Македонски легенди

Тодор Павлов

1harm09012367890

1harm09012367890

Тодор Д. Павлов (14.II 1890 – 8. V 1977)  е бугарски комунист, политичар, новинар и академик, со потекло од Македонија. Тој е еден од тројцата регенти на Бугарија (9 септември 1944 – 15 септември 1946 година). Од 1957 година бил член на  ЦК на БКП, потоа од 1966 година член на Политбирото, а во периодот од 1947 до 1954 и 1962 до 1971 година бил двапати член на Президиумот на народното собрание.  Претседател на Бугарската академија на науките (БАН) бил во периодот од 1949 до 1952 и од 1961 до 1971 година. Исто така  бил  почесен претседател на бугарските писатели. По повод испраќањето на посмртните останки на Гоце Делчев за Народна Репѕблика Македонија оддржал свечен говор во Народниот театар на Софија.

Тодор Павлов е роден на 14 февруари 1890 година во Штип, во семејството на учителот Димитар Павлов Грозданов. Во 1914 година дипломирал филозофија и педагогија на Софискиот универзитет, по што предавал како учител во Казанлак (1914-1919), Лом, Ихтиман и Бела црква.

Во 1919 година станал член на БКП. Во 1922-1923 година бил главен уредник на прокомунистичкиот весник „Младеж“. Во летото 1923 година бил уапсен, но подоцна ослободен. Во 1924 година, по забраната на БКП, тој како член на Централниот комитет на веќе илегалната Комунистичка партија, бил избран да раководи со новоформираната легална Партија на трудот.

По атентатот црквата „Света Недела“ на 16 април 1925 година, Тодор бил уапсен и осуден на 12 години затвор. Во 1929 година бил амнестиран и ослободен.

Во 1932 година емигрирал во СССР и станал професор по дијалектички материјализам на Институтот за црвениот професор во Москва. Во 1936 година се враќа во Бугарија и се посветува на публицистичка дејност.

Во периодот 1941-1943 година бил интерниран во концентрациони логори.

На 9 септември 1944 година, со одлука на НК на Отечествениот фронт и декрет на владата е назначен за регент на Царството Бугарија. Како регент, тој ги користи сите права што се застапуваат во Уставот на Трново, вклучувајќи го и назначувањето и разрешувањето на високиот команден штаб на армијата.

Роден во Македонија, но порастен во Бугарија, Павлов бил воспитан во духот на идеите на Димитар Благоев, Гоце Делчев и Георги Димитров, та затоа ја следел секогаш со најжив интерес славната борба на македонскиот народ за ослободување. На прашањето за неговиот личен однос како и на односот на бугарскиот народ кон ослободителното движење на македонскиот народ и кон новата Македонска држава, г. регентот Тодор Павлов ќе одговори:  

„ … По долги, упорни и крвави борби, македонскиот народ најпосле му покажа на 2 август о.г. на целиот свет, дека правото за самоопределување на народите не се дава, а се извојувува. На денот на историскиот Илинден, во древниот манастир „Прохор Пчински”, верните синови на беспримерно истраданиот и херојски македонски народ ги поставија гранитните темели на слободната Македонска држава, која влегува како рамноправен член во новата демократска федерална Југославија.

Се разбира дека македонскиот народ наполно ќе ми поверува ако му кажам, дека неговата радост поради неговата голема победа и оправданите негови надежи за блескава иднина на неговата нова држава ги дели најискрено и братскиот бугарски народ.“ (извадок од „Работническо дело”,  21. X. 1944 год)

Во јануари 1945 година Тодор Павлов бил избран за почесен претседател на Македонскиот научен институт заедно со Димитар Влахов. Учествувал во пишувањето на „Македонска мисла“ и ги бранел пројугословенските и промакедонските идеи.

По повод пренесувањето на коските на Гоце Делчев во Народна Република Македонија на 7 октомври 1946 година, тој одржал говор во Народниот театар во Софија. Во својот говор, тој меѓудеугото ќе каже:

„За Гоце, како стратег, треба да се забележи пред сè дека тој најдоследно и најупорно се бори како против турската феудалната економска и политичка тиранија и доминација, така и против велико-бугарскиот и сите видови и степени на врховизам, и особено против сите обиди на бугарската монархизмот да го искористи македонското национално-револуционерно движење за свои реакционерни, династични и класни цели со тоа што ќе го впрегне во колата на германската империјалистичка политика „драг нах остен“ и ќе го противстави на рускиот и другите словенски народи. Во овој поглед, заслугите на Гоце се навистина историски и ја задржуваат нивната важност до дешен ден. Гоце, без никогаш да се откаже во принцип од секаква помош од надвор, недвосмислено и не еднаш се беше изјаснил против илузиите за ослободување на Македонија преку надворешно мешање, било од соседните балкански држави, било од некои големи европски империјалистички сили. Цврсто, доследно, упорно стоеше на гледиштето дека ослободувањето на Македонија и Балканот од секое феудално или империјалистичко влијание е дело на македонскиот и на самите балкански народи. А особено за ослободувањето на Македонија, тој сметаше, длабоко убеден дека нејзиното ослободување може да дојде само преку сериозна подготовка и подигање на сенародно вооружено востание..“

Во 1945 година Тодор Павлов бил избран за академик. Во периодот 1946-1948 година бил професор на Софискиот универзитет и бил пратеник од 1946 до 1976 година. Член на ЦК на БКП бил од 1957 до 1977 година, потоа член на Политбирото на ЦК на БКП од 1966 до 1976 година и двапати член на Президиумот на Народното собрание (1947-1954 и 1962-1971 год.).

