Македонски легенди

Илија Антевски – Смок

1smo1

1smo1 Илија Антевски – Смок

Илија Антевски – Смок (25. VII 1919 – 17. V 1943) е македонски комунист и учесник во Народноослободителната борба (НОБ). Бил инструктор на Окружниот комитет на КПЈ за делот на Македонија под италијанска окупација. Како политички комесар на Мавровскиот НОПО, бил заробен од балистите на 27 март 1943 година и спроведен во Тирана. По кратко сослушување бил осуден на смрт со бесење и казната била извршена во Тиранскиот затвор.

Илија Антевски е роден на 25 јули 1919 година во Тетово, во сиромашно печалбарско семејство. По завршувањето на основното и средно образование, работел во монополот во Тетово. Во 1939 година се запишал како вонреден студент на Правниот факултет во Белград.

Соочувајќи се секојдневно со неправдата се приклучил на работничкото движење. Во 1940 година Илија станал член на Сојузот на комунистичката младина на Југославија (СКОЈ), а во септември 1941 година станал член на Комунистичката партија на Југославија (КПЈ) и Месниот комитет (МК) на Тетово.

По априлската војна во 1941 година, нацистичка Германија ја окупира Југославија, а Македонија ја подели на бугарска и италијанска окупациона зона. Со својата активност Илија дал голем придонес во антифашистичката борба во италијанската окупациона зона.

Илија неуморно работел населението од Тетово и Тетовско активно да се вклучи во вооружената борба за слобода во текот на Втората светска војна Поради својата активност, во јуни 1942 година тој бил принуден да премине во илегала, а на почетокот на септември истата година заминал во партизани.

Илија се приклучил на Гостиварско-Мавровскиот Народносолободителе партизански одред (НОПО) „Кораб“, а потоа бил назначен за политички комесар на одредот и инструктор на Окружниот комитет на КПЈ за делот на Македонија под италијанска окупација.

Како политички комесар на Мавровскиот НОПО, Илија Антевски – Смок бил заробен со уште девет партизани од балистите по вооружениот судир на 27 март 1943 година кај Ново Село, Гостиварско. Прво бил затворен во Гостивар, каде бил мачен, а потоа бил спроведен од италијанските фашистички сили во Тирана.

По кратко сослушување Илија Антевски – Смок бил осуден на смрт со бесење и казната била извршена на 17 мај 1943 година во Тиранскиот затвор. Со него биле убиени уште пет македонски партизани кои биле заробени со него: Душко Поповиќ, Христо Оџаклиевски, Раде Угриновски, Драги Тодоровски и Трифко Андоновски. Истиот ден, Околискиот комитет на Комунистичката партија на Албанија за Тирана организирал масовни демонстрации на кои излегле илјадници жители на Тирана.

Најново од: Македонски легенди

Ибе Паликуќа – една од најмладите народни хероини од Македонија

Ибе Паликуќа (Дебар, 1927 – Шутово, Кичевско, 22 септември 1944) била учесничка во Народноослободителната војна во Македонија и една од најмладите жени од Македонија прогласени за народни херои на Југославија. Како борец и политички активист, својот живот го загубила на само 17-годишна возраст. Ибе Паликуќа е родена во 1927 година во Дебар, во албанско семејство. […]

Христофор Жефарович – првиот македонски хералдичар

Христофор Жефарович (околу 1690 – 18 септември 1753) бил зограф, иконописец, бакрорезец, калиграф, калуѓер, трговец и печатар од Македонија. Се смета за прв македонски хералдичар и еден од најбараните уметници на просторот од Солун до Пешта во XVIII век. Во 1741 година во Виена ја објавил книгата „Стематографија“, во која се претставени грбовите на повеќе […]

„Македонија ќе биде слободна!“ – Александар Турунџев (1872–1905)

Александар Турунџев е роден во 1872 година во селото Горно Врбени, Леринско, а се самоубил 30 август 1905 година во Битола. Македонски револуционер, илинденец и војвода, тој останал запаметен како еден од симболите на непокорот и саможртвата во борбата за слободна Македонија. „Македонија ќе биде слободна!“ –тоа биле последните зборови на Александар Турунџев пред неговото […]

Драган Богдановски – живот посветен на слободна и независна Македонија

На 18 септември 1929 година во селото Клечовце, Кумановско, е роден Драган Богдановски, починал на 31 мај 1998 година во Данска, на пат од Шведска кон Германија. Подоцна бил погребан во Куманово Драган Богдановски е еден од најистакнатите македонски политички емигранти по Втората светска војна, долгогодишен борец за македонската национална кауза, претседател на ДООМ и […]

Лилјана Чаловска – писателка, борец и учесничка на АСНОМ

Лилјана Чаловска (3 декември 1920, Софија – 20 јули 1997, Скопје) е македонска писателка, учесничка во Народноослободителната борба и општествено-политичка дејка. Била делегат на Првото заседание на АСНОМ и член на Претседателството на АСНОМ, а значајна трага оставила и во македонското новинарство и литература. Лилјана Чаловска е родена на 3 декември 1920 година во Софија, […]

Владислав Ковачев – Македонец до срж, а малку познат меѓу Македонците

„Пет минути од деноноќието ѝ посветувам на маченицата Македонија, за да се соочам со мојата македонска свест и да се уверам дека не е ништо она што досега сум го сторил за неа. Ја сакам Македонија повеќе од сè друго на светот.“ Кој бил Владислав Ковачев? Владислав (Славчо) Михаилов Ковачев е роден на 5 јануари […]

Оскар Давичо – писателот што со перо сведочеше за борбата на партизаните на Маркос

Оскар Давичо е роден на 18 јануари 1909 година во Шабац, во еврејско семејство, а починал на 30 септември 1989 година во Белград. Бил истакнат српски и југословенски писател, поет, есеист, преведувач, новинар, револуционер и учесник во антифашистичката борба. Оскар Давичо потекнувал од сефардско еврејско семејство. Детството го минал во Шабац, а образованието го продолжил […]

Васил Ивановски – истраен борец за македонската национална посебност

Васил Ивановски (18 октомври 1906 – 1991) е македонски национален деец, комунист, публицист и историограф. Во своите трудови ги користел и псевдонимите Динко Динков и Бистришки. Васил Ивановски е роден на 18 октомври 1906 година во костурското село Ловраде, во Егејскиот дел на Македонија, а починал во 1991 година во Софија. Во 1907–1908 година, во […]

To top