
Гоце Марков – Дипломиран здравствен работник, Член на Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ
Слушајте го и сега, или уште полошо, лажно тргнете ја одговорноста за се она што му се случува на македонското здравство!?
Наместо пример за граѓаните, да не речам херој добивме само гола статистика и уште поголема здравствена криза.
Вирусот слабее! – кажа и остана политички жив.
Задоцнети и несоодветни мерки со висок процент на позитивни заболени по однос на број на тестови, се на се, здравствена катастрофа на Балканот (ако не и пошироко). И наместо да наведнат глава, да побараат домашна и странска помош, замислете, Тие напаѓаат Народ!?
Море не само Народ, напаѓаат се пред себе. Само и само, гола и пуста власт! Жално ама вистинито!
Разочараувачки промашени политички совети на Комисијата за заразни, популистички и дневно-политички одлуки за карантини, за полициски часови и намерно или ненамерно наметнување замерки меѓу Народ на верска основа.
Манипулативни и лажни бројки, сепак поразителни се само резултат на еден лош менаџмент на МЗ.
Covid 19 секојдневно го зема својот данок на починати и новозаразени. Ги доведовте луѓето на раб на нерви, до депресии, постојани стравови, еден индифернтен однос кон сериозноста и се тоа преку менување ставови и одлуки на дневна основа.
За оставки нема да говорам, малку се…
Одговорност пред граѓаните, морална и пред Закон!
Од Комисијата, од Министерот, од сите замешатели во Новата здравствена реалност која воопшто не е сјајна.
Го убивте македонскиот дух во сите оние чесни, дисциплинирани и тивки почитувачи на редот и законите, на сметка на здравјето на една цела нација.
Инаку до каде сте со масовниот скрининг на здравствените работници??
Респираторите на која граница се?
Или во недостиг на факти и идеи ќе пуштите се на диво и набафтана?
Здравството го поставивте на апарати а пред камери само шминка!
Го разотуѓивте македонскиот народ!
Го одделивте од вакафското!Од исконското!
И сега, како да живееме сложно како Црква, кога не натеравте да размислуваме за гробни места?
Не е срамно да не знаете, да не можете, ама ако е така, постојат Оставки постојат и Совети?!
Е сега, кој ,,јак како куче”, а кој со два-три стента и еден бај-пас?
Така ли ќе ја тераме понатаму?
Шетате Друмови со пакети без вегета како лажни Кумови!
Колку му треба на еден Народ за да се освести и да ја фрли Богомолката од плеќи која после работата се знае што планира!?
Истата таа која сака да го оддели од Ближниот свој, од Здравјето, од се она што е човечко и законско?!
Слушајте го и сега!