Тема: бугарско вето

Ацо Македон Крстески: Кога вистината ја изговори бугарски дипломат

Понекогаш една искрена реченица од другата страна вреди повеќе од години дипломатски молк. Понекогаш најголемите вистини не ги изговараат нашите пријатели. Ги изговараат оние што стојат од другата страна. Со години Македонија верува дека нејзината европска иднина зависи од исполнувањето на условите на Бугарија. Прво беше Договорот за добрососедство. Потоа протоколите. Потоа францускиот предлог. Потоа […]

Ако правата на Бугарите во Македонија се европска вредност, тогаш и правата на Македонците во Бугарија мора да бидат европска вредност

Европските вредности не можат да важат само во една насока. Ако од Македонија се бара да ги внесе Бугарите во Уставот во име на човековите и малцинските права, тогаш сосема оправдано се поставува прашањето: зошто истите права не важат и за Македонците во Бугарија? Во Македонија секој граѓанин може слободно да се изјаснува како Бугарин, […]

Кој е повознемирен од поддршката на Петер Маѓар за Македонија – Бугарија или Филипче?

СДС тврдеше дека со падот на Орбан, Мицкоски ќе остане без меѓународна поддршка, но новиот унгарски премиер не ја изолира Македонија – напротив, уште посилно го поддржува нејзиниот европски пат Поддршката што новиот унгарски премиер Петер Маѓар ја изразува за европскиот пат на Македонија очигледно предизвика сериозна вознемиреност во Бугарија. Но, по последните пораки од […]

Зошто Бугарија толку се плаши-Македонија да биде рамноправна членка на ЕУ?

Бугарија со години ја држи Македонија во европска чекалница. Не затоа што Македонија ја загрозува бугарската држава. Не затоа што Македонија има економска моќ или политичка сила со која може да ја уценува Софија. Напротив, Македонија бара да биде третирана како рамноправна европска држава, со сопствен народ, сопствен јазик, сопствена историја и сопствено достоинство и […]

Филипче уште ли ќе тврди дека се работи само за Бугарите во Уставот?

Со години Венко Филипче и СДС ја убедуваат македонската јавност дека единствената пречка на патот кон Европската Унија се уставните измени и внесувањето на Бугарите во Уставот. Според нивната политичка матрица, доволно било Македонија да ја направи таа отстапка и европскиот пат магично ќе се отворел. Но, што ќе каже Филипче по последните разговори што […]

Македонија покажува европско однесување, на потег е Европа

Акцискиот план за малцинствата, наместо инструмент за унапредување на правата, повторно стана поле за политичка блокада и тест за европската доследност. Бугарија повторно ја заклучува европската врата за Македонија. Македонија повторно се соочува со добро познато сценарио. Исполнува обврски, подготвува документи, спроведува јавни расправи, ангажира европски експерти и се обидува да ги следи правилата на […]

Ако сме „ист народ“, зошто Бугарија се однесува како најголем противник на Македонија?

Изјавата на бугарскиот претседател  Румен Радев пред ннекој ден во Париз претставува уште една потврда дека официјална Софија со години води организирана и систематска политика насочена кон наметнување на своите национални позиции врз Македонија. Радев без никаква задршка призна дека цела година ги убедувал европските лидери да го прифатат бугарското барање за внесување на Бугарите во […]

Филипче и бугарските позиции – политиката на молк пред уцените

Во време кога Македонија бара јасни европски гаранции дека македонскиот идентитет, јазик и историја нема повторно да бидат предмет на уцени, блокади и нови понижувања, однесувањето на бугарската политика не е изненадување. Софија отворено покажува дека сака да го задржи механизмот за притисок врз Македонија, оставајќи простор за нови условувања и нови барања кои директно […]

To top