На прво место

Ветуваа едно, правеа друго – Пендаровски ја откри логиката на СДС

Изјавата на Пендаровски повторно ги отвори прашањата за политиките на СДС по доаѓањето на власт

За да дојде на власт, СДС им ветуваше на граѓаните сѐ што сакаа да слушнат. Власта беше целта, а Македонија честопати ја плаќаше цената.

Поранешниот претседател Стево Пендаровски во едно телевизиско интервју откри политичка логика која многу граѓани одамна ја препознаваат. Тој призна дека пред избори треба да се зборува она што носи политички поени, а потоа да се водат поинакви политики. По народски кажано – едно се ветува пред избори, а друго се прави по изборите.

Токму така изгледа голем дел од политичката историја на СДС во изминатите децении. Со ветувања за подобар живот, европска иднина и економски напредок, СДС ја бараше довербата на граѓаните. Но кога ќе дојдеа на власт, следуваа отстапки, компромиси и политики кои честопати повеќе одговараа на надворешни интереси отколку на интересите на Македонија.

Граѓаните добро паметат што им беше ветувано пред изборите.

Поранешниот премиер Зоран Заев јавно тврдеше: „Нема таков човек роден, нема политичар, нема институција, којшто има право да го промени уставното име на Република Македонија…“

Во истиот период и Стево Пендаровски уверуваше дека такво нешто не може да се случи без жестока реакција од народот: „Имавме 600 муабети за името. Ќе го смениш името и никој нема да знае и утре ќе се викаме не знам како. Не може, мора да дојдеш во институции. Во тој момент јас ви тврдам, сите што беа, до последен, десетици и десетици илјади луѓе и сите слободарски граѓани душата ќе му ја извадат на тој што евентуално би го поддржал тоа. Нема да го остават во таа фотелја во која е.“

Овие изјави не беа случајни. Тие беа јасни политички ветувања дадени пред македонските граѓани. Но по изборите следуваа сосема поинакви политики. Народот слушаше едно пред изборите, а гледаше друго по изборите.

Токму затоа многумина денес во зборовите на самиот Пендаровски гледаат објаснување за начинот на кој СДС ја освојуваше власта – прво ветувања, потоа сосема поинакви политики.

Во изминатите три децении Македонија беше сведок на одлуки кои често не произлегуваа од националните интереси, туку од агенди креирани надвор од државата. Секој нов компромис беше претставуван како историски успех, а секоја нова отстапка како неопходен чекор кон подобро утре. Но ветеното подобро утре никогаш не дојде.

Кога Македонија се наоѓаше пред историски предизвици, наместо цврста заштита на националните позиции, следуваа попуштања и решенија кои кај народот создадоа чувство на неправда, разочараност и понижување. Наместо гласот на граѓаните, приоритет добиваа туѓи геостратешки интереси. Наместо национален консензус, се наметнуваа политики што оставаа длабоки поделби.

Денес времињата се променети. Граѓаните се поинформирани, посвесни и многу потешко прифаќаат однапред подготвени политички сценарија.

Затоа сѐ почесто се поставува прашањето: чии интереси навистина ги застапува СДС?

Кога некој повеќе зборува за тоа што очекуваат соседите од Македонија отколку за тоа што ѝ е потребно на Македонија, сомнежите стануваат оправдани. Кога ставовите на политичарите од СДС повеќе наликуваат на пораки во интерес на соседите отколку на политики во интерес на Македонија, граѓаните имаат право да поставуваат прашања.

Најголемата грешка на СДС е што мисли дека народот заборавил. Дека и денес може да се ветува едно, а да се прави друго. Дека со истите методи и истите приказни повторно ќе ја добијат довербата на граѓаните.

Македонскиот народ памети.

Памети кој ветувал достоинство, а прифаќал понижувања.

Памети кој велел дека нема да има отстапки, а потоа отворал нови прашања на штета на државните интереси.

Светот денес се движи во поинаква насока. Сѐ повеќе држави својата политика ја градат врз заштита на сопствените национални интереси, економски развој, енергетска независност и грижа за сопствените граѓани. Времето на слепото следење туѓи агенди полека завршува.

Токму затоа Македонија денес има потреба од политики што ќе произлегуваат од македонските интереси, а не од туѓите очекувања. Од лидери кои најнапред ќе ѝ одговараат на сопствената држава, а потоа на сите други.

