Коментари

КОЛУМНА НА АНГЕЛОВСКИ: Фашизмот е мртов, а комунизмот

Деновиве, ја славиме 76-та годишнина од победата над фашизмот, едно од двете најголеми идеолошки зла што човештвото ги преживеало. Второто, комунизмот од сталинистички тип, преоблечено во неолиберално руво, за жал, токму денес ги живее своите најуспешни години.

Можеби некому ова ќе му звучи контрадикторно, дури и нелогично, но, мораме да знаеме дека обете зла потекнуваат од еден ист центар, од земјите на западнохристијанската демократија, дека имаат извонредно многу сличности, посебно во методите на дејствување и дека основната разлика е што фашизмот, заедно со нацизмот, претставува клерикална, а комунизмот атеистичка идеологија.

Зошто е ова битно?

Центрите на моќ, кои, како и денес, постоеле и во времето на појавата на комунизмот и нацизмот,најпрво успешно го инсталирале комунизмот во најголемата православна држава во светот, тогашна царска Русија. Преку комунизмот, успеаја да и го зададат најтешкиот удар на православната црква во Русија дотогаш, а по инсталирањето на комунизмот во останатите православни држави, под превезот на атеизмот, се уништуваа православните цркви и православната вера во нив.

Комунизмот, како официјална идеологија го промовираат Маркс и Енгелс во 1848 година, кога во “Лигата на праведните“ во Лондон најпрво го промовираат слоганот “Пролетери од сите земји обединете се“, а потоа, пишувајќи го “Манифестот на комунистичката партија“, ја преземаат “Лигата на праведните“ и и’ го менуваат името во Комунистичка партија.

Подоцна, преку формирањето на Комунистичката интернационала, комунистичката идеологија организирајќи “пролетерски револуции“се обиде да завладее со светот.

ФАШИЗМОТ, НАЦИЗМОТ И ВАТИКАН

Малку подоцна, фашизмот и нацизмот беа инсталирани во западнохристијанските држави и имаа исклучителна поддршка од католичката црква, па наспроти источното христијанство кое беше систематски уништувано, западното христијанство го доживува својот процут.

Колку за пример, во Португалија, католичката црква преку кардиналот Серехеира му давала сесрдна поддршка на режимот на Салазар;

– Во Австрија, поглаварот Иницер го поддржувал австро-фашизмот на Долфус и Шушинг, а подоцна и нацистичкиот аншлус;

– Во Полска, католичката црква цврсто застанала на страната на Пилудски (и неговите наследници во период од дваесеттина години). Полскиот режим анектирал делови од Украина и Белорусија и промовирал акултурација на двете нации. Украинскиот и белорускиот јазик биле забранети во православната црква, православните верници и црковни лица биле затварани и убивани, а православните цркви биле уништени од моќните полски католици, што Ватикан го одобрувал со молчење;

– Во Италија, Црквата потпишала спогодба со Мусолини со која католицизмот станува државна религија, а Папата го прогласил Мусолини за “човек кого го води божјата провидност“.

– Во Германија во 1933 година, католичката партија “Центрум“, раководена од свештеникот Лудвиг Каас гласала за “Законот за полномошно“ со што Хитлер добил неограничена власт.

– Во Шпанија, свештениците и бискупите ги благословувале топовите на Франко, раскошно и со стиховите “Te Deum“ ги славеле неговите победи. Во еден момент, половина од министрите во Владата на Франко биле членови на католичката институција “Opus Dei“, а Франко ги забранил сите религии, освен, се разбира, католичката;

– Во Белгија, католичката црква го поддржала фашистичкото движење Рексизам (што потекнува од Christus Rex) на чело со побожниот Леон Дегрел, кој се свртел кон службениот нацизам и за време на Втората светска војна ја водел SS Wallonie (организација на валонските Белгијци), а отецот Сириел Вершаев станал капелан на SS Langermarck, оформена од страна на фламанските Белгијци;

НЕОКОМУНИСТИТЕ ВО НОВ ПОХОД НА РУСИЈА

Неокомунистите преоблечени во неолиберално руво, во девеесеттите години од минатиот век, преку Папата Јован Павле II, со неговата поддршка на полскиот синдикат Солидарност, преку “нобеловецот“ Михаил Горбачов и претседателот со американски изборен штаб Борис Елцин, го иницираа распадот на тогашниот СССР. Нормално, нивна следна цел беше распадот на Русија, како најголема, ако не и единствена пречка за светската власт на Ватикан. Заради познатите случувања со доаѓањето на чело на Русија на Владимир Путин, нештата не тргнаа во за нив посакуваната насока.

Па така, набрзина се реорганизираа и ја формираа “Петтата комунистичка интернационала“ (Четвртата е онаа на Троцки која се’ уште постои), под името “Отворено општество“, преку која, наместо пролетерските, ги изведуваат современите револуции во државите кои се нивна цел – обоените, шарените… “хулигански револуции“ преку кои уриваат легитимни Влади и поставуваат свои марионети заради создавање нефункционални држави (примерите со Украина и Македонија). Притоа, користат нов слоган “Хулигани од сите земји обединете се“, чие обединување оди преку организации како “Канвас“ и слични на неа.

Нивна мета, преку организациите на Навални, беше и Русија, каде што “хулиганската револуција“ не успеа, па во моментов се таргетираат Белорусија, Молдавија, Грузија…

Целта е повеќе од јасна, целта е уништување на православна Русија, а со тоа и православието во целина и православните вредности кои се единствена противтежа на неморалот и искривените вредности на западнохристијанската “либерална“ демократија.

За таа цел, токму на 9 мај, денот на победата над фашизмот, ширум Европа упорно се наметнува тезата дека Втората светска војна всушност е една ужасна трагедија, во која не може да се говори ниту за победници, ниту за поразени. Со тоа се врши ревизија на историјата заради продор на Обединета Европа на исток, стратегиски диригирано од Лондон,, а оперативно-тактички од Вашингтон.

Истовремено, Русија се сатанизира до чудовишни размери и и’ се воведуваат санкции за секој нејзин потег, а се пуштаат пробни балони (Нон-Пејпери) за БиХ и Косово каде Русија има заеднички интереси со Србија за да се испровоцира нејзина реакција.

Во меѓувреме се охрабрува и забрзано вооружува Украина за да предизвика вооружени провокации на границата со Русија, а САД брзаат да ги повлечат своите војници од Авганистан, па овој, како држава која граничи со тројцата “непријатели“ на Вашингтон – Русија, Кина и Иран, преку радикалните талибански структури повторно да стане фактор на нестабилност во централна Азија.

Ова се големи геостратегиски игри кои добија во интензитет со доаѓањето на чело на САД на Џо Бајден, човек цврсто стегнат во рацете на милитантното крило во американската политика од времето на претседателствувањето на Барак Обама.

За предупредување, исти вакви стратегиски игри се играа и пред почетокот на Втората светска војна, а резултатот ни е познат на сите, колку и да сака некој да го ревидира – ужас и страдање.

Затоа,честит денот на победата над фашизмот и, да ја дочекаме и победата над комунизмот, лицето и опачината на една иста паричка.

(авторот е претседател на МААК)                                                                                                            

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top