Коментари

Црешово топче

1svekrva copy copy copy copy

1abСвекрва

Црешово топче е артилериско оружје чие тело е во целост направено од багрем или цреша.

Тоа нема значајна борбена вредност, бидејќи дрвото се распрснува под дејство на експлозијата после само неколку истрели. Вакви топчиња биле произведувани непосредно пред Илинденското востание. Црешовото топче имало значење во охрабрувањето и подигањето на моралот на востаниците, а денес е легендарен симбол на решителноста на слабо вооружените востаници да се спротивстават на далеку помоќниот непријател за слободата на својата земја.

Непосредно пред Илинденското востание, Крушевското горско началство одлучило да се направат топчиња од дрво. За таа цел „офицерчето“ Тодор Христов направил специјална скица, а Никола Карев го повикал војводата Цветко Стојчев од селото Селце и му наредил според скицата да направи топ. Цветко со Тодор Борјар и други мајстори од арсеналот во Селце исекле две големи цреши и направиле 7 трупци. Бидејќи немало време, трупците ги ставиле да се сушат на жешкото јулско сонце, па суровите црешови трупци се распукнале. Трите позачувани трупчиња ги засолниле под сенка, од кои уште недосушени, направиле три црешови топчиња. Црешовите топчиња од Селце биле долги 150 сантиметри, тешки околу 20 килограми, при дното и при врвот биле оковани со железни обрачи. Се полнеле со крупен барут, а како топовски зрна биле употребувани ѓулиња од кантари.

Најмногу дрвени топови биле направени во крушевскиот реон. Таму во селото Селце биле направени седум, а во самото Крушево шест топа. Непосредно пред и во текот на Илинденското востание во 1903 година за период од два месеца вкупно биле направени 17 црешови топови. Сите дрвени топови имале различни димензии. Должината им била од 80-150 сантиметри, тежината од 20 до 70 кила; калибарот во зависност од муницијата, главно колку џуле од селски кантар или бомба од битолската бомболеарница што ги изработувал Новак или пречник од околу 9 сантиметри. За да се зголеми отпорноста топовите биле зацврстувани со железни обрачи.

Во подготвителниот период за Илинденското востание биле направени повеќе дрвени топови. Меѓу првите, по сопствена иницијатива, црешов топ направил монахот Григориј од манастирот св. Јован Бигорски. Во селото Кленоец, Кичевско бил направен еден дрвен топ во должина од 12 педи. Тој се полнел со шајки и ситни парчиња од железо. Од тој топ востаниците во селото на 29 август 1903 година успеале да испалат четири истрели по што топот се распрснал. Во селото Лактиње, Охридско по наредба на Охридскиот востанички штаб 18-годишниот Трпе Даневски, заедно со уште двајца селани за кусо време направиле четири црешови топови. Должината на овие топови изнесувала околу 150 сантиметри, тешки по 70 кила. Кога биле издлабени, ковачот Мустафа ги зацврстил со осум железни обрачи. Потоа им направил ногарки. Двата подобри топа биле префрлени кај Издеглавје во близината на големата “мирдирница”, односно турската административна управа и жандармериј. Со првото полнење и првиот истрел не успеале. При второто полнење востаниците добро го набиле барутот и наместо ѓуле, ставиле кугла од кантар. Кога фитилот бил запален во долниот крај на топот, одекнал силен грмеж, а куглата летнала право во мирдирницата и ја пробила. Настанала паника меѓу Турците и бегање. Меѓутоа, по неколку силни експлозии црешовиот топ се распрснал, а тоа истото се случило и со вториот црешов топ.

Дрвените топови најчесто биле правени од див бадем и дива цреша кои биле многу цврсти, особено кога се суви. Се водело сметка јазлите, со оглед на тоа дека тие овозможувале уште поголема отпорност и му давале цврстина на дрвото, да останат при врвот или при дното на топот, таму каде што е најсилен притисокот на цевката. Постоеле различни начини на изработка на дрвото, односно на цевката на топот и главно се применувале кога за тоа имало доволно време. За изработка на топови се земале најдебелите и најправите трупци од дрвото. Трупецот се длабел за да се добие форма на цевка. Однадвор се засилувал со метални обрачи.

Една од причините поради која се распрснувале дрвените топови е тоа што по истрелот топот не бил чистен и тогаш во следното истрелување неминовно доаѓало до распрснување на топот. Дострелот на овие топови главно изнесувал 400 до 500 метри. Положбата за поставување и зацврстување на топот се бирала главно на истакнати, возвишени места кои давале добра прегледност до објектот на нападот.

Единственото црешово топче кое го преживеало востанието е она што во 1903 турскиот аскер го заробил по битката со востаниците кај месноста Слива, Kрушевско, откако цела востаничка чета загинала бранејќи ја отстапницата во збегот на населението од Крушево. Тоа црешово топче тогаш Турците го пренесле во Воениот музеј во Истанбул и таму се наоѓа до денес. Првиот Македонец кој го видел Црешовото топче, кој всушност успеал да открие каде тоа се чува, е полковникот Ванче Стојчев, професор на Воената академија во Скопје. Тој на 2 јуни 1997, заедно со една воена делегација бил во Истанбул, па отишол и во Воениот музеј и побарал да му го покажат Црешовото топче. Иако не било дел од изложбената поставка на музејот, кустосите го нашле топчето и му дозволиле на полковникот да го фотографира.

Во 2003 година, по повод 100-годишнината од Илинденското востание, Црешовото топче од музејот во Истанбул било позајмено на три месеци за изложба во Музејот на Македонија.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top