Македонски легенди

Георге Џика

1cari1

1cari1

Георге Џика (1600 – 2 XI 1664) бил војвода од Молдавија (1658 – 1659) и од Влашко (1659 – 1660). Тој е основач на семејството Џика, со потекло од Македонија, кое ќе одигра значајна улога во историјата на Влашко и Молдавија, а подоцна и во Кралството Романија, во 17 и 19 век. Семејството Џика произведе многу војводи на Влашка и Молдавија и двајца премиери на Романија. Неколку гранки на семејството постојат и денес.  Основачот на династијата Џика, Георге, бил испратен за амбасадор во Високата порта во Цариград, каде што се зближил со големиот везир Ќуприли Мехмед-паша. Со негова помош станал војвода и за време на неговото владеење, Џика го преселил главниот град на Влашко од Трговиште во Букурешт.

Георге Џика (Гика) е роден околу 1600 година во македонскиот град Велес во влашко семејство, за кое се мисли дека потекнува од Загора, во регионот на Јанина. (Во средината на XVI век во Велес, турски Ќупурли, живееле 214 христијански и 35 муслимански семејства).

Георги како млад му помагал на својот татко Матеј во трговијата. Подоцна семејството се преселило во Молдавија. Собирајќи солидно богатство, Џика бил прифатен во богатите кругови. Во времето на Василиј Лупу, војвода на Молдавија, чије семејство потекнувало од Епир, Грегорие Џика бил донесен на дворот, а подоцна бил испратен како амбасадор во Високата порта во Цариград, каде што се зближил со големиот везир Ќуприли Мехмед-паша.

Георги Стефан, наследникот на Лупу, го задржал како агент и за да го удостои за функцијата, му ја дал својата внука за жена на неговиот син. Меѓутоа, во март 1658 година, со помош на неговите влијателни пријатели во Отоманската империја, Џика бил назначен за војвода на Молдавија на местото на отстранетиот Георги Стефан.

Всушност, Георге Џика (војвода на Молдавија (1658–59), војвода на Влашка (1659-1660)), неговиот син Григоре (војвода на Влашка, 1660–64) и синот на Василе Лупу, молдавскиот господар Стефаница Лупу  (1659-1661) сите беа назначени од Ќуприли Мехмед-паша, кој сакал преку нив да ја зацврсти позицијата во тој регион.

Доаѓајќи на власт, Џика влегол во сојуз со трансилванскиот принц Ѓорѓе II Ракоци (George II Rákóczi),. Но, тоа не му помогнало да се справи со Константин Штербан Басараб, кој ја загубил власта во Влашко, преминал во Молдавија и успеал да ја преземе власта таму, протерувајќи го Џика. За да го отстрани својот ривал, Џика за возврат ги ангажирал Кримските Татари и ја вратил власта.

Во декември 1659 година, Турците, со помош на платеничките татарски трупи, го поразиле резбунтуваниот влашки принц Михња III, кој барал спас во Трансилванија. Високата порта му го доделила владеењето на Влашка на Георге Џика, но тој ја задржал власта само до 1 септември 1660 година, бидејќи не успеал да најде поддршка меѓу болјарите.

Во истиот месец, Георге го абдицирал своето владеењето во корист на неговиот син Григоре I Џика, кој бил на чело на вазалското кнежество во следните четири години до 1664 година.

За време на неговото владеење, Георге Џика го преселил главниот град на Влашка од Тарговиште во Букурешт.

Од Георге Џика потекнуваат бројни гранки на семејството кои станале забележителни во историјата на Молдавија и Влашка, а подоцна и во Кралството Романија, во 17 и 19 век. Семејството Џика произведе многу војводи на Влашка и Молдавија и двајца премиери на Романија. Неколку гранки на семејството постојат и денес. 

Георге Џика починал на 2 ноември 1664 година во Цариград.

Т.К

Најново од: Македонски легенди

Ибе Паликуќа – една од најмладите народни хероини од Македонија

Ибе Паликуќа (Дебар, 1927 – Шутово, Кичевско, 22 септември 1944) била учесничка во Народноослободителната војна во Македонија и една од најмладите жени од Македонија прогласени за народни херои на Југославија. Како борец и политички активист, својот живот го загубила на само 17-годишна возраст. Ибе Паликуќа е родена во 1927 година во Дебар, во албанско семејство. […]

Христофор Жефарович – првиот македонски хералдичар

Христофор Жефарович (околу 1690 – 18 септември 1753) бил зограф, иконописец, бакрорезец, калиграф, калуѓер, трговец и печатар од Македонија. Се смета за прв македонски хералдичар и еден од најбараните уметници на просторот од Солун до Пешта во XVIII век. Во 1741 година во Виена ја објавил книгата „Стематографија“, во која се претставени грбовите на повеќе […]

„Македонија ќе биде слободна!“ – Александар Турунџев (1872–1905)

Александар Турунџев е роден во 1872 година во селото Горно Врбени, Леринско, а се самоубил 30 август 1905 година во Битола. Македонски револуционер, илинденец и војвода, тој останал запаметен како еден од симболите на непокорот и саможртвата во борбата за слободна Македонија. „Македонија ќе биде слободна!“ –тоа биле последните зборови на Александар Турунџев пред неговото […]

Драган Богдановски – живот посветен на слободна и независна Македонија

На 18 септември 1929 година во селото Клечовце, Кумановско, е роден Драган Богдановски, починал на 31 мај 1998 година во Данска, на пат од Шведска кон Германија. Подоцна бил погребан во Куманово Драган Богдановски е еден од најистакнатите македонски политички емигранти по Втората светска војна, долгогодишен борец за македонската национална кауза, претседател на ДООМ и […]

Лилјана Чаловска – писателка, борец и учесничка на АСНОМ

Лилјана Чаловска (3 декември 1920, Софија – 20 јули 1997, Скопје) е македонска писателка, учесничка во Народноослободителната борба и општествено-политичка дејка. Била делегат на Првото заседание на АСНОМ и член на Претседателството на АСНОМ, а значајна трага оставила и во македонското новинарство и литература. Лилјана Чаловска е родена на 3 декември 1920 година во Софија, […]

Владислав Ковачев – Македонец до срж, а малку познат меѓу Македонците

„Пет минути од деноноќието ѝ посветувам на маченицата Македонија, за да се соочам со мојата македонска свест и да се уверам дека не е ништо она што досега сум го сторил за неа. Ја сакам Македонија повеќе од сè друго на светот.“ Кој бил Владислав Ковачев? Владислав (Славчо) Михаилов Ковачев е роден на 5 јануари […]

Оскар Давичо – писателот што со перо сведочеше за борбата на партизаните на Маркос

Оскар Давичо е роден на 18 јануари 1909 година во Шабац, во еврејско семејство, а починал на 30 септември 1989 година во Белград. Бил истакнат српски и југословенски писател, поет, есеист, преведувач, новинар, револуционер и учесник во антифашистичката борба. Оскар Давичо потекнувал од сефардско еврејско семејство. Детството го минал во Шабац, а образованието го продолжил […]

Васил Ивановски – истраен борец за македонската национална посебност

Васил Ивановски (18 октомври 1906 – 1991) е македонски национален деец, комунист, публицист и историограф. Во своите трудови ги користел и псевдонимите Динко Динков и Бистришки. Васил Ивановски е роден на 18 октомври 1906 година во костурското село Ловраде, во Егејскиот дел на Македонија, а починал во 1991 година во Софија. Во 1907–1908 година, во […]

To top