Култура и туризам

Премиерата на операта „Цар Самуил“ – историски момент во македонската музичка култура

Меѓу најзначајните настани во историјата на македонската оперска уметност посебно место зазема премиерата на операта „Цар Самуил“ од композиторот Кирил Македонски, одржана на 5 ноември 1968 година на сцената на тогашниот Македонски народен театар во Скопје.

Историскиот плакат што е сочуван до денес претставува драгоцено сведоштво за едно време кога македонската музичка култура создаваше дела инспирирани од националната историја, традиција и колективна меморија.

Операта е компонирана врз либрето напишано од самиот Кирил Македонски и ја обработува трагичната судбина на цар Самуил, еден од најзначајните владетели во македонската средновековна историја.

Премиерната изведба ја диригирал Фимчо Муратовски, режијата била на Данчо Митровски, а во реализацијата учествувале истакнати уметници, солисти, хор и балетскиот ансамбл на Македонскиот народен театар. Со својата монументалност, драматичност и силен историски набој, делото веднаш го привлекло вниманието на публиката и критиката.

„Цар Самуил“ се вбројува меѓу капиталните достигнувања на македонското музичко творештво од втората половина на XX век. Преку богат музички јазик и впечатлива сценска драматургија, операта ја оживува епохата на Самуиловото царство и трагичните настани што оставиле длабока трага во историското паметење на македонскиот народ.

Кирил Македонски, како еден од темелниците на современата македонска музичка култура, со ова дело создаде трајна вредност која и денес претставува значаен дел од националното културно наследство. Неговата музика не е само уметнички израз, туку и сведоштво за стремежот историјата, традицијата и идентитетот да бидат преточени во висока уметност.

Затоа ваквите архивски плакати имаат далеку поголемо значење од обична театарска реклама. Тие се документи на едно време, сведоци на културниот развој и потсетник на генерациите уметници кои ја граделе македонската оперска сцена. Со нивното зачувување се чува и меморијата за делата што ја обликувале националната културна историја.

Во рамките на проектот „Прошетка низ МОБ“, ваквите вредни материјали повторно оживуваат пред јавноста, потсетувајќи нè на богатото наследство на македонската опера и на уметниците кои оставиле неизбришлива трага во културниот живот на Македонија.

Најново од: Култура и туризам

Велес во знакот на деветтата уметност: Најавена 8. Меѓународна стрип колонија со моќна балканска женска уметничка соработка

Велес во знакот на деветтата уметност: Најавена 8. Меѓународна стрип колонија со моќна балканска женска уметничка соработка ВЕЛЕС, 11 август 2026 година – Стрип центарот на Македонија – Велес официјално ја најавува претстојната, 8. Меѓународна стрип колонија „Велес 2026“, која ќе се одржи во периодот од 20 до 23 август 2026 година. Годинава, оваа престижна […]

Проф. д-р Марко КИТЕВСКИ: Макавеи – празник, календар и гатање за времето

Во богатата македонска народна традиција празниците не биле само денови посветени на светителите и на одделни настани од христијанската историја. Тие претставувале и важни временски меѓници според кои народот ги организирал секојдневниот живот, земјоделските работи и подготовките за претстојните годишни времиња. Такво значајно место во народниот календар имаат и Макавеите. Со овој празник се поврзани […]

Куново – гостиварското село што ја чува меморијата на Горен Полог

На околу единаесет километри од Гостивар, во ридско-планинскиот простор на Горен Полог, се наоѓа селото Куново. Подигнато на надморска височина од околу 960 метри, на десната страна од реката Лакавица, селото е сместено во југозападниот дел на Сува Гора. Некогаш било обиколено со густа шума и природно заштитено од околните возвишенија, подалеку од главните патишта […]

БЛАГОВЕСТА НА ПРИСНОДЕВА МАРИЈА И ВОВЕДУВАЊЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА ВО ХРАМОТ

ЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА ЗА МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ ВО СЛИВНИЦА ОД Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВСКА-АНТИЌ И СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ-КАТИН На денешен ден сите христијани го слават празникот на Благовештението. Ангелот божји и донел вест на дева Марија за брзото појавување на одамна очекуваниот Спасител. Да си спомни што благовествувал светиот Лука, кој подетално од другите евангелисти ги опишува […]

Брсјаци и Мијаци – двете најсочувани племиња на нашата територија, вечни ривали, но сепак најдобрите луѓе на овие простори

Две стари гранки на македонското стебло Мијаците и Брсјаците се меѓу најпознатите и најсамобитните етнографски заедници во Македонија. Низ вековите тие успеале да зачуваат значаен дел од своите говори, носии, обичаи, семејни преданија и посебниот начин на живеење. Називот „племиња“, кој често се употребува во постарите записи и во народното паметење, денес треба да се […]

Чалгијата – автентичниот музички израз на македонските градови

Создадена во допирот меѓу народниот мелос, византиското црковно пеење и различните музички традиции присутни во Македонија, чалгијата израснала во оригинален и препознатлив дел од македонското културно наследство. Зборот „чалгија“ буквално значи музика или свирка. Во македонската музичка традиција, меѓутоа, овој поим означува многу повеќе: посебен состав од музичари, со карактеристичен инструментариум, кој ги исполнувал староградските […]

Манастирот „Свети Димитрија“ во Велес

На околу два километра јужно од градот, во близина на излезот од Велес, се наоѓа познатиот велешки манастир посветен на Свети Димитрија. За неговото повеќевековно постоење сведочат податоците забележани од патописци, историчари и археолози. Се смета дека црквата била обновена и проширена во XIV век, врз темелите на постар и веројатно помал храм. Во тој […]

Се одржаа „Брајчинските средби“ посветени на Св. Петка

На 7 и 8 август, а по повод празникот Света Петка, во селото Брајчино, во Долна Преспа се одржаа триесет и вторите „Брајчински средби“. По тој повод, на 7 август, во манастирот „Св. Петка“, гостите добиваа манастирско гравче, а на 08 август ја  прославија  селската слава Св Петка, на која гостите ги забавуваше групата „Фонтара“ […]

To top