Коментари

Рубинчо Видое Јованоски : ТАКТИЧКО БАРАЊЕ НА ДОВЕРБА НА ВЛАДА

1 rubin jovanoski

1 rubin jovanoski Рубинчо Видое Јованоски

На една од последните седници во законодавниот дом како гром од ведро небо зајчето кое сигурно исплашено од најавата на актуелната опозиција на чело со ВМРО ДПМНЕ дека за околу 20 дена во законодавниот дом со промени на партиските бои по 4 годишно губитничко владеење  ќе падне актуелната власт, побара да се гласа доверба на владата.

Со тесното парламентарно мнозинство (СДСМ, ДУИ и Беса) како тоалетна хартија или нумерички кажано со 62 пратенички гласа се изгласа доверба на владата на чело со момчето од Муртино по име Зоки Заев, алијас Бошко Буха.

Иронијата да биде уште поголема веднаш уште наредниот ден во пленарната сала повторно немаше мнозинство. Па така, момчињата обоени во плаво сами во салата одлучуваа по заостанати точки од претходни седници каде може да се расправа и без мнозинство од вкупниот број на пратеници во законодавниот дом.

Момчето од Муртино сигурно ја побара довербата на владата од големата акција и меѓународна потерница по Саше Мијалков.

Не само на обичниот домицилен народ и на дечињата од најмала возраст како бел ден јасно му беше дека Саше е фатен и спроведен во Идризово по секавичната акција на дипломатските претставништва во нашата земја кои сигурно му дадоа педагошка опомена или со спортски жаргон кажано жолт картон на бомбашот Зоран Заев со наредба веднаш да се пронајде под дрво и камен Саше Мијалков кој само за потсетување во 2018 година кога се гласаше во законодавниот дом договорот од Нивици за промена на името на Република Македонија во буквална смисла на зборот  на зајчето му обезбеди мнозинство со купување на тогашните 8 пратеници од опозициониот табор на чело со ВМРО ДПМНЕ. Наредниот ден Саше доби исклучување (црвен картон) од редовите на ВМРО ДПМНЕ.

По 36 часовното фингирано барање Саше со помош на провладини медиуми самиот се појави во јавноста со кратки ракави и така лаконски нагласи дека бил во карантин и имал 40 степени телесна температура.

Сега збор два за актуелната тема за набавка на вакцини  против Ковид 19. Жално е земја член на НАТО пактот да нема добиено ниту една вакцина.

Благодарност до земја кандидат за членство во ЕУ, инаку наш северен сосед, Република Србија да ни подари во знак на солидарност и пред и над се пријателска и братска помош на два пати по 4000 вакцини или вкупно 8000 вакцини.

Иронијата да биде уште поголема српската премиерка Ана Брнабиќ нагласи дека за 7 милионската Дрбија набавени се 14 милиони вакцини, значи за секој жител на северниот сосед може да се ревакцинира т.е. прими две дози вакцини против Ковид 19.

Во петочната изјава за електронските и платени медиуми зајчето најави 3000 вакцини преку ДХЛ системот, ама не кажува кога оти е многу чесен во неговите лаги со датумите за наводните платени 3 милиони вакцини за македонското домицилно население.

Претходниот викенд северниот сосед од напливот на нови мутации своето население го стави во карантин од 12 часот во саботата до 6 часот во понеделникот. Од 12 часот поради христијанските обреди (задушница).

За разлика од северниот сосед Зоки и неговата дружина без обезбедени вакцини не спроведува рестриктивни мерки  за да се заштити населението од наездата на нови мутации на Ковид 19.

Во оваа прилика иронијата да биде уште поголема Зоки спроведува попис на населението.

За разлика од нас поголем број на држави од нашето блиско балканско соседство најавените пописи ги одлагаат за подобри времиња.

Зоки мува не го лази и не сака да се заморува со бројките (100 000) и повеќе за неполни 10 дена собрани потписи иницирани од опозициониот табор.

Зоки не биди сигурен дека долго време ќе бидеш чуван и спокојно спиеш во премиерската резиденција на Водно.

Дипл. ЕКК Рубинчо Видое Јованоски

новинар и довчерашен одбојкарски судија од Прилеп

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top