Коментари

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – 85

Martin Trenevski 1

1martin1 ВО МАКЕДОНИЈА ВЛАДЕЕ КРИМИ-ДИКТАТУРА

1. Старо-новата владеачка клика во Република Македонија што се наметна на власт по најспорните и најнелегитимните парламентарни избори одржани на 15ти јули о.г. не почека ни миг за да го покаже своето грдо лице на криминогена номенклатура со диктаторски стил на владеење! За само неколку дена од конституирањето, градското  собрание на Тетово експресно ги донесе сите неопходни одлуки за да може контроверзниот црногорски бизнисмен Дака да гради комплекси со 2.ооо станови и огромен деловен простор, а како противуслуга локалните властодршци (во Тетово локалната власт е во рацете не ДУИ) ќе бидат “наградени” со два милиони евра во готово и 2000 квадрати деловен простор.

   Свесни дека власта им е на стаклени нозе со само два пратеници повеќе, власта за да влева лажен авторитет и страв веќе применува методи на кои може да им позавиди и Лукашенко од Белорусија. За да го дисциплинира деловниот свет – осакатен по сите основи од пандемијата со вирусот и лошите економски политики на владата, власта за почетокот одлучи со посредство на Народната банка да ја затвори Еуростандард банката (во која е заробен капитал од над 200 милиони евра), наместо барем да се обидеше да ја спаси, бидејки во неа свои пари имаат над 130 илјади штедачи и пензионери!? 

     Диктатурата не би била диктатура без примена на насилие: крвнички беше претепан поранешниот претседател на градскиот комитет на СДСМ, а сега нивни најголем критичар Љупчо Палевски; приведени се во полиција на сослушување и физички малтретирани 16 млади фудбалски навивачи – “Комити”. заради наводни непристојни (!) извици (не се сеќавам дека некој од навивачите “Балисти” одговараше за демолирањето на Mакедонскиот народен театар и беше приведен или повикан на разговор!?). Врв на диктатурата секако е осудата на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска на четири години затвор бидејки, замислите:”влијаела при донесувањето на одлуката за купување на 600 илјади вреден блиндиран мерцедес” и тоа за службени – протоколарни потреби!!! По идиотска судска поресуда, од оваа, морам да признаам, во животот не сум чул, што само себе е потврда дока во македонското судство се носат политички одлуки, а не пресуди според логиката на законот! Тоа што многу често се палат автомобили на политички неистомисленици ширум Македонија постана редовна пракса!!!

2.  На диктатурата во Македонија голема подршка и дава актуелната владеачка номенклатура во Бугарија. Тие повторно ја активираа антимакедонската кампања па дури испратиле некакво писание /меморандум/ на шест страници до сите членки на ЕУ во кое го спорат македонскиот јазик, македонската нација и македонското малцинство во Пиринска Македонија! Но бугарите со тоа писание предизвикаа бурни реакции и во Македонија, со што успеаја да го дефокусираат вниманието на македонската јавност од последиците на владеењето на неспособната и злосторничка старо-нова влада на лицето Зоран Заев (З.З.) . На тој начин бугарите буквално одработуваат за лицето З.З.! А како и не би? Па З.З. веќе им има ветено дека ќе им го подари Гоце (Делчев), а ќе попушти и за јазикот (само се чека правиот момент да го стори тоа).

3. Бугарската антимакедонска хистерија достигна до тој степен што бугарите сега почнаа да лансираат измислици дека во Македонија, по војната, постоеле концентрациони логори во кои, според нивните тврдења, биле убиени над 20 илјади бугари!? Да се крстиш и да не веруваш!!!

    За  љубов на вистината знам само за еден импровизиран конц логор што постоеше во Скопје, но истиот го направи бугарската фашистичка окупаторска власт во зградата од Тутунскиоит комбинат (зградата сеуште постои), во кој на 11 март 1943 година, во една ноќ, беа спроведени 7.180 евреи од Битола, Скопје и Штип, за на 23 март да бидат предадени на нацистите во старата скопска железничка станица каде беа стрпани во сточни вагони и однесени во логорот на смртта Треблинка, во Полска.

     На оваа тема објавив и книга на македонски и англиски јазик (ХОЛОКАУСТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ЕВРЕИ – ЗЛОСТОРСТВО ШТО НЕ СЕ ЗАБОРАВА, Нампрес, 2018) полна со документи и илустрации за злочините на бугарските фашисти над македонските евреи и лично му ја испратив на Денот на победата над фашизмот 9ти мај на премиерот на Бугарија г. Бојко Борисов за малку да го просветлам (Во бугарското школство не учеле за злочините што бугарската фашистичка власт ги сторила во окупираните територии!?). Од него никогаш не добив повратен одговор.

4.  Многу интересен развој на настаните во македонското Собрание. Четири пратеници од членката во  владината старо-нова коалиција “Беса” ја напуштија пратеничката група со СДСМ и најавија дека ќе дејствуваат како посебна пратеничка група!?

     Иако самите тврдат дека тие, наводно, не ја напуштаат пратеничката група на владеачката коалиција, сепак треба да се следи многу внимателно развојот на настаните во Собранието и доколку овие пратеници, а можеби уште некои го напуштат мнозинството – опозицијата веднаш да побара во Собранието гласање за доверба на владата и да работи на нејзино туркање. Бидејки, оваа збирштина од влада, што во голема мерка е резултат на подземното делување на елементите на длабоката држава инфилтрирани во нашето општество, или како гости со дипломатски статус, не заслужува ни 100 часа мир, а не пак 100 дена, за да не продолжи да ги распродава македонските вредности и историски ликови!!!

5.  Во соседството, веќе трет месец секојдневно се случуваат масовни протести против корумпираната влада на Бојко Борисов (некои медиуми тврдат дека Борисов, наводно, “тежи”  3,8 милијарди долари). За да го дефокусира јавното мнение во сопствената земја, Бугарија им испрати некаков документ на шест страници /меморандум/ на членките на ЕУ со барање истиот да бил инкорпориран во тезите за преговарачката рамка на ЕУ со Македонија.

     Документот беше пречекан со презир и оценет како “неевропски” од мноштвото членки на ЕУ, а најкатегоричен беше ставот на Германија која јасно им даде на знаење на бугарите дека билатерални спорови не може да се наметнуваат во преговарачка рамка за членство на земја-кандидат во ЕУ.

     Сепак, најдециден беше германскиот историчар Улф Брунбауер кој порача дека: “Бугарија провоцира глупав конфликт за целосно измислени проблеми”! Според Брунбауер, Бугарија турка националистички поглед на историјата и културата врз друга земја и народ! Германскиот професор смета дека Бугарија го прави тоа поради внатрешните политички превирања во земјата што нема никаква врска со Критериумите од Копенхаген или кои било други критериуми кои треба да исполни земја-кандидат за членство во ЕУ.

     Зошто меморандумот, на пример, не ја споменува бугарската окупација и угнетување, и воените злосторства во Македонија, прашува Брунбауер!? Според него, индикативно и анахроно е бугарското  разбирање на историјата во овој меморандум според кое се бара од македонската страна да го прифати бугарското гледише дека Македонците и Бугарите имаат „заедничка“ историја, нагласува професорот Брунбауер.    

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top