На прво место

32 милиони евра за вработување: Над 10.000 лица ќе бидат опфатени со Оперативниот план за 2026 година

Младите остануваат во фокусот – предвидени се речиси 6.000 учесници до 29 години, над 2.000 нови работни места преку самовработување и поддршка за вработување на над 1.500 лица.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ активно работи на справување со предизвикот на невработеноста преку низа мерки и програми насочени кон отворање нови работни места, поддршка на претприемништвото и подобрување на можностите за младите на пазарот на труд.

Преку поддршка за самовработување, отворање нови бизниси, практикантства и обуки, Владата има за цел да им овозможи на младите полесно да го стекнат своето прво работно искуство, да останат во Македонија и да создаваат сопствена економска сигурност.

Оперативниот план за вработување за 2026 година предвидува опфат на над 10.000 лица и е во вредност од речиси 40 милиони евра. Од нив, повеќе од 32 милиони евра се директно наменети за активни мерки за вработување, при што младите повторно се во фокусот на политиките.

Најголемиот дел од средствата се насочени кон лица до 29 години. Со Оперативниот план е предвидено вклучување на речиси 6.000 млади лица преку различни програми и мерки за нивно вработување и професионален развој.

Дополнително, предвидена е стимулација за вработување на младите во производните капацитети, при што за околу 3.500 млади лица до 23 години е обезбеден младински додаток во износ од 3.000 денари месечно. Истовремено, ќе се реализираат обуки, практикантства и програми за унапредување на вештините и квалификациите, со цел полесна интеграција на младите на пазарот на труд.

Посебен акцент е ставен и на развојот на претприемништвото. Преку мерката „Самовработување – претприемништво“ се очекува отворање на над 2.000 нови работни места, додека со мерката „Поддршка за креирање нови работни места“ ќе се поддржи вработувањето на над 1.500 лица. Со овие две мерки ќе бидат опфатени повеќе од 3.500 граѓани.

Со реализацијата на Оперативниот план за вработување за 2026 година, Владата има за цел да создаде поактивен и поконкурентен пазар на труд, да го поттикне претприемништвото и да обезбеди подобри можности за граѓаните својата иднина да ја градат дома, во Македонија.

Најново од: На прво место

Мицкоски: Лага е дека Михаилова ја преминала границата регуларно – бараме да бидат вратени и таа и татко ѝ

Премиерот Христијан Мицкоски категорично ги отфрли тврдењата дека Ива Михаилова и нејзиниот адвокат заминале во Бугарија преку официјален граничен премин. Тој порача дека македонските власти бараат враќање на Михаилова и нејзиниот татко и ги критикуваше бугарското политичко раководство и македонската опозиција за нивното однесување во случајот. Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, ги потврди наводите […]

КУРИР интервју со Радичевски: „Една Брвеница за сите“

КУРИР интервју со Радичевски: „Една Брвеница за сите“ – со посветена работа ќе им овозможиме на младите да ја градат својата иднина дома Очекувам партнерска соработка со Владата, министерствата и другите институции, особено во областите на инфраструктурата, економскиот развој, образованието и социјалната заштита. Нашата задача ќе биде да подготвуваме квалитетни проекти, да аплицираме на достапните […]

Соопштение на претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова

Денеска го примив д-р Мајкл Баренбаум, истакнат професор по еврејски студии и експерт за Холокаустот, кој во март годинава ме придружуваше за време на посетата на Меморијалниот комплекс „Треблинка“ во Полска. Укажав на опасноста од историски ревизионизам, минимизирање и негирање на Холокаустот, како и од антисемитизам. Посетата на Треблинка, каде што биле убиени 7.144 македонски […]

И во Бугарија прашуваат дали пасошот е поважен од правдата

По текстот „Правдата поважна ли е од бугарскиот пасош?“, критичките реакции на дел од граѓаните во Бугарија отвораат нов агол на истиот случај: грижата за една државјанка не смее да ја потисне одговорноста пред законот. Во текстот „Правдата поважна ли е од бугарскиот пасош?“, „Македонска нација“ го постави суштинското прашање: дали второто државјанство треба да […]

Манасиевски: Првичниот план за лекување во Бугарија на Ива Михаилова бил на Филипче и Заев, за да му се оддолжат на Радев?

Се повеќе е евидентна тезата која веќе подолго време ја говориме во јавноста, дека Филипче и Заев се уценети од бугарските власти и Румен Радев. Директно го прашуваме Венко Филипче, дали е точна информацијата, дека токму тој во соработка со Заев, имаат ветено на блиски соработници на Румен Радев, дека се способни да изготват медицински […]

Правдата поважна ли е од бугарскиот пасош?

Двојното државјанство не е дозвола за кршење на законите. Секој што живее или престојува во Македонија одговара за своите постапки според законите што важат во државата, без оглед на тоа чиј пасош поседува. Дали некој што има бугарско или друго странско државјанство може да изврши кривично дело во Македонија, да замине во другата држава и […]

Манасиевски: (ДОКУМЕНТ) Дали зад Ива Михаилова директно стојат Филипче и Заев, партнерите на Румен Радев и Бугарија?

Манасиевски: (ДОКУМЕНТ) Дали зад Ива Михаилова директно стојат Филипче и Заев, партнерите на Румен Радев и Бугарија?   СДС повторно одигра за Бугарија преку Филипче и Заев, повторно ја омаловажија и посрамотија Македонија. Единствени кои се среќни и кои ликуваат на бегството на Ива Михаилова во соседна Бугарија се Румен Радев, Венко Филипче и Зоран Заев. […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top