Коментари

Цртички и отровни стрелички – 77

Martin Trenevski 1
1martin1ЧИСТИОТ ЗАЕВ
1. Самиот почеток на предизборната кампања во Македонија недвојбено потврди дека таа ќе биде многу валкана и без било какви скрупули кон политичките опоненти.
Секојдневно од неидентификувани интернет портали изникнуваат скришно снимени разговори, таканаречени “бомби”, од кои се наметнува впечаток за инволвираност на противникот во криминали и злоупотреби.
Бомбите што очигледно се како подршка на опозицијата за девалвирање на актуелната владеачка парија СДСМ се речиси без исклучок дирекно или индирекно поврзени со Зоран Заев (З.З.) и неговит брат.
Но секако најбизарно од се, се изјавите на З.З. дека бил ”чист” и  “невин”, иако повеке од очигледно е дека работите и објавените “бомби” кажуваат нешто сосема спротивно. Впрочем, дали З.З. заборава, дали тој пати од амнезија или нас граѓаните не третира како малоумни, дека дури два пати беше аболициран, т.е пардониран од двајца претседатели на Републиката, за сторени тешки криминали!? Ако тој заборава – ние обичните смртници не забораваме, колку да му биде јасно!!!
Најтрагично од се е што З.З. сепак ужива подршка од некои земји во таканаречениот демократски (според мене: лицемерниот) запад и “длабоката” држава на кои – преку писма што наводно ги упатил до некои нивни амбасадори во нашата земја им ветил дека, /повторно наводно/, “ќе исполнел буквално се што ќе побараат од него, доколку го подржат да победи”!
Не знам дали народот, т.е. гласачите ја сваќаат сериозноста на ситуацијата но, со ваков политичар, Господ нека ни е напомош!
2. Злото што се вика Зоран Заев и стилот на работа што го наметна во државата со корупција и рекет на сите нивоа се причината зошто не добивме датум за почеток на преговори за членство во ЕУ, иако тоа ни беше ветено!? Сосема јасни се маневрите на Брисел, Париз, Берлин, Амстердам, Копенхаген и уште некои ЕУ метрополи да ни го усложнат патот кон членство во елитното друштво на народи и држави – ЕУ. Впрочем, кој би сакал да е во исто друштво со криминалци и рекетари на државно ниво, каква што е грдата реалност (се надевам на заминување) денес во Македонија.
Работите најдобро и најдецидно ги дефинираше деновиве поранешниот лидер на Македонските Либерали Ивон Величковски кој многу јасно порача дека Заев е причина зошто Македонија не добива датум за почеток на преговори за членство! “Датумот нема да дојде додока е Заев”, смета Величковски!
3. “Господинот Заев” (!?) – Во бројните предизборни ТВ спотови и дебати со што се преплавени македонските телевизии, лицето З.З. речиси редовно се ословува со “Господинот Заев”. Во мојата кариера сум работел во многу земји на дури три континенти и сум срекавал секакви луѓе, од цареви и кралеви, до индустријалци и високи политичари и кристално ми е јасно што значи терминот “господин”, или кои предуслови треба да ги исполнува некоја личност за да го ословуваат со “господин”! Лицето Зоран Заев според ниту еден критериум тоа НЕ Е! После гестот што го направи на една партиска средба во Прилеп кога на присутните им покажа со вкрстување на рацете, демек: “Евеви го, на…”; после обраќањето кон Боки 13 дека: “Нема да дозволам еден п’дер да ја турка владата на СДСМ”; после воскликот:”Ќе му ‘бам името”; после заканата кон коалиционите партнери:”Ќе им ‘бам мајката”, после, после, после… Лицето Зоран Заев господин секаko не е!
Впрочем, тоа можеби најдобро го заклучи угледниот професор и екс-амбасадор Проф. д-р Арсим Зеколи кој јавно им порача на ЕсДеЕс-овците:”Откачете ја таа б’дала, пред да ве повлече во бунар”!.  
4. Грдата “слава” на негатривец бр. 1 во Македонија од неодамна убедливо ја превзеде македонскиот печалбар – дојденец од Австралија, ама по потекло од Заевото Муртино Даниел, наречен Ден, Дончев! Толку многу материјалi /снимки/ излегоа на површина за неговата вмешаност во криминални и рекетарски шеми што навистина се поставува прашањето зошто Обвинителството до сега не покренало истрага по допрен глас за испитување на наводите незаконски и криминални дејствија на Дончев. Видовме и снимки на ТВ како прима подебелки снопчиња кеш, а самиот навести во снимките дека операцијата е со “знаење и согласност на Зоки” (лицето З.З.).
