Коментари

На народот косата му побеле, очекувајќи подобар живот од СДС

1svekrva copy copy copy copy

1abСвекрва

На народот косата му побеле, очекувајќи подобар живот од СДС

Македонија доби нова влада на чие чело е аболиран политичар. Староновиот премиер Зоран Заев ќе ја предводи владата која има помалку министерства од минатата, но тоа нема да ја направи поефикасна власта, само ќе им овозможи поголеми парчиња при поделбата на колачот меѓу СДС и партнерот. Со нив во владата агонијата во земјава продолжува бидејќи тие тешко ќе можат да стават крај на криминалот и корупцијата.

Новата влада предводена од Заев најавува период на трансформација и европеизација на земјата во наредните години. Ветуваат поголеми плати, вработувања, „промени кои носат напредок и развој, светла иднина за нас и нашите деца“. Исто така, велат дека го слушаат гласот на народот и неговите потреби. Меѓутоа кога се во прашање социјалдемократите тоа се само пусти ветувања, кои тие по традиција никогаш не ги исполнуваат.

Од осамостојувањето до денес, секогаш кога социјалдемократите биле на власт, се што ветиле не исполниле. На обичниот народ косата му побеле, очекувајќи да дојде малку подобар живот со нив. Но, наместо подобар живот, тие не само што ја губеа егзистенцијата со затварањето на фирмите, туку го изгубија името и идентитетот.

Иако челниците на СДС постојано велат дека го слушаат гласот на народот и се колнеа дека нема да го сменат името, тие тоа го направија без разлика што народот јасно се изјасни на референдум дека е против промена на името.

Ништо не е чудно, кога СДС е во прашање. Таму се лица без чувство на припадност, без национален идентитет, без национална гордост, безрбетници и влекачи. Тоа се луѓе кои се способни се што му припаѓа на македонскиот народ да го стават на распродажба.

Со такви политичари не случајно Македонија се најде на врвот на листата на држави со висок степен на корупција, како и со уништен бизнис амбиент во земјата, кој покрај светската пандемија е нарушен и со масовно ракетирање на успешни бизнисмени.

Македонецот тоа го знае и се помалку верува во СДСМ. Така, оваа влада на Заев беше едвај скрпена и едвај изгласана во Собранието со 62 гласа. За да Заев ги обезбеди потребните гласови за изгласување на неговата влада, службите на Собранието мораа еден пратеник од редовите на ДУИ кој бил позитивен на Ковид 19 да го внесат во посебна просторија со посебен протокол за гласање.

Гласањето во Собранието за новата Влада и изборот на министри покажува дека оваа влада на Зоран Заев од старт нема да биде функционална и не ќе може успешно да се носи со сите предизвици кои ги носат пандемијата и економската криза.

Во пресрет на денот на независноста на Македонија 8 септември, незадовоството кај македонскиот народ во земјата и дијаспората расте, бидејќи  со Зоран Заев и СДС се погазија Уставот и Законите што доведоа да се изгуби сувереноста, независнста и самостојноста на Македонија и македонскиот народ. Таа денес зависи од тоа што ќе каже меѓународната заедница, ДУИ и локалните моќници, но не и од Македонецот, кој стана граѓанин од втор ред. 

Сето тоа, како и проблемите во судството, здраството, образованието и економијата ќе бидат клучни проблеми со кои новата влада ќе треба, но не ќе може да се справи. Тоа ќе акумулира доплнителен гнев кај масите. и ќе дојде денот кога народот повторно ќе излезе на улица. 

Затоа се очекува Владата на Заев да не трае долго.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top