На прво место

Филипче уште ли ќе тврди дека се работи само за Бугарите во Уставот?

Со години Венко Филипче и СДС ја убедуваат македонската јавност дека единствената пречка на патот кон Европската Унија се уставните измени и внесувањето на Бугарите во Уставот. Според нивната политичка матрица, доволно било Македонија да ја направи таа отстапка и европскиот пат магично ќе се отворел.

Но, што ќе каже Филипче по последните разговори што во Софија ги имаа претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски?

Дали и понатаму ќе тврди дека нема други барања? Дали и понатаму ќе ја повторува истата приказна дека сè се сведува на една единствена уставна измена?

Самата претседателка јавно соопшти дека на средбата со бугарската потпретседателка Илијана Јотова станало јасно дека не станува збор само за уставните измени. Напротив, станува збор и за дополнителни барања поврзани со протоколите што произлегуваат од работата на историската комисија.

Тоа е суштината на проблемот што актуелната власт со месеци го посочува, а што опозицијата упорно се обидува да го игнорира. Бугарските позиции никогаш не биле ограничени само на внесување на Бугарите во Уставот. Од самиот почеток тие се поврзани со прашања за историјата, образованието, учебниците, националниот идентитет, јазикот и интерпретацијата на историските личности и настани.

Затоа денес се поставува логичното прашање: ако уставните измени како што тврди Филишче по три пати на ден навистина биле единствениот услов, зошто бугарските претставници повторно ги отвораат прашањата од историската комисија и протоколите?

Одговорот е едноставен. Затоа што барањата не завршуваат таму.

Токму поради тоа Владата на Христијан Мицкоски инсистира на јасни гаранции. Не затоа што не сака европска иднина за Македонија, туку затоа што искуството од минатото покажува дека секоја направена отстапка била проследена со нови условувања.

Македонија го смени знамето. Македонија прифати привремена референца. Македонија потпиша договори со соседите. Македонија го смени и своето уставно име. Но наместо затворени спорови и забрзан европски пат, добивме нови барања, нови услови и нови блокади.

Затоа јавноста има право да биде претпазлива кога ќе слушне од Филипче дека е потребна уште само една отстапка.

Особено кога таквите тврдења денес ги демантираат самите разговори во Софија.

Сиљановска-Давкова и Муцунски не пренесоа претпоставки, туку директни ставови слушнати од бугарската страна. Тие заминаа во Софија токму за да ги слушнат аргументите и позициите од прва рака. Заклучокот што го соопштија е јасен – уставните измени не се единственото прашање на маса.

Оттука, останува дилемата: дали Венко Филипче ќе продолжи да ја повторува старата приказна како заглавена грамофонска плоча или конечно ќе признае дека македонските граѓани со години биле доведувани во заблуда?

Затоа што фактите се тврдоглава работа. А фактите што денес доаѓаат директно од Софија покажуваат дека проблемот никогаш не бил само во Бугарите во Уставот. Проблемот е во постојаното појавување на нови барања, нови условувања и нови обиди за редефинирање на македонскиот национален идентитет и историско наследство.

А кога фактите зборуваат, политичките флоскули остануваат без сила.

Најново од: На прво место

Македонски историски и црковен календар – 16 август

16 август 1872 – Ѓорѓија Пулевски го најавува својот учебник На 16 август 1872 година, додека работел како учител во Кукуш, Ѓорѓија Пулевски објавил известување за подготовка на учебник по граматика на македонското наречје. Пулевски е една од најзначајните личности во развојот на македонската национална, јазична и историска мисла во XIX век. Во своите дела […]

Мицкоски: За помалку од четири недели целосно е прочистен водоводниот систем во Гостивар

Водоводниот систем во Гостивар за помалку од четири недели е целосно прочистен, како никогаш досега, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Главниот штаб за управување со кризи вчера соопшти дека водата од гостиварскиот водовод повторно е безбедна за пиење. Забраната за нејзина употреба беше воведена на 17 јули, откако надлежните институции утврдија дека во текот на […]

Николоски: Автопатот Охрид – Кичево се гради со силна динамика

Министерот за транспорт Александар Николоски, заедно со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски, одржа работен состанок во кампот кај Извор, посветен на изградбата на автопатот Охрид – Кичево. Николоски информира дека работите на терен се одвиваат со силна динамика, при што надлежните институции и изведувачите работат на решавање на сложените инженерски предизвици. […]

Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА за изјавата на српскиот претседател г. Александар Вучиќ

По повод неодамнешната изјава на српскиот претседател г. Александар Вучиќ, дадена во Мркоњиќ Град за тоа дека „Српската Црква е иста и во… Скопје…“. Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА), потсетува дека, како легитимен носител на благодатната полнота на Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква, а воедно и […]

Додека Филипче и Заев одмораат на Егејот, СДС шири дезинформации и страв

Додека Венко Филипче и Зоран Заев одмораат на Егејот, очигледно решиле политиката да ја водат преку ширење дезинформации и создавање страв и несигурност кај граѓаните. Ширењето непроверени информации за исправноста на водата во Скопје е крајно неодговорно. СДС и Филипче не смеат да си играат со довербата на јавноста и со чувството на сигурност кај […]

Македонски историски календар – 15 август

Петнаесетти август во македонската историја е поврзан со организирањето на македонското револуционерно движење, со Илинденското востание, со истакнати македонски дејци од Егејскиот и Пиринскиот дел на Македонија, но и со трагични страдања на македонското население. 15 август 1865 – Роден е војводата Стефан Ролев Во селото Врбени, Леринско, во Егејскиот дел на Македонија, е роден […]

Водата во Гостивар може да се пие

Водата од гостиварскиот водовод повторно е безбедна за пиење, соопштија надлежните по седницата на Главниот штаб за управување со кризи. Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Оливер Миланов, информираше дека забраната е укината и дека граѓаните повторно можат да ја користат водата за пиење и за приготвување храна. Сепак, на жителите им се препорачува […]

Злата и Цветко – љубовта што загина во последната одбрана на Крушево

Александар Стеванов Битката кај Слива, 12 август 1903 година Понекогаш историјата не ја пишуваат само големите војводи и судбоносните битки. Ја пишуваат и обичните луѓе — оние чии лични соништа засекогаш останале под урнатините на големите историски пресврти. Таква е приказната за Злата Велева Богеска и Цветко Стојчев Коруновски, двајца млади луѓе од селото Селце, […]

To top