го спречиме тоа со своите гласови!!!

4. Една порака до нашите сограѓани – Роми:  луѓе, немојте да ве лажат со подмитувања со пари или храна, но со порака “да гласате за СДСМ”!!! Земајте се што ви нудат за џабе, но гласајте според вашето убедување бидејки Македонија ни е единствена заедничка татковина и мораме заедно да ја одбраниме и сочуваме од напливот на фашизоидни тенденции од страна и од домашните колаборационисти за да не нема и да не постоиме!

Ќе се заложам лично за формирање на владина агенција за прашања за Ромите, што ќе се грижи за образованието на нивните деца, вработувања и други благодети што ни следат на сите граѓани на Македонија. Големото здание на скопското Кале кое покојната Есма Реџепова со тестамент го завешта на државата Република Македонија ќе го претвориме во центар којшто ќе се грижи на државно ниво за проблемите на Ромите. Апелирам до вас: Носите одлуки со главата, а не со стомакот за доброто на сите нас!!!
5. Претседателот на ГРОМ Стевчо Јакимовски упати деновиве едно сериозно предупредување до граѓаните дека се што предупреди ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во 2016-та година се исполни, се промени името, се спроведе Тиранската платформа. Тој предупреди дека може да биде и полошо и токму поради оваа причина граѓаните мораат да се издигнат над ситуацијата и да излезат да гласаат во што поголем број, бидејќи седењето дома е глас за Заев и СДСМ. И денес предупредуваме на можен инжењеринг, односно на последиците од ниската излезеност на овие избори. Затоа ги повикувам граѓаните во што е можно поголем број да излезат на овие избори и да ја изразат својата волја. 
Седењето дома значи глас за останување на Зоран Заев и на СДСМ на власт, предупреди Јакимовски!

6. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски упати сериозно предупредување до ДУИ на идејата за премиер Албанец! „Демократската унија за интеграција, изгледа се чувствува прекомфорно во тригодишната коалиција со СДСМ и мисли дека начинот на којшто функционира со СДСМ ќе функционира и со сите останати политички партии!? Сакам да им порачам  да внимаваат како се однесуваат, бидејќи на Македонците и на останатите граѓани во Македонија им е дојдено веќе преку глава да бидат граѓани од втор ред. И таков тип на барања можат да ги задржат само во сопствените редови за храбрење и мотивација на сопственото членство”, изјави Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која се обраќа на сите граѓани без разлика на нивната етничка припадност. Според Мицкоски, ваквата реторика и начин на однесување (на ДУИ, М.Тр) не само што не носи добро,туку напротив само ја заострува ситуацијата во држава и, според Мицкоски, поминаа времињата кога ДУИ се чувствуваше комотно и романтично во Владата на Република Македонија!!

7. ПОПИС НА НАСЕЛЕНИЕТО  В Е Д Н А Ш  ПО ИЗБОРИТЕ!!!

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top