Коментари

Марија Емилија Кукубајска: СТАР БЕЛ ДЕДО

1emilija

1emilija

Марија Емилија Кукубајска: СТАР БЕЛ ДЕДО

(спрема народната македонска песна)

Стар бел дедо овци пасе
горе на Пирина.
Стадото му кротко пасе
трева детелина.

Стари дедо с’ кавал свири         
свири и нарежда:
– Де е Гоце, де е Јане,
нашите војводи?

Де е Гоце, де е Јане
нашиот цар пирински?
Знамето ни да развеат
за Македонија.

Стар бел дедо кавал свири горе на висини, доле на падини. Храбар народ мудро слуша, а во душа вечен огон гори кога дедо и свирка и солза лее за слободата на Македонија: Секој има стар бел дедо н’ овој нелесен и бесен свет, а има сега и многу што не знаат за дедовци, а и не се каат што не можат и не знаат кавали на мирот да слушаат место децибели дискосани нездраво што палат и рушат – и мудрост и мир и тело младо, и дело старо… 

Та и сега, одново ли печалбари деца наши да стануваат, и одново бегалци од својата земја! Подло не’ препудуваат, прогонуваат, одродуваат туѓи сили „тајни“! Знаеме сепак ние, и можеме, слобода да чуваме, иако само во срце се радуваме – в’ срце татковина носиме, и во туѓината таму на тој Запад кој гори, и се лизга, поплавува полиња славни. Останува во нас повеќе од надеж – вербата, дека сме, свој род, народ наш, свој идентитет имаме, дел сме од човештвото, Божје. И УНХЦР,  ни’ тврди (нели?) дека имаме право човечко на себе да припаѓаме: „It’s not a privilege, it’s a human right. To belong“. 

Стар бел дедо македонско знаме носи, на градите – значка на мирот, на чело му мудро сонце грее, а душата му за слободна Македонија пее, и кога е во Beverly Hills ресторанот вештачки, со внучето и фамилијата природни, како и во Полска, и во полето, на нива Песок, .на ливада медна. Ехх, таму, во некогаш златен Холивуд, заразни лудила летаат сега, лилјаци отровни. Но ни дедо ниту нас, не не’ фаќа жед за слава. Таква его-лава, е поплава апокалиптична, душа купува од тела продадени, за филмови на лагата. Но, значењето и здравјето и војводството на дедо ми и децата наши – од природен корен се, илјадници години разумно растени од минералите на лорандит, и од бањи минерални на Кежовица, од детелини на планините студни, страдни, снежни, а сепак зачувани меки, топли и непресушни извори на љубов и род за народот наш. Дедото мој македонец, поубав е и од Кларк Гејбел, и поумен од ракетни научници, побогат од милијардерите, тие, најсиромашните, зашто без душа се. Знае дедо ми, дека е свој на земја своја, дека земјата и ливадите, афионите и авионите, сепак остануваат во раце на Бог, не во сопственост на арамиски, змиски гог-магог, и лажен и туѓ ГосподАр. Стар бел дедо не продаде земја на Рајко-Петко, на зли, завидливи браќа, ни на Набили Хусеини, ни на новодобски Худини…

Смирено – со мислата, со моќта на предците свои, дедо достоинствено стои, достоен на гените генијални, колосални, иако во (за)падната Виена не можел да студира оти останал земја да чува, на семејството глава да биде. И барабар со дедото негов – имот да зачува уште од мал. Иако сираче на пет години останал, а татко му мачен и убиен револуционер, продолжил дедо ми, имот и род да сади, од младински гради до неуморна старост, срцето кога му пукало од нови тирани со нивните тапани тупави, и од подли удари и оѕверени глутници искачени на владеачки скали, а за тон и нота – глуви, без зрно здрав звук на разумот. Јас сум внук аирлија, а дедо ми мој не е саирлија, и  – никогаш не бил поткупен од нечисти земни сили. За мене, и за сите добри луѓе н’овој бели светот – дедо ми е лидер на светлото, на доброто. Љубов сее, напредок жнее, и радости што е Божји човек, од Евро-Азија, до Африка и Америка, мојот дедо над името наше македонско бдее и одозгора.  

Еве, и од оваа слика, сега тој, од онаа страна на вселената: ме вика, да славиме – со нашата храна за срце, за ум, за народни думи и песни. Од Палм Спрингс до Бенгази, од Штип до свети Петроград, и низ пустини – го гледам: босоног гази и воспитува за восхит на вљубените во народна правда… Дедо ми се измил очи и во планински извор, и нозе измил во Средоземно море, и во Тивок океан. Брестов корен има родот на дедо, благороден, благ, мисловен, јак, високо развиена свест, чудесна чест, слух за природата на човечноста, за плодно топење на мразот и снегот, за поплави против утопии на брегот лев. Знае дедо, од фантазии дека не се живее, туку од работни дела. Знае мојот сериозен дедо – и од радост по мене да плаче, и од мака зарипнато да липа, да болува што и мене можеби ќе нема еден ден кој да ме чува, освен Бог, освен вселената која гледа, слуша се’, која не се уморила од простување на грешките братоубиствени, на борците платеници инплантирани – за нови поредоци да бушат, палат, рушат, без ред и без мир, во име на нечија слобода. Но, дедото мој, дедото наш, непокајно добар е, нескршено исправен, секогаш порти ни’ отвара, од срцето до умот, до универзумот – со песна на љубовта, со љубовта за музика на вечноста, вечност и на овој свет, меѓу овој род на мојата родна земја Македонска. 

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top