На прво место

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлуки за натамошно зајакнување на партиските политики

Продолжува зајакнувањето на партиските структури и реализацијата на реформите

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на одржаната седница разгледа повеќе актуелни политички и организациски прашања и донесе одлуки насочени кон понатамошно зајакнување на партиските структури и реализација на програмските определби.

На седницата беше констатирано дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со спроведување на реформите и реализација на проектите во интерес на граѓаните, при што беше нагласена потребата од уште поголема посветеност, одговорност и ефикасност на сите нивоа.

Членовите на Централниот комитет ја потврдија определбата за економски развој, инфраструктурни инвестиции, подобрување на животниот стандард и заштита на националните интереси како клучни приоритети во наредниот период.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека партијата останува цврсто посветена на исполнување на ветувањата дадени пред граѓаните, како и на градење стабилна, развиена и просперитетна Македонија.

Во рамките на седницата, Централниот комитет донесе и одлуки за избор и реизбор на претседатели на повеќе општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ.

Со овие кадровски решенија, партијата го продолжува процесот на организациско зајакнување и унапредување на работата на локалните структури, со цел поефикасно спроведување на програмските политики и подготовка за претстојните политички активности.

Членови на Централниот комитет се:

  • претседателот, потпретседателите и генералниот секретар на Партијата;
  • претседателот на Градскиот комитет-Скопје;
  • претседатели на општинските комитети;
  • именуваните членови од Извршниот комитет;
  • претседателот на Академијата за политика;
  • претседателот, секретарот и девет члена на Извршниот комитет на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ;
  • претседателот и секретарот на Унијата на ветераните на ВМРО-ДПМНЕ;
  • претседателот, секретарот и 9 члена на Извршниот Комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ;
  • координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија; и
  • по еден претставник од задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ за Европа, Америка, Канада и Австралија.

Должности и овластувања на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се:

  • Централниот комитет го утврдува предлог програма и Статут;
  • Централниот Комитет ги избира и разрешува потпретседатели, генерален секретар на партијата и членови на Извршниот комитет на партијата;
  • се грижи за реализирање на задачите утврдени на конгресот;
  • утврдува идејно-политички задачи;
  • го разгледува и усвојува извештајот на Извршниот комитет;
  • дава иницијативи за разгледување на определени прашања на Конгресот;
  • дава политички насоки за делување на комитетите;
  • врши верификација на мандатите на членовите на Централниот комитет;
  • одлучува за соработка и за заеднички настап со други политички партии;
  • утврдува кандидати за избор на пратеници;
  • го разгледува финансиското работење на партијата;
  • врши измена и доплонување на Статутот меѓу два конгреса;
  • на предлог на претседателот на партијата, формира организационен одбор и други тела за подготовка на Конгрес;
  • донесува Деловник за својата работа;
  • донесува Деловник за работа на општинските комитети и месните организации;
  • Потврдува Деловници за организациона поставеност и работа на органите на униите и асоцијациите на партијата;
  • донесува одлуки и други акти од својата надлежност; и
  • формира и други комисии и тела.

Од ВМРО-ДПМНЕ истакнаа дека избраните и реизбраните претседатели имаат обврска одговорно да работат во интерес на членството и граѓаните, придонесувајќи за понатамошно јакнење на партијата и реализација на политиките насочени кон развојот и напредокот на Македонија.

Новоизбрани и реизбрани претседатели на општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ

ИЕ 1 

  1. ОК Карпош – Тони Јаревски
  2. ОК Кисела Вода – Иван Живковски
  3. ОК Македонски Брод – Бисера Златеска
  4. ОК Аеродром – Дејан Митески
  5. ОК Центар – Сергеј Попов
  6. ОК Сопиште – Јане Мицевски
  7. ОК Студеничани – Кенан Абди
  8. ОК Сарај – Мартин Стојановски

ИЕ 2

  1. ОК Чаир – Ѓоко Велковски
  2. ОК Бутел – Дарко Костовски
  3. ОК Чучер Сандево – Зоран Бајовски
  4. ОК Гази Баба – Зоран Коцевски
  5. ОК Куманово – Филип Филиповски
  6. ОК Старо Нагоричане – Ивица Димковски
  7. ОК Ѓорче Петров – Бојан Стојаноски
  8. ОК Шуто Оризари – Ерџан Демир

ИЕ 3

  1. ОК Зелениково – Дејан Димишковски
  2. ОК Зрновци – Виктор Анакиев
  3. ОК Чешиново Облешево – Славе Донев
  4. ОК Илинден – Александар Ѓорѓиевски
  5. ОК Петровец – Драгана Узелац
  6. ОК Велес – Игор Здравковски
  7. ОК Чашка – Трајче Мишкоски
  8. ОК Градско – Александар Ѓорѓиевски
  9. ОК Лозово – Стојан Пешевки
  10. ОК Свети Николе – Бојан Митев
  11. ОК Штип – Душко Иванов
  12. ОК Карбинци – Гордана Барбашка
  13. ОК Кочани – Александар Андов
  14. ОК Виница – Александар Јованов
  15. ОК Македонска Каменица – Љупчо Марков
  16. ОК Делчево – Иван Гоцевски
  17. ОК Пехчево – Миле Гошевски
  18. ОК Берово – Столе Каракутовски
  19. ОК Крива Паланка – Емил Спасовски
  20. ОК Ранковце – Даниел Павловски
  21. ОК Кратово – Љупчо Спиров
  22. ОК Пробиштип – Тони Тоневски

