Коментари

Ламбе Арнаудов: Заевата „ДОЛИ“ држава

lambe-arnaudov

1 LambeЛамбе Арнаудов

Во овие тешки, претешки денови на црнилиште што се надвисле на Македонија, кога македонскиот народ се бори за својот опстанок, душманите безмилосно газат, а безгрижните народи ни се потсмеваат, eден дворски ШУТ маестрално ја игра својата предавничка улога, не пред цар или крал како привилегирана публика, туку пред душманите на Македонија и ги забавува на штета на сопствениот народ до степен на сигурно и конечно исчезнување.

Ќе го запреме ли овој шутмангал, дрво дафино, неделкано, во намерата да го уништи сé она што до сега не се уништило со сабји, секири, ножеви, силни кавалерии, пушки, пиштоли, топови, тенкови, палежи, колективни стрелања и бесења за заплашување или сите заедно ќе бидеме дворски шутови кои што ќе играме и ќе го засмејуваме самоназначениот крал шутрак, многу пошутрак од сите познати шутраци на светот.

Дали гледаш народе македонски?

Зоран Заев, кој наизменично овие 4 години, час е грчки премиер, час бугарски, никогаш македонски, нарцисоидно себе си се претстави дека тој ја создал Македонија и македонскиот народ.

Се надмина себе си и предлага сите придавки македонски да се замениле со атрибути на Северна Македонија.

Тоа дефинитивно значи дека Македонија е негово дело кое започна да живее од 2017 година. Се бриши сé што е вековно, се бришат двата Илиндена, АСНОМ, усвоената Декларација за независност потврдена со референдумското изјаснување од 1991 за независна држава и се заменува со државата на Зоран Заев.

Држава која до неговото “триумфално“ доаѓање била лабораториски производ на Коминтерната, Сталин и Тито.

Те прашувам Зоране? Каков лабораториски производ е македонскиот народ и Македонија, вакцина, серум, генетски модифицирана храна, хибридна пченка, пченица? ШТО?

Засрами се! Македонија ја направи да личи во целост и ја изедначи со клонираната овца „ДОЛИ“ од крајот на XX-от век која сега е мумифициран експонат во еден музеј во Лондон.

Си се умислил дека си научник, доктор од Универзитетот Оксфорд, па си зеде едно влакно од Бојко, претпоставувам од кој орган, зошто на главата нема, ќелав е, и направи држава. Вистински “нобеловец“. Таквите нобеловски достигнувања да си ги чуваш само за себе, за твоите следбеници и оние заслепените кои те подржуваат.

Е, па Зоране! На лизгав терен си.

Македонија е држава, не е мумија. Жива е, вистина е, таа е чест, љубов и слобода.

Тоа ти го гарантира македонскиот народ во кого ти гледаш најголем душман и си влезен во битка што однапред се знае исходот. Битка која ќе те дотолчи, дури и име да не ти се споменува.

Македонскиот народ не е лабораториски производ, македонскиот народ е цвет САМОНИК, автохтон, природен, со прекрасни бои и мириси кој никнува и вирее бесконечно од оваа наша црна земја натопена со потоци и реки крв и солзи. Затоа никој не може да го СКОНЧА, најмалку ти безумнику еден.

Македонскиот народ е од најплеменит род, кој сé што создал, сите свои вредности несебично ги споделува со другите народи, повеќе дарува отколку што за себе задржува.

Такви народи не исчезнуваат. Господ ги чува затоа што се направени според ликот НЕГОВ.  Твоето време на безмилосен и омразен од сиот македонски народ стечаен управник кој го распродава сиот македонски духовен и материјален имот бесценето, за без пари, заради конечна ликвидација, ќе помине. Многумина околу тебе во моментов заведени ќе се освестат и ќе разберат. ТИ НИКОГАШ.

За твоја несреќа, а на радост на Македонија, секогаш во ваквите тешки времиња сам се појавува ТОЈ. А, Тој е студенти, војници, полицајци, работници, земјоделци, учители, наставници, негувателки, доктори и медицински сестри за почит, средношколци, пожарникари, спортисти, актери, уметници, писатели, свештеници, академици и со посебна почит уставобранителите од 27ми aприл кои гнијат во зандани заради твоето безмилосно владеење… сите со заеднички именител НАРОД.

Премногу амбициозно, сам си се преценил и си одбрал вака снажен, никогаш непобеден противник.

Глупостите што невешто ги претставуваш како факти и аргументи и ги ставаш да станат дел од срамен предавнички договор и глупаците што се замислуваат експерти и научници и потпишуваат такви договори се најдобар доказ дека овој будалест проект ви пропадна.

Зоране, Ти порачувам:

МАЛО СУТРА ќе куртулиш од гневот, осудата и пресудата на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД!

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top