Народот научи многу лекции во изминатите три децении. И токму тоа искуство е најголемата гаранција дека иднината ќе ја градат оние што веруваат во Македонија, ја почитуваат волјата на народот и националните интереси ги ставаат над сѐ.

Македонија не смее повторно да биде предмет на политички експерименти поради туѓи агенди. Македонија мора да остане единствениот компас според кој ќе се носат сите важни државни одлуки.

Затоа што народ кој го чува своето достоинство и држава што ги брани своите интереси секогаш имаат иднина.

Најново од: На прво место

Кога арамијата бега и вика: „Држете го арамијата!“

Секоја власт мора да биде контролирана. Но заминувањето во опозиција не ја брише одговорноста за годините поминати на власт. Пред да делат обвиненија, од СДС треба да одговорат за аферите, неисполнетите ветувања, платените пенали и проектите што со години остануваа недовршени. Народот одамна ја препознал тактиката: крадецот бега, а истовремено вика „Држете го крадецот!“ Се […]

Мицкоски: Во недела излезете масовно и гласајте за Стојанчо Радичевски за да не дозволиме повторно да ни се случи СДС

Од завршниот митинг во Брвеница, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ повика на поддршка за Стојанчо Радичевски, порача дека политичарите треба да се оценуваат според делата и најави соработка меѓу Владата и општината за решавање на потребите на граѓаните. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски, на завршниот митинг во општина Брвеница во рамките на предвремените локални избори, […]

Нов резервоар во Ростуше, обновени улици и реконструкција на спортската сала „Македонија“

Инфраструктурни вложувања, финансиска поддршка за семејствата и младите, подобри услови во училиштата и развој на туризмот се приоритетите што ги претстави градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Онер Јакупоски, во отчетот за досегашната работа. Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Онер Јакупоски, на прес-конференција ги презентираше реализираните проекти, активностите што се во тек и плановите […]

Како е можно невролог да препорачува хируршка интервенција во Бугарија?

ВМРО-ДПМНЕ: Барбов, Филипче и Заев да одговорат за препораката за лекување на Ива Михаилова во Бугарија ВМРО-ДПМНЕ во соопштение упатува прашања до доктор Иван Барбов, Венко Филипче и Зоран Заев за постапувањето во случајот со Ива Михаилова и за основата врз која била дадена препораката за нејзино лекување во Бугарија. Од партијата обвинуваат дека, обидувајќи […]

Мицкоски: Лага е дека Михаилова ја преминала границата регуларно – бараме да бидат вратени и таа и татко ѝ

Премиерот Христијан Мицкоски категорично ги отфрли тврдењата дека Ива Михаилова и нејзиниот адвокат заминале во Бугарија преку официјален граничен премин. Тој порача дека македонските власти бараат враќање на Михаилова и нејзиниот татко и ги критикуваше бугарското политичко раководство и македонската опозиција за нивното однесување во случајот. Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, ги потврди наводите […]

КУРИР интервју со Радичевски: „Една Брвеница за сите“

КУРИР интервју со Радичевски: „Една Брвеница за сите“ – со посветена работа ќе им овозможиме на младите да ја градат својата иднина дома Очекувам партнерска соработка со Владата, министерствата и другите институции, особено во областите на инфраструктурата, економскиот развој, образованието и социјалната заштита. Нашата задача ќе биде да подготвуваме квалитетни проекти, да аплицираме на достапните […]

Соопштение на претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова

Денеска го примив д-р Мајкл Баренбаум, истакнат професор по еврејски студии и експерт за Холокаустот, кој во март годинава ме придружуваше за време на посетата на Меморијалниот комплекс „Треблинка“ во Полска. Укажав на опасноста од историски ревизионизам, минимизирање и негирање на Холокаустот, како и од антисемитизам. Посетата на Треблинка, каде што биле убиени 7.144 македонски […]

И во Бугарија прашуваат дали пасошот е поважен од правдата

По текстот „Правдата поважна ли е од бугарскиот пасош?“, критичките реакции на дел од граѓаните во Бугарија отвораат нов агол на истиот случај: грижата за една државјанка не смее да ја потисне одговорноста пред законот. Во текстот „Правдата поважна ли е од бугарскиот пасош?“, „Македонска нација“ го постави суштинското прашање: дали второто државјанство треба да […]

To top