Коментари

Има некој нормален политичар во Бугарија?

1svekrva copy copy copy copy

1ab Свекрва

Додека Србија без уцени ни помага, Бугарија остана само на ветувања.

Освен македонски граѓани, во Србија се вакцинираа граѓани од Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија,, но како што пренесуваат српските медиуми и лица дојдени од Германија и Холандија.

Србија покажа како се однесуваат одговорни власти кои се грижат не само за здравјето на своите граѓани, туку и за соседите, кои поради неспособните власти да набават вакцини можат да останат жаришта од каде повторно би се ширел вирусот.

Откако Македонците почнаа да се вакцинираат во Србија, Борисов најави дека оваа недела ќе дојдела пратка од 200.000 вакцини од кои како пријателски гест 5.000 ќе бидат одвоени за Македонија.

Колку е тоа „пријателски гест“ се гледа од обидот истовремено да бидат испратени 920 бугарски книги за Бугарскиот културно-информативен центар во земјата, како дел од бугарската пропаганда. Тие дури упатија протесна нота до МНР на Македонија, поради одлуката на царинските власти да се запре оваа пратка на граничниот премин „Деве Баир“ која била донација.

Истовремено, бугарските власти се лути и на објавениот извештај на словенечкиот Меѓународен институт за блискоисточни и балкански студии ИФИМЕС од Љубљана, во кој се вели дека  бугарските власти пласираат неверодостојни податоци за Македонците.

Според овој коментар, не може да се замисли дека во 21 век, државата Бугарија, која е полноправна членка на ЕУ и НАТО, ги оспорува идентитетот и јазикот на соседниот македонски народ“ и додава дека бројот на етнички Македонци што живеат во Бугарија е околу 10 % од вкупното население на таа земја.

Во дел од коментарот на  ИФИМЕС со поднаслов „Како да се избегне дестабилизација на …. Македонија, во која се дава поддршка на актуелната власт, стои: „ … Иако во 2017 година го потпиша Договорот за добрососедство со Македонија, Бугарија сè уште го блокира почетокот на процесот на преговори меѓу Македонија и ЕУ, поточно организацијата на првата меѓувладина конференција.

Уште од своето основање Бугарија се соочува со криза на идентитет.

Независна Бугарија е основана врз основа на договорот меѓу Руската империја и Отоманската империја, тоа е Договорот од Сан-Стефано од 1878 година. Тогашната територија на Бугарија претежно била населена со богомилско – македонско и турско население, кое подоцна под силниот притисок на новоформираната држава беше насилно „бугаризиран“.

„Бугаризацијата“ на населението продолжи до денес. Бугарија се обидува да го сокрие овој факт и врши силен притисок на етничките Македонци во пиринска Македонија и во цела Бугарија да се изјаснат како Бугари, иако бројот на Македонци што живеат во Бугарија изнесува најмалку 50% од вкупното население. 

Бугарија има повеќедецениско искуство во прикривање на бројот на припадници на етничките малцинства, а особено на Турците и Македонците во Бугарија.

Според аналитичарите, повеќе од 100 години Бугарија сè уште се соочува со криза на идентитет и неуспехот на „бугаризацијата“ на етничките Македонци. Како последица на тоа, таа се обидува да најде задоволство во блокирањето на процесот за почеток на преговорите меѓу Македонија и ЕУ.

Доколку Македонците беа Бугари по потекло, ќе се очекуваше дека во изминатите 100 години или повеќе, „бугаризацијата“ на Македонците на денешната територија на Република Македонија ќе беше успешно завршена. Сепак, процесот на „бугаризација“ доживеа целосно фијаско

Бугарија наместо да се обедини со останатите балкански држави и заеднички да се справи со пандемијата, потоа да помогне во евроинтеграцијата на Западен Балкан, таа сеуште живее во 19 век. Со вета, уцени и закани, Бугарија станува фактор на нестабилност на Балканот. Поради горенаведеното, Бугарија е „грдото лице“ на ЕУ.“ 

П.С. Па нели рековте дека сме браќа? Ваквиот однос на бугарската влада е се’ само не „братски“ и придонесува меѓу македонскиот народ да се зголемува омразата кон бугарските власти за нивната антимакедонска политика. Има некој нормален политичар во Бугарија?

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top