Коментари

Ако сме „ист народ“, зошто Бугарија се однесува како најголем противник на Македонија?

Изјавата на бугарскиот претседател  Румен Радев пред ннекој ден во Париз претставува уште една потврда дека официјална Софија со години води организирана и систематска политика насочена кон наметнување на своите национални позиции врз Македонија.

Радев без никаква задршка призна дека цела година ги убедувал европските лидери да го прифатат бугарското барање за внесување на Бугарите во македонскиот Устав како услов во преговарачката рамка за членство во Европската Унија. Тоа не е гест на добрососедство. Тоа не е европска политика. Тоа е класичен пример на политички притисок врз соседна држава.

Ниту една европска држава не го условува својот сосед со промена на Уставот, идентитетските прашања, историските толкувања и националното самоопределување. Такво однесување не е карактеристика на пријател, туку на држава која се обидува да наметне политичка доминација врз послабиот сосед.

Најголемиот парадокс е што токму оние кои најгласно зборуваат за „братство“, „заедничка историја“ и „ист народ“, истовремено работат на блокирање на европскиот пат на Македонија. Наместо да бидат мост кон Европа, тие станаа пречка на европската интеграција на македонската држава.

Признанието на Радев всушност ја разоткрива вистината која со години се обидуваше да се прикрие.

Бугарското вето не било недоразбирање, туку внимателно планирана стратегија.

Не станувало збор за човекови права, туку за политички условувања.

Не станувало збор за европски вредности, туку за наметнување на национална агенда преку институциите на Европската Унија.

Македонија има право да биде дел од Европа, но никој нема право да бара од Македонците да се откажуваат од сопствената историја, идентитет и достоинство како цена за тоа членство.

Изјавата на Радев треба да биде предупредување прво до Филипче и СДС и  за сите во Македонија. Таа покажува дека зад реториката за „добрососедство“ често стои сосема поинаква политика.

А кога еден сосед вложува цела година дипломатски напори за да наметне услови врз друга држава, тогаш тешко може да се зборува за партнерство. Тоа повеќе наликува на однос каков што би очекувале од политички противник, а не од сосед кој тврди дека ви е најблизок пријател.

Најново од: Коментари

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

Македонија: за безбедноста на Европа – доверлив партнер, за членство во ЕУ – вечен кандидат?

Европа не може од кандидатите да бара европско однесување, а од членките да прифаќа секое условување Македонија заслужува јасен одговор: дали патот кон Европската Унија се отвора со исполнување на европските критериуми или со бескрајно прифаќање нови политички услови? Од одговорот на ова прашање зависи довербата во европската идеја. Граѓаните треба да знаат што се […]

Македонија е факт – не е за раздавање и уништување на нејзиното ткиво

Сите луѓе и култури се живи истории. Сè она што сме е одраз на потеклото, историското минато проткаено со мачна, но богата историја. Јазиците што ги зборуваме се наследени од минатото. Нашите култури, традиции и религии се наследени од минатото. Ние дури го наследуваме нашиот генетски состав од оние што живееле пред нас. Познавањето на […]

Јас, мама, тато, сестра ми и брат ми — заедно сме иднината на Македонија!

Не е доволно да се гордееме со предците ако не се грижиме за потомците. Македонија ја чувале генерации што верувале дека по нив ќе има кој да го продолжи животот, да го зборува јазикот и да го зачува огништето. Наша обврска е таа верба да не згасне. Во минатото судбината на македонскиот народ често се […]

Долгот на македонската интелигенцијата — опомена од 1926 година што важи и денес

Од опомената на Владимир Руменов во 1926 година до денешната одговорност кон државата — знаењето, чесноста и посветената работа во служба на Македонија. Во статијата „Долгот на македонската интелигенција“, објавена во весникот „Независима Македония“ на 11 јуни 1926 година, д-р Владимир Руменов пишува за одговорноста на образованите луѓе кон заедницата. Иако неговиот текст произлегува од […]

Колку повеќе ТИ трае младоста, толку поубава СИ МАКЕДОНИЈО!

Немој да ја навредувате МАКЕДОНИЈА. Тоа е како да сте ни ги прекршиле рацете. Можеби ќе ви простиме, но никогаш не ќе можеме да ве прегрнеме. Колумнава ја посветувам на моите соборци, вистински херои на ВМРО-ДПМНЕ и МАКЕДОНИЈА, со голема благодарност до сите БРВЕНЧАНИ што ми овозможија прилика и чест да бидам дел од ВАШАТА […]

Блиски сме и треба да си помагаме

Има подадени раце што човек ги памети цел живот. Особено оние што ги примил во тежок час, кога иднината на неговата татковина била неизвесна. Јас ја паметам подадената рака од Бугарија. Ги паметам луѓето, помошта и зборовите што тогаш ни даваа надеж. Токму затоа денешните блокади и оспорувања ме погодуваат толку длабоко. Во 1991 година, […]

На Македонецот ќе му дадам дел од рајот, ама ќе видите какви соседи ќе му дадам!

Македонија треба да ја чувствуваме како дар од Севишниот, да ја чуваме како наследство од предците и да ја градиме како обврска кон нашите деца и внуци. Кога Севишниот Господ Бог ја делел земјата меѓу народите, пред Неговата врата се создала голема редица. Секој барал свое место под сонцето. Едни сакале море, други плодни рамнини, […]

To top