Коментари

ЕУ мора да се свести дека со СДС нема напредок на Македонија,

1svekrva copy copy copy copy

1abСвекрва

По изборниот инжинеринг на последните парламентарни избори, Македонија доби ново мнозинство во парламентот со стари криминални кадри за кои меѓународната заедница молчи.

ЕУ молчи за изборниот фалсификат што го направија социјалдемократите, а ОБСЕ само го потврди изборниот резултат. Со помош на истата меѓународна заедница, пред три години Никола Груевски, беше сменет од власта наводно поради криминал, а каква ли иронија, за возврат беше донесен на власт човек кој беше аболиран за криминал.

Откако со години го одложуваат приемот на Македонија во европското семејство и поради начинот на практукавње на европската правда, македонскиот народ ја изгуби довербата во ЕУ. Едноставно, ЕУ нема кредибилитет кај Македонците, бидејќи ги поддржува луѓето како Заев, луѓе кои без око да им трепне го сменија името и идентитетот на македонскиот народ и тоа само заради личен интерес, но и за да избегаат од рацете на правдата. 

ЕУ мора да води далеку поодговорна политика, особено на Балканот, и не смее да толерира неправди кај своите членки и кандидатите за членство во унијата. Таа не смее да дозволи постоење на криминогени структури во власта, кои состојбите во Европа можат да ја искористат за сопствено богатење. Особено не во една кревка држава како што е Македонија, зошто лесно може да се запали бурето барут и да го зафати не само регионот, туку и пошироко. 

Очигледно е дека ЕУ се обидува да ја контролира Македонија и регионот со пасивизирање на одредени политички играчи. Меѓутоа, денес во Македонија цвета крининалот и корупцијата, а Македонецот во сопствената земја стана граѓанин од втор ред. Без разлика колку тој се иселува, народот кој останал дома уште долго време нема да може тоа да го трпи. Тој е како зовриен експрес лонец,. Кога тогаш притисокот ќе излезе на површина. Ниту една власт нема да може да ја спречи експлозијата, а тогаш од играчка ќе стане плачка..  

ЕУ мора да се освести додека не е доцна, оти со СДС и нејзините коалициони партнери нема играње. Со нив нема напредок ни на  Македонија, ниту на регионот. Со своите „историски“ потези, договорите со Грција и Бугарија, потоа Тиранската платформа, СДС ја направија земјата ранлива и им ги отвори апетитите на соседите.  

Македонија денес е земја во која владее безвластие (не се почитуваат Устав, закони), земја во која владеат криминогени структури. Тие во свои раце ја имаат законодавната, извршната и судската власт.  

Молчењето на ЕУ кога СДС ги прекршува Уставот и Законите им нанесува штета на сите. Така наместо европеизација на земјата, ЕУ му дозволува на СДС всушност да врши балканизациија на Европа.

Доколку ЕУ сака да има мир на Балканот и во Европа, треба да пресече и да дозволи опозицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ да ги врати европските вредности во земјата.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top