Коментари

КРАЈНО ВРЕМЕ Е ДА СЕ ЗАЧУВА ИМЕТО И ДЕЛОТО НА ЕСМА РЕЏЕПОВА – ТЕОДОСИЕВСКА!

1esm

1ste123

По пет години од смртта на Есма Реџепова – Теодосиевска и сите дејствија што се случуваат во врска со името и делото на Есма и Стево, во овој текст ќе наведеме факти кои треба да помогнат  да се исполни заветот на „Кралицата на ромската песна“, со цел тоа да послужи на идните генерации и на Република Македонија да се почитуваат и паметат успесите и постигнувањата  на сите полиња на македонските граѓани.

Илустрираното  монографско дело „55 години Есма со нејзината песна “ на авторот Славе Катин, издадена во 2015 година, на 410 стр страници, во издание на Издавачката куќа „Македонска искра“ и асоцијацијата „Кралицата Есма и Стево Теодосиевски“ од Скопје, а со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија е на македонски, англиски и ромски јазик. Рецензенти на делото се Васил Тупурковски и Јордан Плевнеш.

Тоа е дело за Есма Реџепова–Теодосиевска која беше најмаркантното музичко име на ромската, македонската, балканската и светската музичка фолк-сцена. Но, таа беше и жената која животот го посвети на хуманоста, човекољубието и добрината. Таа беше жената со божествен глас, почнувајќи од нејзиното прво музичко откривање на 11 март 1957 година, благодарение на ангелскиот глас во период од 55 години, стана светски прифатена, позната и призната како естраден уметник

1ste1234Есма со оркестарот „Теодосиевски“

Монографското дело со наслов „Есма“ е посветено на македонската музичка легенда и едно од најпознатите естрадни имиња кај нас  и во низа  земји на повеќе континенти – Есма Реџепова Теодосиевска. Тоа е дело за вистината на блескавата кариера, сублимат на животот, биографско-публицистички времеплов за 55-те години на сцената на оваа доблесна дама, истакнат уметник, потврден хуманист, донатор, и човекољубец. Монографијата е хронопис и веродостоен приказ за угледната музичка ѕвезда и патриот, вљубеник во својата татковина Република Македонија и нејзиниот животен сопатник, истакнатиот музички уметник Стево Теодосиевски.

Есма и нејзиниот сопруг Стево Теодосиевски, светски познатиот армоникаш одржале илјадници хуманитарни концерти за оние на кои им била потребна помош насекаде низ светот. Есма пеела за беспомошните во Индија, Мексико, Србија, Босна, Пакистан, Хрватска, Иран и други земји во светот, но најмногу во Македонија. Таа беше најголем промотор на ромската, особено на македонската музичка приказна насекаде низ светот. Затоа, Есма Реџепова -Теодосиевска не случајно, ја нарекуваат втора Мајка Тереза.

Во рецензијата за монографијата за Есма Резепова -Теодосиевска, заедничкиот пријател  Васил Тупурковски, меѓу другото,  ќе го нашише следното: „Навистина ми причинува големо задоволство и чест што сум рецензент на многу значајната монографија „Есма“ од Славе Николовски-Катин, автор кој ѝ е познат на македонската и меѓународната културна и научна јавност по бројните публикации, новинарски и научни трудови. 

Мојата рецензија, всушност, е прилог кон ова дело посветено на доблесниот естраден уметник, истакнат хуманист и докажан донатор Есма Реџепова-Теодосиевска, која, во исто време е мој голем пријател и соработник. Есма е име, кое е познато, признато, уважено и респектирано на многу полиња и децениски потврдено во музичкиот свет во Република Македонија и во светот.

