Коментари

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – 91

Martin Trenevski 1
1martin1
НЕПРИНЦИПИЕЛНОСТА НА “ПРИНЦИПИЕЛНАТА” EУ
1. Европската Унија е на распетие. Не “ладен”, туку екстремно “врел туш” што им приреди Обединетото Кралство со “брегзитот”, а сега овој ексклузивен клуб со седиште во Брисел се соочува со предизвик којшто дирекно ги загрозува неговите темели. А тоа е бугарското уценување на почетокот на преговорите за членство на Република Македонија во ЕУ!
    Замислена како мировен проект од Атлантикот до Урал во  – од војната разрушената Европа, реалноста покажа дека на стариот континент некои региони се сеуште ментално со паметот во 19от век, во векот на војни и освојувања, распад на големи империи и создавање на бројни нации, како и тежненија на други нации за остварување на нивнте вековни соништа.
   Но татковците на идејата за обединета Европа, Роберт Шуман, Конрад Аденауер, Шарл де Гол и други, чиј зародиш беше Заедницата за челик, во својот паневропски занес не можеа ни на сон да претпостават дека таму долу, на Балканот, нивните идеи за помирување, толеранција, меѓусебна почит и соработка се практично фатаморгана (?), бидејки некои земји од тој регион, патем некритички, незаслужено и прерано примени во тоа ексклузивно друштво заради некакви сојузништва и партнерства од порано, сеуште се со мислите и ставовите во ерата на освојувањата, грабежите и присвојувањата на туѓи вредности, територии, културни и духовни наследства.
   Конкретно мислам на однесувањето на една Бугарија, со актуелно раководство чиј ум е сеуште во ерата на диктаторот Тодор Живков, земја која и денес е лидер во ЕУ по корупција и непочитување на човековите порава на малцинствата но, (ова е за рубриката: “да веруваш – или да не веруваш”) како членка во ЕУ и заради фамозниот консензус во одлучувањето, истата таа Бугарија е во позиција да не условува нас со нејзините СанСтефановски соништа, со барања што се вон здрава памет за мнозинството од членките во Унијата. А за критериумите и високите стандарди на ЕУ и да не зборуваме.
   Како што наближува крајот на германското претседателство со Унијата, се поинтензивни се отворените закани на Бугарија дека ќе го блокира почетокот на преговорите за членство со Република Македонија, доколку нашата земја не ги прифати бугарските ставови за македонскиот јазик, наводното непостоење на македонско малцинство во Пиринска Македонија (А што стана со над 170 илјади Македонци колку што се декларираа во пописот од 1957 година!?); со негирањето дека извршија злосторства во РМ како фашистички окупатори во Втората светска војна; со барањата за бришење на написите на спомениците, музеите во РМ и сл.
    Неспорно е дека германската дипломатија прави сериозни напори да влијае на промена на бугарскиот став со што ќе се овозможи почеток на преговорите за членство на РМ во ЕУ и би се крунисало германското претседавање со Унијата. Но последните пораки што пристигнуваат од Берлин предуредуваат: германската дипломатија во еден период инсистираше на ставот дека проблемите на нашата земја со бугарските уцени биле “билатерално прашање”  и засегнатите страни требало “сами” да ги надминат недоразбирањата!? Тоа укажуваше дека оваа земја за која почитувањето на принципите се алфа и омега на нејзината политика, дека одстапува од тие принципи во полза на земја (Бугарија) нејзин илјадагодишен партнер и сојузник, на сметка на земја- кандидат за членство (Македонија)!
   Во меѓувреме, званичен Берлин еволуираше во своите ставови па ги повика бугарската МНР Захариева и македонските министри Османи и Димитров со германско медиаторство да се обидат да најдат некаков компромис за да се избегне бугарската блокада на македонскиот поход кон членство во ЕУ.

