Култура и туризам

СИЛЈАН МИЦЕВСКИ – СТОПСТВЕНИК НА ГРАДЕЖНИОТ ГИГАНТ ,,ПЕЛИСТЕР” (18)

1smi1

1ara10

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СИЛЈАН МИЦЕВСКИ“ ОД АВТОРИТЕ СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН И ЃОРЃИ ЛУМБУРОВСКИ 

Според пишаните медиуми, денес Силјан Мицевски е еден од најмоќните бизнисмени во југозападниот дел на Република Македонија и најбогат во тој регион во бизнисот со ископ и градежништво. Затоа, според листата на најбогати фамилии во Македонија, тој е на дваесеттото место.

Во монографијата „Силјан Мицевски“ од Славе Николовски-Катин и Ѓорѓи Лумбуровски, која е подготвена од Издавачката куќа „Македонска искра“ од Скопје, во 2014 и во 2018 година, на 320 страници, на македонски јазик, меѓу другото се вели:

М-р Силјан Мицевски е првиот човек на градежното претпријатие „Пелистер“, а неговото семејство поседува близу 50 аптеки „Еурофарм“ низ цела Македонија. Поседува капитал и во повеќе компании низ Македонија што се занимаваат со градежништво. Инаку, важи за човек што со години помага во битолскиот спорт, културата, а им помогнал и на голем број битолчани.

Почетокот на работата на ГП ,,Пелистер” датира од 1968 година, кога работеше под името ,,Уметност”, занимавајќи се со градежно занаетчиство. Од 1977 година почнува да се занимава со покрупни зафати на градежни работи и тогаш се формира голема градежна оператива со фузирањето на четирите помали градски оперативи: ,,Млад ѕидар”, ,,Солидна работа”, градежниот погон на КИБ ,,Битола” и ,,Уметност”. Со константен подем и рапидно темпо на пораст, ГП ,,Пелистер” станува комплетен изведувач од проект, преку градба, па сî до предавање на објектот по принципот ,,клуч на рака”.

Денес ГП ,,Пелистер” има своја проектантска организација, центар за развој и АОП, комплетна градежна оператива, свои фабрики за бетон, сопствен машински и возен парк, столарски, молерофарбарски, армирачки погони, комплет занаетчиство за сите фази на објектот, а врши услуги и по пат на инженеринг. ГП ,,Пелистер” брои околу 1000 вработени, од кои 20% се високостручни кадри, 60% КВ и 20% НКВ работници.

Резултатите постигнати во последните две децениии не останаа незабележани од општествената заедница. ГП ,,Пелситер” е носител и добитник на низа признанија, награди и пофалници од општински и републички карактер. Земајќи ги предвид сите досегашни работни успеси, како и планот за перспективен развој, слободно може да се рече дека ГП ,,Пелистер” е способен да ги изврши најсложените и најодоговорните задачи од градежништвото.

ГП ,,Пелистер” изведува градежни, градежно-занаетчиски и инсталатерски работи на сите објекти од високоградба, нискоградба, хидроградба, реконструкција, санација и адаптација на постојни објекти во земјата и странство, било со сопствените капацитети или по пат на кооперација. Гради и продава станови за пазар и други видови објекти.

1ara101

Широк Сокак во Битола

Врши услуги по пат на инженеринг во земјата и странство, угостителство и трговија со градежни материјали на големо и мало. Организира и врши ископи и транспортни услуги со градежна механизација за потребите на градежната оператива и други нарачатели. Изготвува инвестиционо-техничка документација за сите видови на објекти, како станбени, индустриски, комунални и други и врши стручен надзор на изградбата и изведувањето на работите врз истите. Еве дел од широката градителска палета:

Стоковна куќа ,,Тетекс” – Битола; Стоковна куќа ,,Магнолија” – Битола; Кафе-слаткарница ,,Хамби” – Битола; Стопанска банка – Битола; Фрее схоп – Меџитлија; Трговски центар Б.Л.Р. – Битола; Мала сцена ,,Дом на културата” – Битола; Завод за здравствена заштита – Битола; Физикална терапија – базен – Битола; Управна зграда на ХМС „Стрежево“- Битола; СУЦ ,,Ѓуро Салај” – Битола; ОУ ,,Елпида Караманди” – Битола; Централна работилница ,,РЕК” – Битола; Фабрика за млеко – Битола; ,,Кип и автоматика” – ТЕ РЕК – Битола; Гаража за тешка механизација ,,РЕК” – Битола; Силоси ,,Жито Битола” – Битола; Магацин ,,Прехрана” – Битола; Пекара – Крушево; Дом за пензионери и стари лица – Битола; Детско одморалише – Пелистер; Спортско-рекреативен туристички центар – Нижо Поле; Станбена зграда – Софија; Факултет за журналистика – Софија; Микроакумулации ,,Југотутун” – Демир Хисар; Површински коп Рудник ,,РЕК” – Битола.

Инаку, емелите на Градежното претпријатие „Пелистер“ ги постави Синдикална организација на ,,Уметност” во заедница со Општинскиот синдикален сојуз во Битола (Синдикат на услужни дејности) покренала иницијатива за окрупнување на битолската градежна опретива и занатство во есента 1976 година. Големината на иницијативата до толку била позначајна што современите движења во стопанските структури во областа на градежништвото биле проследени со мошне брзиот развој на техниката, технологијата и воопшто сî повеќе го насочувала општественото организирање на трудот кон создавање крупни и моќни интеграции во целина.

Иницијативите се преточиле во конкретна реализација. Така, на 7 март 1977 година ,,малите градежници” се здружиле. Интеграцијата меѓу овие колективи била резултат на потребата од следење во чекор на интензивната станбена изградба (околу 100 станови годишно), на крупни зафати во областа на стопанството и нестопанството, односно севкупна реализација во оваа област.

Новата, интегрирана работна целина на здружен труд го добила името ,,Пелистер” и во почетокот броела околу 400 вработени, од кои 100 биле новопримени, а вкупниот приход на крајот на годината требало да изнесува околу 90 милиони динари, односно три пати повеќе од 1976 година.

Ако бројките имаат најголема сила на убедливост, тогаш значењето на оваа најнова битолска организација е мошне големо, а успехот на овој план му донела полна афирмација и на Синдикатот воопшто. Притоа, во Градежното претпријатие ,,Пелистер” биле формирани следниве голем број погони кои значат иднина на големата градежна фирма „Пелистер“.  

Крај

1slave 1 Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

Најнови вести

To top