Коментари

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – 99

Martin Trenevski 1
1martin1  М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ
ЕВРОПА НЕ НЕ‘ САКА, ИЛИ…?
Годинава (2020) што е на заминување ќе ја паметиме главно по две работи: a) пандемијата со вирусот ковит 19 и б) големото разочарување од неостварените надежи за конечен почеток на преговорите за членство во Европската Унија.
     Пандемијата се покажа како глобална закана за здравјето на луѓето и речиси не остана ниту една точка на планетава каде таа не се прошири оставајќи насекаде страшни последици – милиони заболени и починати луѓе.
     Но што да кажеме за нас самите овде, во Македонија: како ние се справувавме и се справуваме со проблемот? Па, би рекол, зависи кој – однесувањето на граѓаните е една работа, но потезите на владата се друга приказна.
     За нас – обичните смртници, може да се констатира одсуство на колективна свест за димензиите на проблемот, /не/дисциплина и одсуство на одговорност и свест за мерките за /само/заштита!? Можеби токму за тоа и статистички – според бројот на населението и споредено со состојбите со пандемијата во други земји, скоро редовно бевме во светскиот врв по бројот на заболени и починати!
     Но потезите на здравствените институции и официози се друга приказна. Од неснаоѓање, до импровизации и задоцнети потези коишто едвај даваа некакви половични резултати. Да се разбереме: Македонија не памети вакво нешто како што е пандемијата со ковит 19! За здравствените власти таа не задеси како невидено изненадување, и не само нас, но затоа пак имаме платени институции и стручњаци кои се должни да ги следат работите и да алармираат доколку заканата се приближува или е веќе присустна меѓу нас, a ako не знаат – нека учат како тоа го прават другите, соседите на пример! Свежи се сеќавањата на збунетоста на министерот за здравство, на пример, за респираторите од Бразил: еднаш најави дека се преговара за нивна набавка, друг пат рече дека се веќе набавени, трет пат дека се на пат, но тие никогаш на стигнаа. А да не изумиме дека имаше различни изјави и околу ценита не фамозните бразилски респиратори (веројатно не можеа да се договорат во Владата за провизијата што планираа да ја накалемат на фамозните машини!?
     Но сега се соочуваме со уште посериозен проблем: вакцинацијата на населението! И додека во соседна Србија, Грција и Бугарија и во певеќето земји од ЕУ веќе почна вакцинацијата, кај нас таа се најавува дури за на пролет!!! А да го прашаш ресорниот министер за здравство: “Зошто дури на пролет и што се чекаше кога другите земји порачуваа вакцини за своите граѓани?”, тој спокојно ќе ви одговори (како што го подучуваат експертите од ПиАр агенцијата што ја ангажирал да се грижат за неговиот паблик-имиџ):  “Се е под контрола”! Tоа што секојдневно ни умираат десетици граѓани и стотици се заболени, за министерот за здравство е нормално и “под контрола”!?
    Какви дилетанти раководат со нашите судбини и животи! Не го заслуживме ова, навистина не го заслуживме!!!
2. Втората работа по што ќе ја паметиме од 2020 година е невидениот фијаско во настојувањата за почеток на преговорите за членство во Европската Унија! Повеќе пати најавуваната меѓувладина конференција, со којашто и формално би бил означен почетокот на преговорите за членство во ЕУ, не се случи и тоа заради блокадата од земја – сосед, што ни се претставува како нам “најблиска”, а нејзините граѓани – демек како наши “браќа” (Да се крстиш и да не веруваш)!? А тоа е Бугарија!!!
     Тоа што го направи Бугарија (блокадата на македонија) воопшто не ме изненадува! Па тие веќе век и половина го живеат СанСтефанскиот сон за Бугарија од Црното до Јадранското море; загубија во толку многу војни и секогаш беа на погрешната страна на историјата надевајќи се дека ќе им се остварат тие соништа! Ќе беше изненадување доколку постапеа инаку бидејки како членка на ЕУ, во Бугарија почуствуваа дека сега се моќни да ги наметнат своите ставови!
