Коментари

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – 78

Martin Trenevski 1

1martin1

НАВИЈАЧКИ АНКЕТИ СО ФАЛШ ПОДАТОЦИ

1. Како што наближува денот на вонредните парламентарни избори 15ти јули, пропагандната војна на партиите во Република Македонија добива се повеќе на жестина. Во тоа секако предничат агенциите за испитување на јавното мнение кои – зависно кој ги плаќа, објавуваат наводни показатели за расположението на граѓаните, но не според нивното објективно мислење, туку според газдите што ги финансираат истите.

На очигледниот навивачки став во анкетата на канцеларијата на Институтот на Републиканската партија во САД ИРИ во Скопје, во полза на лицето З.З., му се приклони со анкета и фондацијата на Демократската партија на САД, НДИ, која исто така му дава наводна предност според популарноста меѓу граѓаните на лицето З.З.

Врв на комедијата наречена анкети за популарноста на партиите и нивните лажирани податоци за популарноста на политичарите пред вонредните парламентарни избори секако се резултатите на Брима-Галуп каде големо влијание има Ѓорѓи Спасов, поранешен ген-сек на СДСМ, а истата на лицето З.З. му дава наводна предност од дури 6,2 % од анкетираните граѓани, споредено со популарноста на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски!? Е арно ама, македонските истражувачки новинари, вредно трагајќи по вистината утврдија дека БРИМА-ГАЛУП воопшто  н е  с п р о в е л а   анкета , туку објавените “резултати” биле – просто речено, истресени навијачки, од ракав!!!

На овие непримерни местенки, како ладен туш им дојдоа податоците од најопсежното испитување на јавното мислење што го направи во Македонија реномираната и високо професионална Американската агенција “Меклафлин и Асошиејтс” (McLaughlin & Associates), блиска до претседателот Доналд Трамп, со над 6.000 испитаници, која утврди дека во пет од вкупно шест изборни единици убедливо водат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ!.

Е, сега што правиме? Очигледна е нервозата кај власта на заминување дека на 15ти јули народот ќе ги казни за сите зла и понижувања што му ги нанесоа од кога “длабоката држава” со подршка од соросоидите во Брисел ги устоличи на власт. А така устоличениот властољубец – лицето З.З., се однесува како мајка да не го родила, туку како да е растен во саксија:  Не понижи сите со ред кои си ја сакаме својата земја и нација; ги навреди “шарените” кои всушност и го донесоа на власт, а не ги поштеди ни малцинствата! И после сите недела што ги стори, тој (З.З.) очекува дека ќе добие втор мандат!? Нема шанси!!!

Апелирам до опозицијата сепак да бидат внимателни! Бидејки – Лицето З.З. не испорачал се заради што и е донесен на власт и што се барало и очекувало од него според сценариото за разнебитување на Македонија! Не исклучувам валкани дејанија како што беа, на пример: анкетите на ИРИ и НДИ, но да се потсетиме и на формирањето на коалицијата СДСМ-ДУИ од страна на амбасадорот Џес Бејли, начинот на којшто беше избран спикерот Талат Џафери однанога и без потребен број гласови на пратеници, и уште многу, многу полоши примери! Јасна е целта на “длабоката држава” лицето З.З повторно да го устоличат на премиерската фотеља за да си ја заврши валканата работа за што е подготвуван! Таков измеќар и слуга на туѓи интереси факторите од надвор тешко дека ќе можат да најдат уште еднаш!

2. Партиите на Албанците во Македонија (а не “Албанските партии”, бидејки албански партии има во Албанија, а не во нашата држава) се вон контрола во својот предизборен занес. Зијадин Села, познат по своите ептен екстремни ставови, најави “само албанска влада”, т.е. влада на Македонија составена – според него, само од Албанци (таква работа не може да има ни на Косово, а камо ли кај нас!), а марксистот-ленинист и поранешен лидер на терористичката ОНА Али Ахмети (А.А.) се заложи Македонија да добие нова, двојазична химна!? Тоа, според Ахмети, ќе го реализирал првиот премиер Албанец, како еден од врвните приоритети со што ќе се одразувал мултиетничкиот карактер на земјата!?

Не сум убеден дека ова е автентична идеја на А.А. или повторно е идеја на инплантите на “длабоката држава” во Република Македонија, од каде тој континуирано добива инструкции според сценариото за разнебитување на нашата замја и за креирање на американски модел на нација во Македонија!? Но, судејки по големите и до сега невидено деструктивни немири во САД, очигледно е дека “длабоката држава” сеуште е и тоа како многу жилава и длабоко присутна во клучните сектори на надворешната политика отаде барата, а тоа може да се почуствува глобално, насекаде каде што има пуштено свои пипци, вклучувајки и во Република македонија!

Али Ахмети не застана само за рекомпонирање на националната химна, туку посегна и по најголемата светиња на Македонците – Гоце Делчев! Според Ахмети, кога им се обраќал на Албанците, “Гоце носел    кече”!? И во оваа прилика, а и по повод на оваа изјава, пак ќе прашам:”Дали истата (изјавата на Ахмети) е продукт на експонентите на “длабоката држава” инфилтрирани во нашето општество”? Такво нешто не исклучувам, а судејки според случувањата и кај нас дома, но и преку барата, “длабоката држава” е во паника од повторниот избор на Доналд Трамп за претседател на САД и во наредните четири години, бидејки тој цврсто се завети дека ќе ја уништи од корен.

3. Лицето З.З. не престанува да жонглира со термини коишто не ги разбира! По ексклузивната изјава дека партијата што ја предводи –  СДСМ, била “мултиетничка партија”, најнов бисер што го лансираше тој во предизборните кампањи е дека во Mакедонија имало “Мултиетнички народ”.

Ред е некој од поучените поединци во СДСМ (ги има еден куп, на пример од Правниот факултет) да  си го подучат нивниот лидер да разликува што значи поимот “народ”, a што поимот “нација”, за да не треси зелени, особено не во текот на предизборната кампања!

4. Предизборните кампањи на партиите, особено на малцинствата во Македонија и сите небулози што беа искажани до сега неминовно наметнуваат неопходност од итен попис на населението!!! Ред е да се преброиме и да знаеме колку сме, ако сакаме да си ја средиме државата според меѓународните норми и стандарди, а не да зависиме од ненаситната воља на некои малцинства.

Време е да се стави крај на насилието на малцинствата врз најбројниот македонски народ, и да се сконцентрираме на економијата и благодетите што ќе ги уживаме сите, рамноправно, без разлика на верска и етничка припадност, наместо да се исцрпуваме со национализми и екстремизми од одредени (особено од малцински) партии кои само создават поделби и омрази меѓу нас, граѓаните.

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top