Коментари

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – 96

Martin Trenevski 1

1martin1

M-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

МАКЕДОНСКИОТ – ОСНОВА НА  М Н О Г У Т Е  СЛОВЕНСКИ ЈАЗИЦИ

1. Имам впечаток (дај Боже да грешам), дека Република Македонија и конкретно институциите задолжени да го афирмираат македонскиот јазик и култура, не прават доволно за негова афирмација на меѓународен план, конкретно нашите аргументи да ги презентираат на странски јазици!? Како човок којшто четвртина од својот работен век го поминал во разни мисии во странство, сметам дека тоа е од огромна важност, особено во овој период на брутална агресија од нашиот источен сосед на посебноста на македонскиот јазик и македонското културно и историско наследство.

Има толку многу објективни научници ширум светот кои многу јасно, со неспорни аргументи, укажуваат дека станува збор за еден од најстарите јазици во светот! Пример бр. 1. Амбасадата на Руската ферецација во Скопје објави деновиве на официјалниот твитер информација според која се потврдува фактот за вековното постоење на македонскиот јазик! Имено, во информацијата се соопштува до сега непознат факт за македонската научна јавност дека првата докторска дисертациjа за македонскиот jазик во Русија jа одбранил пред 130 години рускиот професор Леонард Готхолф Мазинг во еден од наjстарите руски универзитети – Дорпатскиот универзитет“!!!

Вториот пример е делото на славистот со светско реноме професорот на Австралискиот универзитет во Канбера Реџиналд де Бреј кој уште  во 1939 година (значи Зоране Заев пред твојата фамозна 1945 година) во своето животно дело: “Aтлас на словенските јазици” го посветува првото поглавје токму на македонскиот јазик што го смета за основа на сите словенски јазици.  

2mart

На фотогрсфијaтa: Проф. Реџиналд де Бреј говори на Деновите на македонската култура во Сиднеј

Република Македонија имаше привилегија во нејзините прегратки во 1980-тите години да живее академикот Владимир Мошин којшто даде непроценлив придонес за македонската лингвистичка наука и предизвика вистинска сензација во светски размери со информацијата што ја презентира на манифестацијата Струшка музичка есен: дека двата листа со позлата, познати како “Кипријановски” или “Новгородски листови”, што се чуваат во Петроград, се најстари познати словенски текстови, а потекнуваат од царското Евангелие што македонскиот цар Самоил му го подарил на рускиот цар Владимир Први како дар по повод покрстувањето на Русите што го извршиле  м а к е д о н с к и т е  свештеници и мисионери!  

Иако во многу напредна возраст, Русите организираа специјален лет за академикот Мошин за него, во неговата прататковина Русија, за таму – пред руската научна јавност, да ги презентира своите епохални научни сознанија!

2. За прв пат во нашата понова национална историја се случи настан за паметење! Како што ги нарекуваат некои –  “трите столба на македонската држава”: Македонската академиија на науките и уметностите (МАНУ), Македонската православна црква – Охридска архиепископија и Универзитетот Св. Кирил и Meтодиј објавија заеднички “Maкедонски манифест” со којшто апелираат за почеток на преговорите за членство во ЕУ, со нагласка на почитувањето на вистината, правото и вољата на македонскиот народ!

Во манифестот се изразува загриженост од развојот на настаните поврзани со евроинтеграциите на нашата држава, со нагласка дека таа ги исполнува потребните предуслови за почеток на преговорите и тоа без предуслови и со почитување на достоинството на македонскиот народ, неговиот историски, културен и религиски континуитет.  

Потписници на Македонскиот манифест се: за МАНУ, претседателот, академик Љупчо Коцарев, за МПЦ-ОА Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, а за УКИМ проф. др Никола Јанкулоски.

Овој документ да се надеваме дека воедно ќе биде и предвесник на семакедонско обединување и дека ќе допре до ушите и свеста на Зоран Заев да не се занесува со распродажба на македонското достоинство, со нашето културно и историско наследство, јазик и самобитност преставувајки се како нов Месија (демек тој ќе не внесел во ЕУ), а во суштина служејки и на длабоката држава и нејзините цели и сценарија за разнебитување на се што е македонско. 

3. За надминувањето на бугарската блокада на почетокот на реговорите на РМ за членство во ЕУ се изнаслушавме секакви “рецепти” и совети!? Меѓу најуникатните ја сметам препораката на извесен Гинтер Фелингер, австриски експерт и советник од невладиниот сектор, кој за побрзао надминување на спорот и ветото од Бугарија кон Македонија предлага: 1. да ги промениме нашите државни празници што, според него, “биле многу провокативни за Бугарија”, особено 23. октомври, денот на ВМРО, бидејки бил “многу проблематичен празник”!?

Според Фeлингер, другиот проблематичен (!?) празник е 11 Октомври, a за Гинтер Фелингер реториката при празнувањето на иовие два датуми  “било не многу мудар наратив за една потенцијална современа членка на ЕУ!?”  

По рецептурата на Фелингер, тој предлага двата датума да не бидат државни празници, туку да бидат партиски празници на СДСМ и ВМРО, но да не се празнуваат како државни празници. Волшебната формула на Австриецот подразбира и “малку посмирен став во однос на проблемите со идентитетот” со што на германските министри Хајко Мас и  Рот ќе им било полесно да се договорат со Бугарија!? Наместо мој коментар, ке потсетам на онаа, народната:”Сто стапа по туѓ грб – не болат”.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top