Коментари

Светислав Васев: Трула коалиција

19013

6760Светислав Васев

Денеска по редица уставни и законски прекршувања, СДСМ успеа да ги уцени ДУИ за влада. Да, СДСМ и ДУИ ќе влезат во коалиција, оние кои едни за други зборуваа дека се криминалци, дека не вредат ни пет пари, и дека искажаните навреди нема да си ги заборават.

Коалиција која не се темели на програми и визии, туку на желбата за гола власт по секоја цена. Власт која треба да ги спаси од одговорност за кривичните дела во кои заглавија до гуша, власт која треба да биде последната сламка за спас за политичарот со најмногу аболиции.

Што одбележа владеењето на СДСМ – ДУИ до сега?

– Криминал

– Рекет

– Корупција

– Политички затвореници за 27 април

– Непотизам

– Нефункционално здравство и најмногу починати по глава во жител од Ковид 19 во ЈИЕ

– Девастирано образование, со немање свој Универзитет во првите 1000 на Шангајската листа

– Пари од култура кои завршуваа за песни за УЧК

– Запалени автомобили

– Убиства

– Наместени тендери

– Пропаднати банки

– Работници на улица

Листата на негативности е долга, ќе фати еден километар пишан текст. Секој еден од вас го почуствувал теророт и лудилото на оваа власт.

И што понатаму?

Системот кој го воспоставија ќе продолжи да функционира! Зошто? Затоа што пријатели мои ние му дадовме легитимитет. Затоа што додека некој се бореше против Заев и СДСМ некој преговараше со нив, и свесно минираше позиции. Затоа што заради лични причини некои наши сограѓани решија гласот наместо за ВМРО да го дадат за некоја од помалите политички партии и со тоа несвесно гласаа за Заев, а тоа беше планот. Да ви го разводнат гласот, за да може да продолжат непречено на ограбуваат се, се што ќе стигнат!

Криминалот на СДСМ ќе продолжи и затоа што дел од народот рече сите се исти. Е заради свесно наметната теза од СДСМ – сите се исти, поради која не гласавте, сега сите заедно ќе мора да бидеме сведоци на најголемата пљачка во историјата на Македонија, поголема дури и од таа спроведена во транзицијата.

А ние? Што ќе правиме ние да го спречиме тоа? Одговорот е јасен! Ќе се спротивставиме со сите сили. Но затоа ни е потребен народен фронт, а не разединување.

Доаѓаат денови кога ќе се обидат да го ситнат ткивото на ВМРО, да создаваат кавги, свесно да подметнуваат и што ли уште не. Но ние мора да издржиме. Победата ќе дојде. После овој трнлив пат, немаме друг избор освен да се бориме и да победиме, народот да победи. Да ја вратиме Македонија на народот.

Секој кој ќе застане против блокот кој го води ВМРО застанува со Заев. Застанува и дава легитимитет на сите погрешни политики, криминал и невиден грабеж.

Дали имаме сила? Да имаме! Имаме и знаеме како! Одговорот на овој криминал мора да дојде од народот. ВМРО е столбот! Дојдете! Заедно ќе ја вратиме државата на народот и ќе воспоставиме принципи.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top