Коментари

Ламбе Арнаудов: Зоране, Зоране! Која мизерија од човек си Ти

lambe-arnaudov

1 Lambe Ламбе Арнаудов

Проклетството на предавството си дојде по своето. Бадијала се трудиш, прпелкаш, лажеш, обвинуваш и се обидуваш да се оправдаш и спасиш.

Ти нема спасение.

Траекторијата од предавството до казната им е на сите позната, освен на предавниците. Тие тоа ќе го разберат последни. И тоа е Божја казна, дел од траекторијата за да не можете се спасите.

Вистината е. Во почетокот тешко се откривате. Надарени сте да го сокриете вистинскиот лик и да излажете дел од лековерниот народ, а богами и некои честити луѓе да ги магепсате.

Меѓутоа, брутален факт е дека најмногу поддржувачи на твојот немилосрден поход во предавството на сопствениот народ и татковината се луѓе со исти карактер како тебе, секој –  кој лош од полош .

Тешко се откривате.

Вие, предавниците сте како вода, без мирис, боја и вкус. Облик сопствен немате, го добивате од садот во кој ќе бидете турени. Затоа и онаа некаква човечка вредност што ја поседувате им служи само на непријателите.

Сега, од кога те турија во сите проклети садови на злото и кога повеќе немаш каде, дрско се обиде, без срам и намус да бидеш дел од СВЕТИОТ ГРАЛ на ВМРО-ДПМНЕ, да се причестиш и како Јуда Искариотски да ја заматиш и затроваш благородната, скапоцена и чиста течност за која и на која ти не си ни достоен ни да се доближиш а не да ја допреш или Не дај Боже да ја почувствуваш. Епилогот е јасен – шут карта од сите членови на ВМРО-ДПМНЕ, поточно од вистинското ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа ти советуваме продолжи да им нудиш соработка, партнерство и коалиција на отпадоците и РЕСТЛОВИТЕ од партијата. Според генетската, духовната и идеолошка градба толку многу си личите што секој човек, макар и првпат или само еднаш да ве види ќе разбере дека сте браќа БЛИЗНАЦИ еднојајчни.

Многупати сум ти пишувал. НЕ СЕ зафаќај со ВМРО-ДПМНЕ.

Во таа битка си апсолутен аутсајдер. Да беше паметен и да ме послушаше ќе знаеше дека најтешко е да водиш војна која однапред е изгубена. ВМРО-ДПМНЕ, грандиозниот ОБЕЛИСК,  чуварот на слободата, љубовта, победите и патриотскиот дух и понатаму гордо се извива кон небото недопрен, неоштетен, напротив уште поцврст, а ти со скршена глава, свиткана кичма и свиснат дух скокаш од камен на камен, уште малу време додека не те однесе надојдената вода од бистрите планински извори од нашата мила и преубава татковина Македонија.

Ликувате! Ја распнавте Македонија. Ама заборавате! По распетието има воскресение.

Семето македонско е самоник. Затоа е многу жилаво, издржливо, а и многу распространето. Наврати суша на светото семе македонско, само издржа, не изгоре. Го поплави со матни поројни води, не го удави. Со зими страдни и тешки мразови се обиде да го уништи. Се изненади, и на -200 степени останува отпорно, живо е и со далеку поголема репродуктивна моќ ќе ја оснажи Македонија и ќе го продолжи својот род, племенита сорта, унможена и на твоја жалост со рекордни приноси.

Македонија е ова! Житница, мајка Хранителка. Ако семето го фати суша во Овлеполието, ќе изникне во Пелагонија, ако се поплави во Полог, богато ќе роди во Солунско поле, ако смрзне во Дебрца, ќе развие голем плод во подножјето на Пирин.

Не сме без корен ни во Торонто, Чикаго, Њу Џерси, Мелбурн, Перт, Сиднеј, Берлин, Женева, Виена, Гетеборг…

Куртул за вас предавниците НЕМА. ВМРО-ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски постојано ви дише во врат и нема да ве остави на мира додека не ја оставите Македонија раат да оди по вистински пат.

На крај. Најголемата грешка од неколкуте илјади што ги направи, оваа, последнава ќе ти биде судбоносна и ќе те испрати во заборав.

Се обиде смешно да направиш раскол во ВМРО-ДПМНЕ напагајќи го крајно приземно  Нашиот лидер, иконата на отпорот за одбрана на Македонија, господин Христијан Мицкоски.

Ти нему не му си ни до глуждовите. Тебе не те смета за непријател. Не си достоен и за тоа да бидеш. Тој е ГОЛЕМИНА  за тебе. Не за бадијала рекле: Големината на човекот се цени според вредноста на неговите непријатели. Ти, тука ни од далеку не припаѓаш. Неговите противници се далеку, далеку посилни од тебе и вредни за почитување и како противници кои се тепаат гради в гради машки, а не како тебе што силата ја покажуваш на нокаутираните и патосираните спаринг партнери, сиромашките, под закана од прислушкуваните разговори што ти ги поседуваш, а тие се единствената сила што ја имаш во своите кревки раце.

Видовме на телевизиските екрани како ги принудуваш тие за кои велиш дека со нив можело да се разговара, а со господин Мицкоски – НЕ.

Е, тој е ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, твојата ноќна мора и несоница, чист, избистрен седум пати како најблагородното сребро кое никогаш не потемнува, а нé штити од сите инфекции и нé води успешно кон конечна победа за МАКЕДОНИЈА.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top