Македонски легенди

Никола Попфилипов

1pove125678

1pove125678

Никола Попфилипов (1932 – 1896) е црковен и просветен деец од Македонија. Составувал учебници, преведувал книги од црковнославјански и грчки на славјански јазик и ги дистрибуирал. Пишувал во весникот „Македонија“. Тој го изразил своето несогласување со воведувањето на некои пишани знаци во правописот (ъ; ь), што Бугарите го сметаат како најраниот забележан случај на македонскиот јазичен сепаратизам.

Никола Попфилипов – Македонецот е роден во 1832 година во Банско, тогаш во рамките на Отоманската империја. Тој е роднина на Неофит Рилски и првото образование го стекнал во ќелијното училиште во Рилскиот манастир. Потоа учел во грчко училиште во Мелник и во Копривштица кај Најден Геров.

Во средината на 19 век, Попфилипов по завршувањето на образованието работел како учител во многу населени места во Македонија и Бугарија. Тоа е време на преродбата, кога македонскиот и бугарскиот народ водат заедничка борба против Цариградската патријаршија и бараат создавање на славјански црковноучилишни општини. Тоа е период кога македонскиот народ бара да се возобнови Охридската архиепископија и кога Грците едноставно: „ не разликуваа славјански народности, сите славјани го велеа со презреното име „бугари”.

Попфилипов одржувал односи со Стефан Веркович и други познати дејци од тој период. Истовремено водел и информативни разговори за познати светски теми во Банско, Разлог и Неврокоп. Составувал учебници, преведувал книги од црковнославјански и грчки на славјански јазик и ги дистрибуирал. Пишувал во весникот „Македонија“.

Во сите училишта каде што предавал Попфилипов вовел метод на взаемно учење. Тој се борел против суеверија и верски заблуди и отворал курсеви за описменување на возрасни, но и составувал учебници кои според денешната бугарска наука биле на т.н. новобугарски јазик. Меѓутоа, учителот од Пиринска Македонија Никола Попфилипов самиот вели дека „бугарскиот“ (славјанскиот) јазик е „општ балкански јазик“. (Извор: весник „Maкедонiя”, Цариград, 6. Април, 1868 г.).).

1pove1256789

Во писмото од Калофер до Најден Геров од 6 декември 1848 година, во контекст на заедничката борба на македонскиоти бугарскиот народ, тој го изразува своето несогласување со воведувањето на некои пишани знаци во правописот (ъ; ь), истакнувајќи дека за Бугарите т.н. „ западна Бугарија никогаш нема да се согласи со тоа, кои се употребливи само во некои од нашите краеви.“ Ова писмо Бугарите го сметаат како најраниот забележан случај на македонскиот јазичен сепаратизам.

По Руско-турската војна, Попфилипов зел монашки завети и се преселил во Софија, каде што се населил. Починал во Софија во 1896 година.

Автор е на бројни дела на црковни и морални теми. Во текот на својот живот ги издал следните две книги. „Житието и страданието на св. великомаченица Екатерина. Преведено од славјански од св. Н. П, Филипов, поранешен учител Македонец“ Софија 1887 година и „Полезни сказни. Извлечение одь пролога и одь житията святиитъ, преведени од славјански на български одь свещеника Никола. П. Филипов, Македонецъ“ Софија, 1888 година.

(извор: https://www.strumski.com/books/Anton_PopStoilov_za_Nikola_PopFilipov.pdf) 

1Tihomir.jpg Подготвил:Т.К.

Најново од: Македонски легенди

Ибе Паликуќа – една од најмладите народни хероини од Македонија

Ибе Паликуќа (Дебар, 1927 – Шутово, Кичевско, 22 септември 1944) била учесничка во Народноослободителната војна во Македонија и една од најмладите жени од Македонија прогласени за народни херои на Југославија. Како борец и политички активист, својот живот го загубила на само 17-годишна возраст. Ибе Паликуќа е родена во 1927 година во Дебар, во албанско семејство. […]

Христофор Жефарович – првиот македонски хералдичар

Христофор Жефарович (околу 1690 – 18 септември 1753) бил зограф, иконописец, бакрорезец, калиграф, калуѓер, трговец и печатар од Македонија. Се смета за прв македонски хералдичар и еден од најбараните уметници на просторот од Солун до Пешта во XVIII век. Во 1741 година во Виена ја објавил книгата „Стематографија“, во која се претставени грбовите на повеќе […]

„Македонија ќе биде слободна!“ – Александар Турунџев (1872–1905)

Александар Турунџев е роден во 1872 година во селото Горно Врбени, Леринско, а се самоубил 30 август 1905 година во Битола. Македонски револуционер, илинденец и војвода, тој останал запаметен како еден од симболите на непокорот и саможртвата во борбата за слободна Македонија. „Македонија ќе биде слободна!“ –тоа биле последните зборови на Александар Турунџев пред неговото […]

Драган Богдановски – живот посветен на слободна и независна Македонија

На 18 септември 1929 година во селото Клечовце, Кумановско, е роден Драган Богдановски, починал на 31 мај 1998 година во Данска, на пат од Шведска кон Германија. Подоцна бил погребан во Куманово Драган Богдановски е еден од најистакнатите македонски политички емигранти по Втората светска војна, долгогодишен борец за македонската национална кауза, претседател на ДООМ и […]

Лилјана Чаловска – писателка, борец и учесничка на АСНОМ

Лилјана Чаловска (3 декември 1920, Софија – 20 јули 1997, Скопје) е македонска писателка, учесничка во Народноослободителната борба и општествено-политичка дејка. Била делегат на Првото заседание на АСНОМ и член на Претседателството на АСНОМ, а значајна трага оставила и во македонското новинарство и литература. Лилјана Чаловска е родена на 3 декември 1920 година во Софија, […]

Владислав Ковачев – Македонец до срж, а малку познат меѓу Македонците

„Пет минути од деноноќието ѝ посветувам на маченицата Македонија, за да се соочам со мојата македонска свест и да се уверам дека не е ништо она што досега сум го сторил за неа. Ја сакам Македонија повеќе од сè друго на светот.“ Кој бил Владислав Ковачев? Владислав (Славчо) Михаилов Ковачев е роден на 5 јануари […]

Оскар Давичо – писателот што со перо сведочеше за борбата на партизаните на Маркос

Оскар Давичо е роден на 18 јануари 1909 година во Шабац, во еврејско семејство, а починал на 30 септември 1989 година во Белград. Бил истакнат српски и југословенски писател, поет, есеист, преведувач, новинар, револуционер и учесник во антифашистичката борба. Оскар Давичо потекнувал од сефардско еврејско семејство. Детството го минал во Шабац, а образованието го продолжил […]

Васил Ивановски – истраен борец за македонската национална посебност

Васил Ивановски (18 октомври 1906 – 1991) е македонски национален деец, комунист, публицист и историограф. Во своите трудови ги користел и псевдонимите Динко Динков и Бистришки. Васил Ивановски е роден на 18 октомври 1906 година во костурското село Ловраде, во Егејскиот дел на Македонија, а починал во 1991 година во Софија. Во 1907–1908 година, во […]

To top