   Колку за потсетување: токму Германија беше факторот што пресуди во спорот помеѓу Словенија и Хрватска за територијалната расправа за Пиранскиот залив! Словенија, која категорички го условуваше Хрватското членство во ЕУ со прифаќање на словенечките позиции, беше силно притисната од Германија тој проблем да се реши билатерално, меѓу двете земји, но и до ден денешен, после толку арбитражи и судски пресуди не е решен, но Хрватска постана членка на ЕУ.
    Да се надеваме дека Германија нема да не остави на цедило и во канџите на современиот бугарски национал-фашизам (не знам како на друг начин да ја дефинирам актуелната бугарска политика кон Република Македонија). Педантна каква што е, не верувам дека Германија не ги знае до најмалите детали сите аспекти на бугарската политика кон Македонија којашто покојниот М-р Драган Ташковски ја нарекуваше “културен паразитизам”, бидејки од создавањето на кнежевството Бугарија и откога царска Русија им направи држава, нивна (бугарска) главна преокупација беше, а гледаме од нивното однесување и сеуште е: крадење и присвојување на македонските вредности, ликови и настани и нивно прикажување како да се “бугарски”.

2. Бугарските позиции и алчност кон се што е македонско на наше задоволство не ги подржува ниту еден амбасадор на земјите членки во ЕУ, но од особено значење е што осуда на бугарските ставови е почеста и на страниците на угледни и многу влијателни весници. Така на пример, водечкиот Франкфуртер алгеманјне цајтунг (ФАЦ) констатира дека: Барањата на Софија за Скопје не му припаѓаат на 21 век и додава дека во Брисел се води спор што може да има сериозни последици за иднината на проширувањето на ЕУ! ФАЦ информира дека дека „Бугарскиот амбасадор во ЕУ веќе двапати им одржувал емотивни беседи на своите колеги за фактот дека преговорите за пристапување во ЕУ со Република Северна Македонија, кои требаше да започнат за време на германското претседателство, можат да започнат само откако земјата ќе ги исполни посебните услови на Бугарија. Во суштина, Софија бара Македонците да признаат дека всушност биле Бугари и дека зборувале бугарски јазик, пред да станат независна нација преку еден процес на историско фалсификување!? Во кругот на амбасадорите на ЕУ, настапите на бугарскиот амбасадор наидоа на неразбирање и чудење. Никој не му се приклучи, ни Грците, ниту Французите или Холанѓаните, кои пред една година го блокираа почетокот на пристапните преговори со Северна Македонија (и Албанија)“, заклучува ФАЦ.
    Според франкфуртскиот дневник – еден од највлијателните дневни весници во Германија, во Брисел сега се чудат зошто Бугарија не ги изразила овие забелешки уште во 2018 година, кога се решаваше спорот за името меѓу Македонија и Грција и во ниту еден случај не сакаат да го оптоварат пристапниот процес на земјите од Западниот Балкан со идентитетски прашања. „Во сите шест земји на Западниот Балкан кон бугарската политика се гледа со загриженост. Доколку во иднина сите земји-членки посакаат да им го наметнат својот поглед на историјата на земјите-кандидати, проширувањето ќе стане невозможно, затоа што и меѓу други земји во регионот постојат противречни историски наративи“, заклучува Франкфуртер алгемајне цајтунг.
    Кон осудите на Бугарија се приклучува со свој коментар и поранешниот шведски премиер и специјален претставник на ЕУ за поранешна Југославија Карл Билт – кој го искажа својот став дека: Со наметнување „историски вистини“ се кочи и се пролонгира европската иднина на Балканот!!! Според Билт: “Ако напредокот на Балканот кон ЕУ зависи од тоа дали една или друга држава ќе наметне некаква „историска вистина“, можеме да бидеме сигурни дека ништо нема да се случи за време на една или две генерации”!
3. Пријателсска Австрија доживеа невиден шок: На шест локации во Виена се случија терористички напади во кои загинаа неколку терористи и австриски граѓани, но и еден полицаец. На наше големо изненадување и осуда, еден од терористите, според податоците од австриската полиција, бил по потекло од Македонија!?
    Сосема природно се наметнува прашањето: Зошто Виена и зошто Австрија??? Истрагата со сигурност ќе даде одговор на овие прашања но, колку за потсетување: Виена е седиште на ОБСЕ, бројни агемции на ООН и на десетици други меѓународни организации (Во Виена има илјадници лица со дипломатски статус!).
   Од друга страна, Австрија беше категорична против неконтролираниот наплив на бегалци и азиланти во текот на бегалската криза, за разлика од Меркеловата Германија и можеби тука треба да се бараат мотивите за овој до сега невиден излив на насилие на улиците на прекрасната Виена!? 
М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ. Поранешен министер и амбасадор

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top