Да се потсетиме на историјатот на феноменот Ден Дончев. Дојде пред изборите во 1998 г. од Мелбурн, Австралија, како претставник на меѓународно реномираната ревизорска куќа “Дилојт и Туш”. Син на протестантски свештеник од Муртино, тој веднаш се вклопи во нашата средина, а по протестантска линија воспостави многу блиски релации со семејството на пок. Борис Трајковски. Се наметна дури и во политиката, а беше именуван за шеф на изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ за изборите во 1998 година. Воспостави и многу блиски релации со еден македонски тајкун кој се наметнуваше дури како канидидат за претседател на државата, а по победата на ВМРО-ДПМНЕ на тие избори Ден беше усполичен за лице број 1 во Македонски Телеком. Дали во Мак-Телеком се омрсил или не, тоа не знам, но мои познаници од Малбурн тврдат дека по неговото враќање во Австралија покажал многу пари!?
Авторите на “бомбите” за дејанијата на Ден Дончев како директор на Фондот за здравство (владин фонд со над 700 милиони евра годишен буџет) таа серија ја крстија “лепливи прсти”, а дали навистина биле лепливи, тоа секако треба да го докажат надлежните институции – полицијата и обвинителството. (еднаш веќе беше повикан на разговор во полиција)!
5. Што се изнапишале партиите во своите предизборни програми – ако барем мал процент од тоа се оствари – кај ќе ни биде крајот!
 Како граѓанин се залагам:
     1. Растот на пензиите да го прати  (или да е блиску) до растот на платите;
     2. Да се објави војна на фармацевтската мафија и да се намалат најмалку за 50% цените на лековите (ретки се пензионери кои не е на лекарства!);
     3. Гилотина за извршителите, кои душмански го дерчат народот;
     4. Сет на мерки за бенефиции на жените-мајки, жените-работнички, жените претприемачи;
     5. Посебен однос кон земјоделците:
a) гарантиран откуп на целокупното производство по гарантирани цени;
б) субвенции за гориво, семенски материјали и хемикалии;
в) забрана за увоз или високи царини за увоз на тутун /за стимулирање на тутунопроизводството кое е во драстично опаѓање/; стимулирање на раноградинарски производи и традиционални култури како ориз, грав, јаболка и сл.
      Големи стимуланси за конзервната и преработувачката индустрија;
      6. Сет мерки за младите и спортот. Да се стимулираат организации како извидници и феријалци, за јакнење на патриотизмот и љубовта кон татковината кај најмладите; изучување на странски јазици и компјутери и сл.
      7.  Да ја претвориме Македонија во еколошка оаза, воспитувањето да започне од предшколска возраст, а екологијата да биде секојдневна тема со спотови и прилози на домашните телевизии!
      8.  Ме загрижуваат состојбите во САД! Mасовните демонстрации и манифестации на граѓанска непослушност, според новинските агенции негативно влијаат на популарноста на претседателот Трамп и ги намалуваат шансите за негов реизбор во ноември годинава. Состојбите со до сега невидениот излив на гнев, за што категорички тврдам дека се внимателно оркестрирани и спонзорирани од “длабоката држава”, само ескалираат и постануваат се поагресивни (рушење на споменици, напади на полицијата и сл.).
Дури регистрирана е и изјавата на бившиот државен секретар Џон Кери, демократ, кој рече дека:”Доколку победи на изборите, Трамп ќе се соочи со вистински пекол”.
Состојбите во американското општество, особено во контекст на престојните претседателски избори ме загрижуваат во прв план заради нас самите, овде во Македонија! Длабоката држава не тормози повеќе од една декада, ни наметна преку Тирана некаква платформа (платформа на ЦИА), двојазичност, промена на името и уставот, а токму таа ни ги интронизира (ги намести на позиција) Катица Јанева, Зоран Заев, Стево Пондаровски, Никола Димитров….. Ете, токму заради тоа и сум загрижен, ова зло да не има второ полувреме!!!
Опстанок на Трамп на опозицијата Претседател на САД ќе значи не само шанса за спас на Македонија, туку и за самиот него лично можност со пресметка и докрајчување на длабоката држава, глобализмот и сите црни сценарија на сатанистите од Вашингтон и пошироко.
Затоа Македонци во Америка и Американци од македонско потекло во САД се надевам знaете за кого треба да гласати во ноември годинава!? За Трамп, се разбира!!! Тоа, воедно, ќе значи и глас за спас на Македонија!!!
М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top