Коментари

Проф. д – р Ѓорѓи Малковски : Суровата реалност е само вистина

1Malkovski Djordji 1

1Malkovski Djordji 2Проф. д – р Ѓорѓи Малковски

78 години од масовната ликвидација во с. Д. Јаболчиште, Велешко 

Во офанзивата што бугарскиот окупатор во октомври 1942 година ја извел во поширокото подрачје на Велешко, не биле постигнати очекуваните резултати на бугарските воени главешини за разбивање и уништување на нараснатото Националноослободително движење, кое поради успешните акции на партизанскиот одред “Димитар Влахов”, уште повеќе се зголемувало и омасовувало со нови луѓе.

Бугарскиот окупатор беснеел. Сметајќи дека сепак народот требало да знае каде се наоѓаат партизаните, односно во кои реони се движат, бугарските “ослободители” својата воена машинерија ја свртеле кон голоракото и незаштитено население и извршиле уште еден крвав масакр на 25 октомври 1942 година во с. Долно Јаболчиште.

1bugarБугарската војска тргнува во акција

Тоа утро, жителите на селото, кои му припаѓале на албанското малцинство, како да не претчуствувале што ги чека. Многупати пред тоа, окупаторот доаѓал во ова и во соседните села и барал луѓе што ќе ги предадат партизаните.

Окупаторот знаел дека населението од ова село ги помага партизаните со храна, дека ги крие и одржува курирски врски. Меѓутоа, тој никако не можел да дознае на кој начин биле извршувани овие задачи. Затоа, тоа утро, сето село било блокирано. Селаните, кои рано сабајлината тргнале да ги извршуваат своите секојдневни земјоделски обврски, биле вратени од бугарските војници и полицајци. Обрачот околу селото се повеќе се стегал. Со пушки на готовс, на кои светкале набиените бајонети, бугарските војници навлегле по сите куќи. Се било собрано на сред село.

Пред насобраните селани излегол командирот кој раководел со оваа акција, поручникот Панајотов. Тој, на селаните им се обратил со зборовите:”..Кажете ни каде се партизаните, кои се нивните соработници од селото, па ќе ве пуштиме да си одите. Само тоа го бараме од вас и ништо повеќе”. Настанал неочекуван мир и тишина. Поручникот бил се понервозен.

Откако никој од селаните не се јавил за да ги каже соработниците од селото, Панајотов ги повикал двајцата војници Стојан Рангелов и Бојан  Стаменов и во договор со нив, им наредил да го извадат стариот Изет Феизов, татко на организаторот на Воениот комитет, Асим Изетов. Со него бил извлечен и неговиот син. Двајцата војници, на кои во меѓувреме им се придружиле уште тројца војници, започнале со кундаците да го удираат по целото тело. Но ништо не се слушало од устата на Изет. Тогаш Бугарите запалиле една племна.

Во меѓувреме, над несреќниот старец, кој беше легнат на земја, во присуство на неговиот син, оддалечен од него само еден метар, со војнички нож се приближи војникот Стојан Рангелов. Сметајќи дека Изет ќе попушти пред болната глетка на својот татко, Рангелов ножот му го заби во подколеница и започнал да сече. Целото село останало скаменето и шокирано. Со вешти движења, крвавиот џелат одсекол половина од ногата на стариот Изет и ја фрли во разгорената племна. Потоа, истото го сторил и со другата нога. На крајот бил убиен и фрлен во плевната.

4bugar4Борци на оредот “Димитар Влахов” во летото на 1942 година

Бугарските војници, по ова убиство, од останатите селани ја одвоиле младата мајка, Битула Мустафова. Бидејќи не можеле од нејзините раце да го отргнат нејзиното едногодишното дете, тие со него ја изнеле на селскиот мегдан.

Повторно се слушнал разбеснетиот глас  на поручникот Панајотов: “Ќе кажете ли сега каде се партизаните”. Но, повторно молк. Потоа, како бесни куќиња, бугарските војници се нафрлиле врз жената. Во нејзиното тело се забиле бајонетите од пушките. Сакајќи да го заштити своето дете, Битула уште поцврсто го стегнала детето во своите прегратки, паѓајќи на коленици од здобиените удари од бајонетите.

Повторно селаните онемеле. Детето, кое со сиот глас плачело и несреќно се обидувало да се задржи во прегратките на мајка си, како да претчуствувало дека неговата мајка со крајни сили се обидува да го задржи. Целото било облиено со топлата крв од својата мајка, која веќе мртва лежела врз него. Сепак, не дозволила бугарските џелати да и го одземат детето.

Слична судбина доживеле и Беџет Мустафов и Шукри Мемедов. На нив, држани од четворица бугарски војници, им биле одсечени нозете и рацете и така оставени на сред село да умрат. Јусуф Мамудов и Абаз Мамудов, пак, Бугарите, со забиени бајонети во грбот ги дотерале до племната и живи ги фрлиле во неа.

Истата судбина го снашло и другиот нивни соселанец, Девер Џемаилов. И нему му биле одсечени рацете и нозете, кои, потоа, биле избуткани до распалената племна, од каде се ширел несносен мирис на изгорено човечко месо.

Останатите селани биле тепани со кундаци, со стапови и друго. Многумина останале осакатени и онеспособени за цел живот. Меѓутоа, главната цел на бугарските злосторници не била постигната – ниту еден од селаните не кажал каде се наоѓаат партизаните. 

Во с. Д. Јаболчиште биле убиени вкупно 11 лица. Тоа биле: Изет Љатифов, Расим Јусуфов – Абазовски, Миона Абазова, Шукри Фазлиов Елмазов, Анифа Кадриова Ибраимова, Деар Џемаилов Исаков, Јусуф Абазов Мамудов, Аџима Абазова Муратова, Абаз Мамутов Муратов, Бејтула Мусова Шабанова, Беџет Џаферов Мустафов и Изет Љатифов Фејзов.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top