
Марија Емилија Кукубајска – Дијалози со „Владетели МакеаВели“

Албрехт Дирер, Каин го убива Авел, 1511
(Спрема Џордано Бруно: „Ние сме веќе на небо“ – Катица Ќулавкова)
(Ние ли сме во бесконечноста
ниту центар, ниту власт
ниту гуска, ниту јајце)
Ние не сме во конечноста ваша. И централен и периферен
систем ни’ е кругот без крај. Инфинитезимални сме! И јајца
и кокошки вашите побркаа, и што е бескрај а што роден крај.
(Ние, од тлото што не сме се одлепиле
ние, вистината што ја мразиме
како ѓавол ја истеруваме
масовно ја каменуваме
и ја однародуваме)
Вие, Владетелите МакеаВели велите залепени за дното сте?А како
сепак само вие продирате, нагоре? Со црни анѓели народ ни’ силувате
во Содом-академии, садистички душа вадите, здравите ги гниете. Прав
и пепел да ни’ станел родот. Макеи на Македонија, пост-модерни, вие
постови продава(в)те, предава(в)те: „Еве ти катедра, оди шири смрт!?
А, народот – за вистина и правда што им умирал? Каменувај го, до крај!
(ние, што наредуваме
кој да ѝ се обрати на јавноста
и како да се опише „стварноста“
за да го слушаме
– барем додека сме живи –
она што ни одговара)
Вие на(п)редува(в)те – за народ да назадува. И јазик и глас и очи
и раце му корнете, а го галите „блескаво“ со змиски јазик и опаш,
„стварноста“ да си ја заборави. Она што не можело, ќе било
„милом/силом“. Од себичност болни, се нагр(а)дувате со гротескни
меТалии, а заслужните ги укинувате, бришете од порти и портали,
со обвинение: Свесните не ве признавале, не ги плашел т-error ваш.
(Сонцето мора да се врти
небото да биде недостижно
Земјата ма’дра.)
ВИЕ сметате дека и сонце вртите по вашите темни земни закони
и ѕвезди симнувате пред неверните и лековерните. Оддалечувате
небо, земја одземате… со вашиот окултизам – ни напред ни назад!
(Тој што ги пропишува божјите заповеди
ќе ги состави и човечките
забраните се услов без којшто не се може
во Сенатот, Олтарот и Креветот
во Науката и Уметноста
без оглед на егзактноста)
Закони спрема својот сој менувате, уривате
сечиј бог освен вашиот. Бирате, диктирате:
Забраните се забранети за вас егзекуторите
на новото римско право, бестијално оргијално
применувано во контра-човечни науки и
уметности без ум, без основа во реалноста?
(„Златното доба“ или иднината
во суштина не нè интересира
ако треба сè напредно ќе собереме
во една клада и ќе го запалиме
„ќе постапуваме благо и без пролевање крв“
Црвениот плоштад и онака е црвен од цвеќиња
Ренесансата е изговор за еретиците
но се вклопува во куќниот ред на Инквизицијата)
Ние не сме анти-сколастичари. Вие вештачко жолтило алхемирате, анатема
фрлате врз наша Злата Позлатена. Макео-Велика, цимбал во кортекс-вортекс
железен, најдобро за тебе е ем да ти ги плашиш ем да те сакаат, оти им даваш
позиЦи(ј)а. Змиски насмеана – ти палиш/гасиш род од нива, плод од родител,
народен. Елитно го собравте и Џ. Бруно откај Кралицата и од квартови
амбасадорски – и него го изгоревте од стрв и страв, во шарени огномети
црвени јазици – потенција да ви крева за Бело цвеќе да газите. Изговор за
вас купувачи на тела без дела, трговци со индулгенции. Ренесанса-21, вие?!
(во нашата допуштена и официјална дијабола
нашата настраност и смисла за Анатема)
Тоа е вашата демонизирана аГЕНда, официјално ординирана од
страно, настрано политикантство, поли(т)коректно проклетство?
(можеби сме мали и смртни
можеби без престан се вртиме
околу себеси и Сонцето
а светот е некој непознат Инфинито
но барем имаме сопствен пекол
и одбираме кого убиваме!)
НЕ, не сме мали. Вашите шеми не не’ усмртуваат, имаме 26+ димензии
бозони. ДА, кружиме, но со неутриноси свои, во утра сончеви – Божји…
Не е светот наш немоќно Инфинито, ниту боси-голи-бесни фило-Софии.
А народот наш не е Инкогнито ловење, но во свети универзуми пловење.
НИЕ не одбираме да ликвидираме народ и плод – го браниме
од пеколот од вас процесиран, чудовишно индоктриниран
во Култура на поништување, во Криза на Цивилизациите, се’ за таа ваша Гала-Каша.
Сепак не се врти се’ околу вас, луди глумци, р’ѓави ѓумци вода „ДијаБолна Корона“!
Одбивате да одбирате заедно да сме, напред!? Не е назадно да се вратите од патот
На Каин. Доста глава губење, до дно заглавени. ЗаСтанете, оздравете. За народот!!!