Оваа значајна и по многу нешта единствена тријазична монографија од овој вид (на македонски, на англиски и на ромски јазик, а има текстови и на српски јазик) претставува осврт за ликот и делото на Есма Реџепова-Теодосиевска. Монографијата претставува сублимат за уметничкиот труд на благородната Ромка, сместен во еден биографско-публицистички времеплов кој е своевидна сага за нејзиното опстојување. Монографијата со сета скромност е лика и прилика за животот и делото на Есма и нејзиниот сопруг Стево Теодосиевски што ќе остане вечно да се сеќаваат генерациите

Вистината за Есма Реџепова–Теодосиевска е една необична, интересна и многу убава приказна, која е облагородена во оваа монографија и со авторовата имагинација, знаење и умеење, претставува убав пример за афирмација на македонската и ромската песна и за Република Македонија“,напиша Васил Тупурковски познат општестевик и културолог.

Во рецензијата за монографијата за Есма Реџепова, пак, нашиот пријател Јордан Плевнеш ќе го напише следното: „Мојата рецензија за делото Монографијата за Есма Реџепова, од авторот Славе Катин, големиот вљубеник во Македонија, македонскиот народ и во македонската дијаспора е истражувач на македонската духовна вертикала во меѓународни рамки, ќе ја започнам со моето обраќање во УНЕСКО, во Париз. 

1ste1235Куќата  на Есма и Стево 

Имено, кога пред целата интернационална асамблеа, по повод објавувањето на нејзиниот албум во „Хармонија Мунди“, реков дека Есма е, била и ќе биде, музичката митолошка слика на слоевите на уметничката сила на Македонија од антиката па сѐ до денес. 

Поради својата оригиналност и музичка виртуозност Есма е нарекувана „Кралица на ромската музика“ во светски рамки. Во 2010 година, претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, ја одликува оваа естрадна уметничка со „Орден за заслуги за Македонија“, за нејзината досегашна посветеност на музиката, како и за хуманите дела и филантропски активности. Исто така, Есма Реџепова-Теодосиевска е првата жена која во 2013 година, ја доби престижната титула „Национален уметник на Република Македонија“. Таа е трет добитник на ова највисоко државно признание, меѓу четворицата, Симон Трпчески, Милчо Манчевски и Борис Трајанов.

Оваа монографија ќе го ретрасира патот на нејзината возбудлива Одисеја и таа може да биде основа за еден документарен филм, по угледот на Вим Вендерс и Буена Виста Социал Клуб. Може да биде основа и за еден мјузикл, кој што би можел да се игра во Њујор, Њу Делхи, Пекинг, Токио, Москва и во сите европски метрополи. Може да биде основа и за театарска претстава, и за опера, бидејќи, сите жанри се слеваат во една митска река што се нарекува Есма Реџепова, таа извира во Макеоднија и се слева во светскиот бескрај на уметничката вечност“, напиша  Јордан Плевнеш, Ректор на Универзитетот за аудиовизуелни уметности – ЕСРА, Амбасадор на Македонија во УНЕСКО и драмски писател.

Со право се вели дека хуманоста и борбата за мир со песна и благородни дела е основна содржина и богатство на животот на Есма. Со порака за мир, Есма со Ансамблот „Теодосиевски“ престојуваше во многуте кризни подрачја во светот, зафатени со војни, природни катастрофи, епидемии, охрабрувајќи ги и духовно помагајќи им на луѓето да ја пребродат кризата. 

1ste1236 1ste1237Домот музел на Есма некогаш и сега

Инаку, македонската естрадна уметничка, Есма Реџепова-Теодосиевска е родена на 8 август 1943 година, во Скопје. Потекнува од сиромашно работничко семејство. Но, потеклото и историјата на нејзиното семејство е интересно, преселничко, составено од повеќе нации, космополитско, во кое царувале трите најважни светски религии: еврејската, муслиманската и православната. За жал, на 11 декември 2016 година, по кратко и тешко боледување на 73 годишна возраст почина „Кралицата на ромската музика“, македонскиот музички амбасадор во светот, Есма Реџепова – Теодосиевска.

Во дел од биографијата на Есма Реџепова -Теодосиевска, меѓу другото е запишано дека таа како естраден уметник одржала илјадници концерти насекаде во светот, околу шестотини композиции се трајно впишани на плочи касети и компакт-дискови, отпеани на 20 јазици; телевизијата – како еден од електронските медиуми и’ има отстапено многу часови; има добиено повеќе од 2.000 благодарници за хумано дело, затоа ја споредуваат со Мајка Тереза.

