Коментари

Мартин ТРЕНЕВСКИ : ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – 105

Martin Trenevski 1

1martin1 НЕ БИЛО ТАКА

1. Бугарската научна и особено политичка јавност упорно настојуваат да го избришат, или поинаку да го прикажат (во стилот, демек: “Не било така”) нивното фашистичко минато во Втората светска војна. Тие денес тврдат дека не биле окупатори, туку ослободители и администратори во две третини од окупирана Mакедонија и не чинеле злостори…!?

   Арно ама, на оваа тема сега се надоврза и српската историска наука (значи не сме имале мака од бугарските окупатори само ние), бидејки голем дел од источна Србија бил окупиран од царборисовска Бугарија во текот на последната светска војна. Методите на владеење и злосторствата што ги чинеле над тамошниот народ биле идентични како и за време на нивното окупаторско владеење во Македонија. Историчарот Симеуновиќ ги обвини Бугарите за злоупотреба на деца и силувања тврдејки дека Бугарите и нивната војска се познати по ѕверствата. Такви зверства малку кој прави, тврди професорот. Германците убиваа, но Бугарите се изживуваа: вадеа деца од стомак на трудни жени, набиваа деца на бајонети, силуваа жени пред членовите на целото семејство. Тие како окупоатори убиваа локални учители и спроведуваа бугаризација на локалното население! Тоа го правеа и во денешна Македонија, но тоа е правено и на југот на Србија, тврди српскиот исоричар и додава дека:„Апетитете на Бугарија се дека се до Крушевац и реката Морава е бугарско!? Професорот смета дека денешна Бугарија има територијални претензии и кон неговата земја, исто како и кон Македонија!

   Професорот Драган Симеуновиќ – вршител на должност директор на владината Академија за национална безбедност, во едно интервју повеќе пати ги нарекол Бугарите „ѕверови кои убиваат сè што ќе видат“!

   Е арно ама, овие тврдења на професорот Симеуновиќ не им се бендисале на властите во Софија и го повикале српскиот амбасадор во нивната земја Жељко Јовиќ во бугарското Министерство за надворешни работи оптуживајки дека во неговата земја се шири јазик на омраза кон Бугарија и бугарите! Ги доболела вистината, очигледно!

2. Еден настан од пред осум години ме потсети на фанатичниот (јас го нарекувам: фундаменталистички) однос на бугарите кон се што звучи или навестува дека е македонско. На покана од нашиот сонародник Гоце Дуртаноски, голем патриот и експерт за калиграфија и глаголицата, кој живее во Германија, а во рамките на меѓународната манифестација PRO DIAKONIA CHRISTI што се одржуваше во чешкиот град Велехрад (чешкиот дел од Моравија) од 13-16 јуни 2013 година, двајцата настапивме со изложбата илустрации MANUSCRIPTO GLAGOLICA со копии нa стари македонски ракописи и оригинални калиграфски илистрации на букви од глаголицата што ги подготви Гоце, а јас како ентузијаст-аматер со предавање за Првата и според мене  н а ј з н а ч а ј н а  мисија на Светите Кирил и Методиј, Брегалничката мисија (кога и е создадена глаголицата) во Македонија. И се течеше во најдобар ред, кога од нигде-никаде се појавија три свештеници, од кои двајца германци, а третиот висок и крупен со панагија на градите, очигледно беше православен владика. Се претстави како владика Кирил, митрополит Варнавски и Величко-Преславски од Бугарската православна црква кој бил учесник на конференцијата во Велехрад. Германските свештеници му честитаа на Гоце за изложбата, а владиката Кирил, веднаш прејде во напад: „Таму стои старо-македонска азбука и старо македонско писмо. Тоа треба да биде старо-бугарска азбука и старо-бугарско писмо. Старо-македонско писмо не постои, нема такво нешто“. На тоа Гоце одлучно му возврати со зборовите: “Оче, ние кај нас во Македонија го викаме старо-македонско писмо. Како вие во Бугарија го викате не знам, но со оглед на тоа што глаголицата е создадена на територијата на Македонија за нас најадекватен термин и научен и општоприфатен како таков е старо-македонски.” Владиката Кирил не заврши со тоа туку продолжи и  со тврдењето дека и Охрид бил бугарски град, а за македонизмот била виновна „американската политика“, бидејки “таа ги создала тие проблеми”!: „Американците први почнале на големо да шират дека постои македонско писмо и ракописи и така настанала заблудата во целиот свет“, рече владиката Кирил.