Павлов бил претседател на Бугарската академија на науките во периодот 1947-1962 година, директор на Институтот за филозофија на Бугарската академија на науките (1949-1952 и 1960-1977), почесен претседател на Сојузот на бугарските писатели. Двапати бил „Херој на социјалистичкиот труд“ (Уредба бр. 60 од 13 февруари 1960 година и декрет бр. 100 од 13 февруари 1965 година) и еднаш „Херој на Народна Република Бугарија“ (1970 година). Добитник е на наградата Димитров (1950), има пет ордени „Георги Димитров“ (1956, 1959, 1960, 1965 година), два ордени „Ленин“ (1964, 1970) и златен медал „Карл Маркс“.

Тодор Д. Павлов  починал на 8 мај 1977 година во Софија, Народна Република Бугарија

1Tihomir Подготвил: T.K.

Најново од: Македонски легенди

Ибе Паликуќа – една од најмладите народни хероини од Македонија

Ибе Паликуќа (Дебар, 1927 – Шутово, Кичевско, 22 септември 1944) била учесничка во Народноослободителната војна во Македонија и една од најмладите жени од Македонија прогласени за народни херои на Југославија. Како борец и политички активист, својот живот го загубила на само 17-годишна возраст. Ибе Паликуќа е родена во 1927 година во Дебар, во албанско семејство. […]

Христофор Жефарович – првиот македонски хералдичар

Христофор Жефарович (околу 1690 – 18 септември 1753) бил зограф, иконописец, бакрорезец, калиграф, калуѓер, трговец и печатар од Македонија. Се смета за прв македонски хералдичар и еден од најбараните уметници на просторот од Солун до Пешта во XVIII век. Во 1741 година во Виена ја објавил книгата „Стематографија“, во која се претставени грбовите на повеќе […]

„Македонија ќе биде слободна!“ – Александар Турунџев (1872–1905)

Александар Турунџев е роден во 1872 година во селото Горно Врбени, Леринско, а се самоубил 30 август 1905 година во Битола. Македонски револуционер, илинденец и војвода, тој останал запаметен како еден од симболите на непокорот и саможртвата во борбата за слободна Македонија. „Македонија ќе биде слободна!“ –тоа биле последните зборови на Александар Турунџев пред неговото […]

Драган Богдановски – живот посветен на слободна и независна Македонија

На 18 септември 1929 година во селото Клечовце, Кумановско, е роден Драган Богдановски, починал на 31 мај 1998 година во Данска, на пат од Шведска кон Германија. Подоцна бил погребан во Куманово Драган Богдановски е еден од најистакнатите македонски политички емигранти по Втората светска војна, долгогодишен борец за македонската национална кауза, претседател на ДООМ и […]

Лилјана Чаловска – писателка, борец и учесничка на АСНОМ

Лилјана Чаловска (3 декември 1920, Софија – 20 јули 1997, Скопје) е македонска писателка, учесничка во Народноослободителната борба и општествено-политичка дејка. Била делегат на Првото заседание на АСНОМ и член на Претседателството на АСНОМ, а значајна трага оставила и во македонското новинарство и литература. Лилјана Чаловска е родена на 3 декември 1920 година во Софија, […]

Владислав Ковачев – Македонец до срж, а малку познат меѓу Македонците

„Пет минути од деноноќието ѝ посветувам на маченицата Македонија, за да се соочам со мојата македонска свест и да се уверам дека не е ништо она што досега сум го сторил за неа. Ја сакам Македонија повеќе од сè друго на светот.“ Кој бил Владислав Ковачев? Владислав (Славчо) Михаилов Ковачев е роден на 5 јануари […]

Оскар Давичо – писателот што со перо сведочеше за борбата на партизаните на Маркос

Оскар Давичо е роден на 18 јануари 1909 година во Шабац, во еврејско семејство, а починал на 30 септември 1989 година во Белград. Бил истакнат српски и југословенски писател, поет, есеист, преведувач, новинар, револуционер и учесник во антифашистичката борба. Оскар Давичо потекнувал од сефардско еврејско семејство. Детството го минал во Шабац, а образованието го продолжил […]

Васил Ивановски – истраен борец за македонската национална посебност

Васил Ивановски (18 октомври 1906 – 1991) е македонски национален деец, комунист, публицист и историограф. Во своите трудови ги користел и псевдонимите Динко Динков и Бистришки. Васил Ивановски е роден на 18 октомври 1906 година во костурското село Ловраде, во Егејскиот дел на Македонија, а починал во 1991 година во Софија. Во 1907–1908 година, во […]

To top