     Значи: од Бугарите не очекувам ништо добро ни во 2021! Кај нив генетски е вроден Македонскиот синдром и ќе треба многу, многу време за конечно да сватат дека Македонија ниту била, а ниту ќе биде нивна (осем Пиринскиот дел на Македонија, што го окупираа во Балканските војни).
    Но најмногу иритира односот за Европската Унија која (иако Завршната декларација на Советот на министрите беше блокирана од две Членки – Словачка и Чешка) несомнено ја подржува позицијата на Бугарија и јасно ни дава на знаење дека нас не не сака како нејзина членка! Тоа е сосема очигледно! Впрочем, како да се објасни ланската блокада што ја стори францускиот претседател Макрон со инсистирање на “нова методологија” за прием на членки во ЕУ. Правилата се утврдуваат на почетокот на процесот и тие треба да важат за сите подеднакво, а не да се “прилагодуваат” според вољата  на помоќните (!) членки на ЕУ, зависно од нивните сојузништва, партнерства и слични блискости со некоја замја-кандидат за членство. Впрочем, лично сметам дека Франција минатата година буквално одработи пред се за Грција која не може да замисли дека постои народ што се нарекуваат Македонци и земја што се вика Македонија! А таа, Грција, посебно сега – после капитулацијата од Нивице, во византиски стил молчи и остава други (на пример франција, а и Бугарија) да одработуваат за неа!? 
    Колку за потсетување, една од првите изјави на сегашниот грчки Министер за надворешни работи Дендиас беше: “Ќе ги натераме скопјаните да се откажат од македонизмот во текот на преговорите за членство во ЕУ”!? Сепак, Грција ќе треба да почека во таа намера, овој пат заради Бугарското вето за почеток на преговори за членство со Македонија и   големата неизвесност за почетокот на преговорите за членство во ЕУ!
     Мојот драг пријател Ото фон Хабзбург често пати знаеше на бројни меѓун ародни форуми да каже: “Неправда е што земјата која прва во Европа создаде држава во вистинска државнотворна смисла со сите инстутуции – со влада, парламент, платена војска (станува збор за Македонија на Филип II, забелешка М.Тр), се уште е во чекалната за прием во ЕУ”.
    Блокадата од Словачка и Чешка на Завршната декларација на Советот на министрите на земјите членки на ЕУ ми дава надеж дека промена на ставот на ЕУ кон нас е можна и очигледна. Впрочем, ниту една земја-членка не го одобрува игнорантното однесувањето на Бугарија кон нас!!!
     Но споменатиот Ото фон Хабзбург знаеше исто така и да ми нагласи: “Мартине, Македонија треба да си најде земја-спонзор /во ЕУ, заб. М.Тр/ која ќе застане зад вас! Но потребно е да бидете единствени кога е во прашање членството во Унијата!”.
    Дали овие заложби допираат до главите на владеачката коалиција и до опозицијата, не сум сигурен, но времето ќе покаже.
    Пораката од песната на Тото Котуњо: “Oбедини се Европо” (Toto Cutugno: Unite, Unite Europe), што ја испеа во далечната 1983 година за нас Македонците останува тешко остварлив сон!
3.  За на крај, еве една освежителна и утешителна вест што ни пристигна отаде Атлантикот.  Имено, директорот на турката програма за истражување во Вашингтонскиот Институт за политика на Блискиот исток  и експерт за односите САД-Турција Сонер Чагаптај понуди список на десет историски личности кои потекнуваат од географска Македонија:

    Сонер Чагаптај, турско-американски политиколог кој живее во САД изготви список на, според него, најславни личности: 
    1. Aлександар Македонски;
    2. Клеопатра;
    3. Мустафа Кемал-Паша Ататурк;
    4. Мајка Тереза;
    5. Aристотел;
    6. Јустинијан I;
    7. Св. Кирил Солунски;
    8. Св. Методиј Солунски
    9. Мохамед Али-Паша;
  10. Васил I 

1MakedonciНајпознатите 10 историски личности кои потекнуваат од Македонија

СРЕЌНА НОВА 2021 ГОДИНА МАКЕДОНЦИ, КАДЕ И ДА СТЕ!
М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top