Коментари

Гордана Димовска : Аманет ни оставија

Историјата на една земја секогаш треба подобро и подлабоко да се проучува. Посебно за нас Македонците, е од голема важност да се навраќаме на сите светли, но и на сите трагични датуми од нашата историја. Без историја нема иднина. Историјата е глас на мртвите да ги поучи живите.

Таму ќе ги пронајдеме нашите корени, таму ќе дознаеме за нашите претци и нивните борби за егзистенција но и за зачувување на националниот идентитет. Со оглед на тешките економски, социјални, политички  услови во кои живееле и обидите да се угушува свеста за нациналното постоење, нема доволно страници да се  истакне нивната саможртва за светиот идеал- Слободна Македонија.

Во далечната 1880 година, кај месноста Гремен, Беломорска Македонија, двајца македонски војводи констатирале дека за тоа што Македонија се уште е под турско ропство, најголема вина носат Грција, Бугарија и Србија. Според нив: Иднината на Македонија лежи во создавањето самостојна македонска држава‘. По нивна иницијатива, во мај и во почетокот на јуни истата година, се состанале 32 делегати, претставници на македонскиот, влашкиот, српскиот, и албанскиот народ. Тие донеле заклучоци како да се постигне ‘национална цел на Македонија‘. Тогаш составената привремена Влада ‘Единство‘, во Протоколарното решение до серускиот конзул во Солун, Н. Улјанов, се заканила , ако не се реши македонското прашање – ќе го повика македонскиот народ на оружје со паролата ‘Македонија на Македонците‘ .

Една година подоцна, во март 1881 година, ‘Единство‘ во својот Манифест, до сите дипломатски претставници во Солун, нагласува : ‘Туѓи и сомнителни народи сакаат да ја заземат нашата земја и да ја уништат нашата народност, која светејќи со силен сјај, не може и нема никогаш да пропадне.Направете се, на знамето што ќе го кренеме да биде напишано – Единствена и обединета Македонија…Потоа, собирајќи се  околу знамето на Македонија , како ваш единствен белег, дигнете го високо и подгответе го ова славно знаме за потоа да напишете едногласно: Да живее македонскиот народ, да живее Македонија.‘Таа идеја за самостојна и обединета Македонија траела и девет години подоцна. На 15 април 1890 година, две години пред појавата  на ‘Лозарите‘ и три и пол години пред формирањето на историското ТМОРО, бил упатен еден апел, кој за жал бил познат само на мал број добро упатени во историјата на Македонија. Читајќи го денес, 2010 година,  силно допира во нашата свест, не враќа во минатото,  и спојува со сегашноста.

Ваквите историски настани треба будно да се проучуваат и промовираат насекаде.Да допрат до сите Македонци, посебно до политичарите кои се одговорни за водење на државата и бранење на националните интереси. Еве ги зборовите:  ‘Нашата татковина Македонија, некогаш била една од најглавните земји во светот. Македонската нација ги воспостави првите основи на воената наука и со победоносните фаланги на Александар Македонски, ги пренесе во Мала Азија, културата, генијалните постигања на македонските филозофи, просветители – го просвети човештвото. Но денес, таа некогаш славна татковина Македонија, се наоѓа во најголема опасност, пред разделување и ограбување и пред целосно ликвидирање, од причина што ние се откажавме од нашата националност.

Други нации, туѓи држави претендираат да ја зграбат и да ја поробат некогашната славна и голема македонска нација.

Вистински Македонци! Милата наша татковина се уништува. Да!

Македонските белези се закопани под каменот на големиот гроб што го отворија уништувачите-интриганти, оние што со години ја крстосуваат нашата земја ширејќи национална омраза. Тие агенти се гробарите на славната македонска нација, организатори на ограбувањето на Македонија, кои создаваат услови и повод во Македонија да навлезат окупаторски војски. Храбри Македонци, чисти синови на татковината, ќе дозволите ли во нашите дни да се закопа татковината Македонија и да го снема нејзиното славно знаме? ..Вие вистински Македонци, едини мои верни синови, едногласно кажете дека една света парола треба да се напише на знамето што јас гордо го кревам: МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ…ДА ЖИВЕЕ ЕДИНСТВЕНАТА МАКЕДОНСКА НАЦИЈА‘

За жал, знамето под кое тогаш се повикувале, бореле и обраќале до македонскиот народ, знамето како еден важен државен симбол, во слободна и независна Македонија –  се дозволи да се промени. Ќе се дозволува и во услови на слобода, да се прават уште отстапки и да се угодува на барањата на источнииот и јужниот сосед или ќе успееме да го сочуваме она што е наше.

Македонската нација е заедништо на сите граѓани ко живеат во Р. Македонија, заедно со нашите браќа и сестри во одземените делови на Македонија и нашите во иселеништво. Да се гради националниот идентитет наспроти етничките белези, особености, е многу важно за поставување на фундаменти на државата почитувани од сите. Почит кон нејзините симболи, химна, знаме, политички поредок , институции, економија, финансиски поредок итн.

Нашите претци аманет ни оставија – Да го чуваме она што ни го оставија, да ја сочувам Македонија, цела, единствена и силна, богата со својата традиција, култура, обичаи, фолклор, мултиетнички соживот. Со надеж дека разумот и свеста ќе преовладува и наместо да се губи време со бесмислени преговори, разговори за иднината на нашата Македонија, енергијата да се насочи кон економски развој и заземање на местото во светот кое го заслужуваме како земја со богато историско минато, земја која го просвети човештвото.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top