Коментари

Мартин ТРЕНЕВСКИ : ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СПТРЕЛИЧКИ – 111

Martin Trenevski 1

1martin1 МУРТИНСКИ ИТРОВШТИНИ

1. Во неделата (21 март) сведоци бевме на најновата итровштина (made in Murtino) на Зоран Заев! Демек: Првите непосредни внатрепартиски избори во владеачката СДСМ!? Море што бука се стори – ни фанфарите од Џерихо не им беа рамни на провладините мегафони, а како и не би!? Па се гласаше за единствениот кандидат, лицето Зоран Заев.

    Самиот факт дека единствен кандидат на овие внатрепартиски избори беше Зоран Заев несомнено многу потсетуваше на некои минати, а и сегашни времиња кога, на пример албанскиот дикратор Енвер Хоџа беше биран на избори со 99,9% од регистрираните бирачи, или актуелниот лидер  “големиот водач”, или “врховниот водач” на Северна Кореја Ким Јонг-ун, кој во неговата земја, на “непосредни избори”, без конкуренција како и нашиов лидер победува со сличен процент како и споменатиот Енвер Хоџа.

    Многу нешта се дискутабилни во споменатите внатрепартиски избори. Барем да понудеа и формална конкуренција на “саканиот лидер”, или “драгиот лидер” Зоран Заев, та тие барем малку да наличеа на формален натпревар на личности и програми, а вака…!?

    Но најспорно според мене е што светската политичка пракса избор на ново партиско раководство, вклучувајки и нов претседател на партија, негов заменик и други партиски тела, се врши на партиски конгрес! Таа формалност муртинскиот итрец ја предвиде за партискиот конгрес закажан за мај годинава кога само се очекува констатација на неговиот избор на непосредните избори, трет по ред до сега, со што отворено најави и борба за трет мандат на премиерската позиција.

    Лицето Зоран Заев во постизборното обраќење пред јавноста, во неделата, во однапред подготвениот говор што му го напишаа платениците ПиАр-овци, вети брда и долини, (излажа како и во многу прилики до сега во негов стил): реформи, кадровски освежувања и сл, но ги задоволи пред се неговите спонзори – длабоката држава (дека ќе ја финишира Тиранската платформа)  и неговиот брат (!) Бојко Борисов кој меѓу првите се јави да му честита на изборот со уверување дека бргу ќе се надминат наталожените проблеми помеѓу двете соседни земји!?

    Навикнавме од измеќарот на длабоката држава З.З. да очекуваме да оствари буквално се што зацртале “стратезите” за редефинирање на Македонија и се што носи предзнак “македонско”. Проблем е што опозицијата не најде начин како да му се спротивстави и да се спаси барем она малку што ни остана за спасување.

2. На кое ниско ниво сме спаднати како држава и нација најречито говорат случувањата со фамозниот попис чие спроведување власта упорно го форсира, наспроти светските трендови за откажување или одлагање на веќе закажаните пописи ширум Европа. Ниту предувањето дека е неодговорно да се инсистира попишувачи, прибрани од улица и обучени преку ноќ да ти тропнат на врата среде пандемија не помогна власта да се вразуми и одговорно да постапи со одлагање на пописот за некои помирни времиња кога ќе се стабилизираат состојбите со вирусот Кобид 19. И не само тоа, сега се поинтензивно се лансираат закани со затвор или финансиски казни, доколку некој одбива да се попише, или агитира против пописот.

     Со право се поставува прашањето: зошто толку упорност по секоја цена да се спроведе пописот и тоа во најнеповолни здравствени услови? Кому му е од интерес да се малтретираат граѓаните кога ќе ти се појават попишувачи на врата?

    Индикативно е што и некои албански министри во актуелната влада на Заев се растрчаа низ Европа да ги анимираат нивните соплеменици да се самопопишуваат и да го набилдаат нивниот број што е можно повеке. А да праша човек: зошто??? Па нели со пописот се евидентира р е з и д е н т н о  население, а не иселеништвото!? Е тука сметам дека е одговорот, зошто? Длабоката држава во своето сценарио чиј егзекутор е Зоран Заев има зацртано бројот на албанци во РМ да се набилда на 30%, за што ке им требаат и податоци од дијаспората!? А како тоа ќе го изведат – едноставно не знам.   

   Во неколкуте реакции на опозицијата беше укажано дека Зоран Заев и СДСМ се коцкаат со здравјето и животите на граѓаните! Среде епидемија инсистираат на попис. Среде нов бран со илјадници ново заболени и десетици починати на ден тие ќе испраќаат 5.500 попишувачи од дом во дом и на тој начин ризикуваат да настане експлозија на заразата, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ. Овие 5500 попишувачи ќе го пренесат вирусот на 49.500 лица. И во Македонија смртноста е меѓу највисоките или е 4,9 проценти, што значи дека попис во април ќе значи 2400 мртви од корона и ќе значи колапс на здравствениот систем затоа што педесттина илјади луѓе ќе заболат, предупреди опозиционата ВМРО-ДПМНЕ!

   Засега Зоран Заев и неговиот министер Венко Филипче остануваат тврдоглаво на ставот попис по секоја цена да се одржи. Дилемата останува: дали заради личната одговорност за последиците од пописот среде пандемија на вирус споменатите двајца ке бидат прогласени за масовни убијци и дали ќе одговараат за нивната неспособност пред правдата???

    Како и да е, на потег е опозицијата и нејзин патоказ што народот го очекува: како да постапат и дали да им дозволат на попишувачите да влегуваат во приватни живеалишта (што е спротивно на Уставот)? А освем некои поединечни реакции, јасен сигнал од опозицијата до сега не чувме!

3. Бугарските национал-шовинисти, опчинети со идејата за голема Бугарија и бугаризација на се што е македонско веќе немаат никакви скрупули ни респект и сега почнаа да посегнуваат и кон наши афирмирани, а за жал веке покојни авторитети и специјалисти за македонското поблиско или подалечно минато. Најнов пример е изливот на анимална нетрпеливост на историчарот и редовен професор на Софискиот Универзитет Христо Матанов кој изрече запрепастувачка изјава во емисијата на Бугарската национална телевизија (БНТ) “Денот започнува” за неговиот починат македонски колега, професорот Бранко Панов, нарекувајќи го “гласник на македонизмот”, при тоа воскликнувајки морбидно:”Тој е гласник на македонизмот, фала му на Бога веќе е во задгробниот живот. Но неговите наследници се живи”!?

    Колку за појаснување, пок. професор Бранко Панов со неговиот колега, акад Стјепан Антољак од Задар дојдоа до епохалното научно сознание дека солунските браќа, Светите Кирил и Методиј ја создале глаголицата за време на  п р в а т а, од вкупно четирите просветителски мисии – таканаречената Брегалничка мисија, токму овде, во Македонија, за потребите на македонските склавинии по течението на реката Брегалница.

    Иако оваа теорија на угледните професори Антољак-Панов е обилно документирана со извори  од нивни современици, тоа очигледно тешко им паѓа на одредени квазинаучни кругови во Софија кои целото средновековите во регионот си го припишуваат себеси како нивна и само нивна заслуга. Но тоа така не поминува.

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ,  Поранешен министер и амбасадор

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top