Таа е носител на златен и сребрен Титов медал за особени придонеси во културата во поранешна Југославија; добила златен медал за „Пејач на милениумот“, доделен во Москва во конкуренција на врвни пејачи од 83 земји; добитник е на наградите „13 Ноември“ и „20 Ноември“, освојувач е на наградата на УНИЦЕФ во Белград и носител на првиот пасош од Детската амбасада  во светот; два пати била кандидат за Нобеловата награда за мир зад чија кандидатура се потпишале повеќе од 50 невладини хуманитарни институции од татковината и ширум светот; носител е на титулата „Примадона на европската песна“ и „Кралица на ромската песна во светот“; добитник е на државната награда „Мајка Тереза“; добила „Орден за заслуги на Македонија“ и, исто така, добитник е на титулата „Национален уметник на Македонија“.

Во 2010 година „Кралицата на ромската музика’ и светски признатата естрадна уметница Есма Реџепова прими орден за заслуги од претседателот на Македонија Ѓорге Иванов за нејзината досегашна работа во музиката, но и за нејзините хумани дела и филантропски активности.По тој повод нејзината скромност ќе рече: „Ова високо признание не го добивам јас, туку го добиваат граѓаните на Македонија, затоа што секогаш сум присутна во нивните домови. Ова не е само признание за мене, туку признание на сите националности кои живеат во Македонија“.

Исто така, во оваа монографија за Есма Реџепова–Теодосиевска е забележано дека таа избра да живее на Кале, покрај Музејот на Гоце Делчев и Музејот на современата уметност. Куќата што таа и нејзиниот сопруг Стево Теодосиевски почнале да ја градат пред повеќе од дваесеттина година служеше и како стан во кој живееше Есма и како Дом на хуманоста „Куќа музеј на музиката на Есма и Стево Теодосиевски“.

Куќата целосно не е завршена, но таа е распоредена на четири нивоа. Освен дневната соба со трпезарија и кујна, како и спалните соби сместени еден кат погоре, кои претставуваа дом на „Кралицата на ромската песна“, според проектот на професор Димитрие Голубовски, се изградени уште еден голем дневен престој со поглед кон градот, како и изложбен музејски простор на приземјето со адекватни помошни простории.

По смртта на Есма, куќата треба да биде претворена во мавзолеј, а на приземјето ќе бидат изложени урните со пепелта на Стево (каде и сега се наоѓа) и на Есма. Во дворот, пак, ќе има малечок амфитеатар и ќе се уреди паркот на целата локација. Куќата и Музејот се предвидени да бидат заедно во еден објект, затоа што идејата на Есма беше по нејзината смрт луѓето да можат да видат сѐ што било поврзано со неа и со Стево Теодосиевски.

При една средба, за куќата и Музејот Есма ни изјави: „И Стево и јас сакавме луѓето да можат да дојдат и да видат како сме живееле и да разгледаат сѐ што на некој начин било поврзано со мојот и со животот на Стево“, велеше “Кралицата на ромската песна“. 

1ste1238Дел од оркестарот „Теодосиевски“ 

За Македонија, пак, таа често го повторуваше следното: „Сум се родила тука и тука ќе умрам. Го сакам македонскиот народ, оваа земја. Секогаш со гордост истакнувам од каде сум. По цел свет кажувам дека сум родена во Македонија, во која Ромите најмногу ги зачувале јазикот, традициите и обичаите на својата прататковина Индија. Дека имаме две ромски телевизии, радиостаници, свој застапник во парламентот, ромски градоначалник. Кога со Стево се вративме во Скопје, по триесет години живот во Белград, изгубивме многу пари, ама не жалам. Така одлучивме и никогаш не се покајавме. Дијдивме во Македонија“, велеше Есма.

1slave 3 Пишува: СЛАВЕ КАТИН 

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top