Коментари

Думи од Георги Дукимов и Гоце Делчев за сегашната власт во Скопје

1svekrva copy copy copy copy

1abСвекрва

Зоран Заев треба да ги преиспита своите ставови. Доколку остане на она што го направи со Грција, а сега се обидува да го направи со Бугарија тогаш може да биде само добар Грк или добар Бугарин, но никако и добар Македонец. А таков челник на македонскиот народ не му треба и затоа е најдобро тој да си даде оставка од премиерското место.

Трагикомично е кога во 21 век Софија бара од македонските власти да прифатат дека македонскиот народ има бугарски корени, потоа да вели дека македонскиот јазик е западно бугарски дијалект и да зборува за заедничка историја. Но уште потрагично е што еден македонски премиер по три децении независност е на пат да го прифати ова барање и покрај притивењето на научна фела, интелектуалците и мнозинтвото на македонскиот народ.

Соочувајќи се со фактот дека власта во Скопје, предводена од премиерот Зоран Заев е на пат да направи непоправливи грешки. 

Ги пренесуваме думите на македонските револуционери Георги Дотиров Дукимов и Гоце Делчев. Се надеваме дека мислите на овие македонски дејци ќе допрат и ќе ги освестат луѓето кои ја водат земјата во провалија.     

Имено Георги Сотиров Дукимов (1926 година – ?) е еден од истакнатите македонски дејци, маченик за македонската кауза во комунистичка Бугарија и еден од основачите на ОМО Илинден. Тој е роден во селото Горно Броди, Серско, Егејскиот дел на Македонија. Но животот го поминал во Неврокоп и по бугарските затвори.

Георги Сотиров Дукимов напишал спомени под називот „Една идеја, еден живот“. Во неговите искажувања стои обраќање до оние Македонци кои од различни причини заборавиле на своето потекло и вели: „По убедување биди што сакаш, на својот бог се моли ти, но никогаш немој да забраваш, дека син на Македонија си ти.“

Заборавањето дека си син на Македонија за Дукимов е чин равен на предавство и вели: „Кога кажувам дека сум Македонец, значи постојам, се останато е предавство или смрт! … Вековните маки на македонскиот народ се коват не само во Софија, Атина и Белград, туку и во Европа. За нас бугарскиот шовинизам, којшто сака да ја заграби Македонија духовно и физички , е враг број еден!“

Инаку, Георги Сотиров Дукимов своите спомени ги почнува со една дума од Гоце Делчев во која апостолот на македонската борба вели:  „Македонија има свои интереси и своја политика. Тие им припаѓаат на сите Македонци. Кој сака да работи на присоединувањето на Македонија кон Бугарија, Грција или Србија, тој може да се смета за добар Бугарин, добар Грк или добар Србин, но не и добар Македонец“.

Оттука, сегашниот македонски премиер Зоран Заев, треба да ги преиспита своите ставови. Доколку остане на она што го направи со Грција, а сега се обидува да го направи со Бугарија тогаш може да биде само добар Грк или добар Бугарин, но никако и добар Македонец. А таков челник на македонскиот народ не му треба и затоа е најдобро тој да си даде оставка од премиерското место.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top