ИЕ4

  1. Росоман – Ѓорѓи Крстевски
  2. Демир Капија – Андон Дрнев
  3. Неготино – Павлинче Честојнова
  4. Кавадарци – Тони Нешковски
  5. Гевгелија – Димитар Вегов
  6. Валандово – Јулија Тушевска
  7. Богданци – Марјан Пеев
  8. Дојран – Илија Тентов
  9. Струмица – Методија Пасков
  10. Босилово – Мито Андонов
  11. Ново Село – Петар Марков
  12. Василево – Славе Андонов
  13. Конче – Ацо Митев
  14. Радовиш – Бојан Митевски
  15. Могила – Драганчо Саботковски
  16. Кривогаштани – Александар Богданоски

ИЕ5

  1. Демир Хисар – Ненад Шундовски
  2. Долнени – Сашко Велјановски
  3. Крушево – Пеце Стојчески
  4. Ресен – Кире Божиновски
  5. Охрид – Сашо Донев
  6. Дебарца – Златко Силјановски
  7. Струга – Ален Деребан
  8. Вевчани – Ѓорѓи Влајнкиноски
  9. Дебар – Афет Амедоски
  10. Центар Жупа – Денис Хасан
  11. Маврово и Ростуше – Мевмед Џафери
  12. Пласница – Луме Адемоглу
  13. Боговиње – Алишериф Синани

ИЕ 6

  1. ОК Тетово – Александар Велјановски
  2. ОК Гостивар – Мартин Андоновски
  3. ОК Теарце – Радица Ѓорѓевска
  4. ОК Брвеница – Јовица Илиевски
  5. ОК Јегуновце – Димитар Костадиновски

Најново од: На прво место

Сите барања на Бугарија се од 2022 годин

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека нема нови барања од Бугарија, туку станува збор за обврски и услови кои, според него, биле прифатени од претходната влада во 2022 година. Коментарот на премиерот доаѓа по информациите што се појавија во јавноста по вчерашната посета на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо […]

СДС го користи македонскиот јазик за политички маркетинг

Пратеничката на СДС, Бисера Костадиновска-Стојчевска, повторно потврди дека за нејзината партија македонскиот јазик претставува тема за дневнополитички настапи и прес-конференции, наместо поле за сериозна и одговорна институционална работа. Додека таа, како што наведуваат од Министерството за култура и туризам, патувала во странство со државни средства наместо активно да ги извршува своите пратенички обврски, надлежните институции […]

Мицкоски: Ако опозицијата сака избори, подготвени сме да излеземе на терен и да победиме

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска изјави дека партијата е подготвена за парламентарни избори кога и да ги побара опозицијата, нагласувајќи дека во втората половина од мандатот секоја сериозна политичка структура мора да биде подготвена за сите можни сценарија. Одговарајќи на новинарско прашање при пуштањето во употреба на спортската сала „Расадник“ во скопската […]

Европска кочница за Софија

Обидот на Бугарија преку официјална евро-монета од 2 евра да ја претстави кирилицата како „бугарска азбука“ наиде на отпор во самото срце на Европската Унија. Според документи на Советот на ЕУ, една земја членка на еврозоната поднела официјален приговор против предлогот за бугарска комеморативна монета од две евра, посветена на таканаречената „Бугарска азбука“, поради што […]

Стојаноска: СДС го имаа вториот Груби во Министерството за земјоделство

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, на денешната собраниска седница оцени дека интерпелацијата поднесена против министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски е неоснована и неиздржана, нагласувајќи дека министерот со факти и аргументи ги побил сите обвинувања изнесени против него. Стојаноска направи споредба меѓу резултатите од двегодишното работење на Трипуновски и работењето на неговиот претходник […]

Филипче уште ли ќе тврди дека се работи само за Бугарите во Уставот?

Со години Венко Филипче и СДС ја убедуваат македонската јавност дека единствената пречка на патот кон Европската Унија се уставните измени и внесувањето на Бугарите во Уставот. Според нивната политичка матрица, доволно било Македонија да ја направи таа отстапка и европскиот пат магично ќе се отворел. Но, што ќе каже Филипче по последните разговори што […]

Силните идентитети не напаѓаат други идентитети – порака на Муцунски од Софија

Муцунски од Софија порача дека иднината на Македонија и Бугарија треба да се гради врз почитување, доверба и соработка, а не врз спорови околу историјата, јазикот и идентитетот. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Софија испрати јасна порака дека во современа Европа нема место за негирање на идентитетите и за политички […]

Инженерско чудо на Коридор 8: Возовите од Скопје до Софија ќе сообраќаат со брзина до 120 километри на час

По три децении застој, изградбата на делницата Белјаковце – Крива Паланка влегува во најинтензивната фаза, со 29 мостови, 15 тунели и инвестиција вредна стотици милиони евра.

To top