Македонски легенди

Лазар Попстефанов

1gre19991234555

1gre19991234555

Лазар Попстефанов (1897 – 1941) е македонски комунистички револуционер и офицер, полковник во Црвената армија. Учествувал во Првата светска војна (1916 – 1918) и во Септемвриското востание (1923). Емигрирал во Кралството на СХС, каде што го завршил Правниот факултет. Потоа заминал во Советскиот Сојуз и во Москва ја завршил Воената академија „Фрундзе“. При нападот на нацистичка Германија на Советскиот Сојуз бил началник на штабот на дивизија. Загинал на фронтот.

Лазар Иванов Попстефанов е роден на 17 април 1897 година во разлошкото село Банско, Пиринска Македонија, тогаш во Отоманската империја. Тој е син на Иван и Катарина Попстефанови. Се образувал во Банско, Солун, Самоков. Во 1916 година завршил гимназија во Ќустендил, а потоа учествувал во Првата светска војна (1916 – 1918).

Стефанов е еден од основачите на Здружението на млади комунисти во Банско. Во 1923 година му помагал на македонскиот револуционер и бугарски политичар, деец на ВМРО (об) и Бугарската комунистичка партија, Владимир Поптомов, кој за време на Септемвриско востание, раководел во реонот на Разлог. За време на Септемвриското востание Стефанов командувал со групата која ја нападнала касарната во Мехомија (Разлог).

По задушувањето на бунтот, Лазар Попстефанов успеал да побегне во Кралството на Србите, Хрватите и Словенците (СХС). Во негово отсуство, тој бил осуден на смрт во Бугарија.

По доаѓањето во СХС, Лазар продолжил со своето образование и дипломирал на Правниот факултет. Подоцна зтој аминал во СССР, каде продолжил со својата наобразба. Во 1932 година дипломирал на Воената академија „Михаил В. Фрунзе “.

По завршувањето на Воената академија, тој имал различни функции во Црвената армија. За време на нападот на нацистичка Германија на Советскиот Сојуз бил началник на штабот на дивизија.

Лазар Попстефанов загинал на Источниот фронт во 1941 година.

Подготвил Т.К.

Најново од: Македонски легенди

Ибе Паликуќа – една од најмладите народни хероини од Македонија

Ибе Паликуќа (Дебар, 1927 – Шутово, Кичевско, 22 септември 1944) била учесничка во Народноослободителната војна во Македонија и една од најмладите жени од Македонија прогласени за народни херои на Југославија. Како борец и политички активист, својот живот го загубила на само 17-годишна возраст. Ибе Паликуќа е родена во 1927 година во Дебар, во албанско семејство. […]

Христофор Жефарович – првиот македонски хералдичар

Христофор Жефарович (околу 1690 – 18 септември 1753) бил зограф, иконописец, бакрорезец, калиграф, калуѓер, трговец и печатар од Македонија. Се смета за прв македонски хералдичар и еден од најбараните уметници на просторот од Солун до Пешта во XVIII век. Во 1741 година во Виена ја објавил книгата „Стематографија“, во која се претставени грбовите на повеќе […]

„Македонија ќе биде слободна!“ – Александар Турунџев (1872–1905)

Александар Турунџев е роден во 1872 година во селото Горно Врбени, Леринско, а се самоубил 30 август 1905 година во Битола. Македонски револуционер, илинденец и војвода, тој останал запаметен како еден од симболите на непокорот и саможртвата во борбата за слободна Македонија. „Македонија ќе биде слободна!“ –тоа биле последните зборови на Александар Турунџев пред неговото […]

Драган Богдановски – живот посветен на слободна и независна Македонија

На 18 септември 1929 година во селото Клечовце, Кумановско, е роден Драган Богдановски, починал на 31 мај 1998 година во Данска, на пат од Шведска кон Германија. Подоцна бил погребан во Куманово Драган Богдановски е еден од најистакнатите македонски политички емигранти по Втората светска војна, долгогодишен борец за македонската национална кауза, претседател на ДООМ и […]

Лилјана Чаловска – писателка, борец и учесничка на АСНОМ

Лилјана Чаловска (3 декември 1920, Софија – 20 јули 1997, Скопје) е македонска писателка, учесничка во Народноослободителната борба и општествено-политичка дејка. Била делегат на Првото заседание на АСНОМ и член на Претседателството на АСНОМ, а значајна трага оставила и во македонското новинарство и литература. Лилјана Чаловска е родена на 3 декември 1920 година во Софија, […]

Владислав Ковачев – Македонец до срж, а малку познат меѓу Македонците

„Пет минути од деноноќието ѝ посветувам на маченицата Македонија, за да се соочам со мојата македонска свест и да се уверам дека не е ништо она што досега сум го сторил за неа. Ја сакам Македонија повеќе од сè друго на светот.“ Кој бил Владислав Ковачев? Владислав (Славчо) Михаилов Ковачев е роден на 5 јануари […]

Оскар Давичо – писателот што со перо сведочеше за борбата на партизаните на Маркос

Оскар Давичо е роден на 18 јануари 1909 година во Шабац, во еврејско семејство, а починал на 30 септември 1989 година во Белград. Бил истакнат српски и југословенски писател, поет, есеист, преведувач, новинар, револуционер и учесник во антифашистичката борба. Оскар Давичо потекнувал од сефардско еврејско семејство. Детството го минал во Шабац, а образованието го продолжил […]

Васил Ивановски – истраен борец за македонската национална посебност

Васил Ивановски (18 октомври 1906 – 1991) е македонски национален деец, комунист, публицист и историограф. Во своите трудови ги користел и псевдонимите Динко Динков и Бистришки. Васил Ивановски е роден на 18 октомври 1906 година во костурското село Ловраде, во Егејскиот дел на Македонија, а починал во 1991 година во Софија. Во 1907–1908 година, во […]

To top