   На овие веќе познати бугарски пропаганди тиради овој пат изречени од владиката Кирил, Гоце му возврати: “Изложбава во Велехрад ја претставува Македонија на ова меѓународно прославување од мисијата на браќата Кирил и Методиј, исто како вие што ја претставувате Бугарската црква на конференцијата Pro Diaconia Christi и нормално оваа изложба, бидејќи е македонска, мора да има македонски предзнак, а не бугарски. Заради тоа се избрани (и прикажани на изложбата, М. Тр) ракописите кои имаат македонска редакција или се пишувани во Македонија. Тоа што вие го зборувате е сосема погрешно и верувам дека Господ е голем тоа да го види!”.  На оваа реакција од Гоце, владиката се потпиша во книгата за посетители и ја напушти изложбата!

   На Владиката Кирил ова практично му беше последен пат да се појави во јавност бидејки после само 23 дена го најдоа мртов на една плажа на Црното море!? Наводно се удавил во морето иако важеше за одличен пливач!

    Се чини сепак, дека македоската клетва го стигна контроверзниот и проблематичен бугарски владика (или нивните тајни служби си ја завршија работата заради неговото присуство на македонски културен настан) поради глупостите што ги изрече во Велехрад!?

1opis

Потписот на владиката Варнавски г. Кирил во книгата на впечатоци на изложбата стари македонски ракописи и глаголица MANUSCRIPTO GLAGOLICA од Гоце Дуртановски во Велехрад, Чешка, јуни 2013 година

3. Од Македонија ништо ново и ништо убаво! По шокот што ни го приреди Транспаренси Интернешнл сместувајки не на 111 место според индексот на корупција во светот за 2020. (што е историски најлоша оценка и пад од 35 места во однос на претходната година) во друштво на БиХ, Панама и Монголија, критика за лошото справување на власта со корупцијата, дојде и од американската амбасадорка во државава, Кејт Мари Брнс.Таа отворено ја осуди власта за толеранција на корупцијата и нагласи дека нејзин (на власта) главен приориет треба да е токму борба против корупцијата што започнува пред се со отчетност.”Сè започнува со отчетност. Политичките партии треба да работат на борба против тоа од врвот до дното во рамките на нивните партии и местата каде што се избрани и да му дозволат на судството да ги гони случаите без политичко мешање”, истакна Брнс.

   Но тука за жал, не завршува низата порази на земјата која угледниот британски лист Економист ја смести на листата хибридни режими!

   А што е најжално, за сите овие порази, заради кои и речиси исчезнаа странските инвеститори, актуелнава власт наместо да ги свати сериозно и да се корегира, вината ја лоцира во претходната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Гротескно, зарем не!?

4. Од први март македонските граѓани ќе можат да ја следат програмата на бугарската државна телевизија! И сето ова е македонска отстапница (би рекол глупава и злонамерна политичка концесија) во духот на градење на меѓусебна доверба и унапредување на добрососедските односи!? Ова нештп го издејствува специјалниот претставник на Владата Владо Бучковски (уценет од Владата за да не оди во затвор бидејки е осуден поради аферата со набавка на тенковски делови кога беше министер за одбрана).

   Бугарската национална ТВ е најбрутален пропагатор на големобугарските идеи и апетити кон Македонија и сега некој ни ја носи во нашите домови! Какво лудило!!! А дали нивните програми ќе бидат титлувани на македонски јазик, или нашиве – како по обичај, ќе потклекнат на бугарските ултиматуми и бескрупулозност?

   Којзнае уште какви се шокови ќе ни приреди лицето Зоран Заев и неговите ментори од длабоката држава отаде барата – сега многу осилени, бидејки си наместија со фалсификувани избори дури и во САД свој претседател и експонент (Џо Бајден).

5. Најголемиот и докажан непријател на Република Македонија Красимир Каракачанов изрече деновиве до сега невиден излив на бес и нетрпеливост кон нашата земја со изјавата дека Македонија може да стане членка на ЕУ само ако се приклучи на Бугарија или ако стане албанска покраина. Значи, изборот е (според него) – или Голема Албанија или Голема Бугарија!?

    Според некои аналитичари ваквите изјави не се случајни и голема е веројатноста накој силен меѓународен фактор да стои зад нив, а според тврдењето на многу искусниот дипломат Ристо Никовски, тоа е – Вашингтон. Проектот на бришење на македонската нација е во завршна фаза, а истиот започна по катастрофалното потпишување на договорот со Грција и Бугарија и по усвојувањето на законот за албански јазик, смета Никовски. Тој е категоричен дека Европската унија треба да реагира на изјавите од Бугарија затоа што тие доаѓаат од висок функционер на земјата која е нивна членка.

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top